fbpx
Таг: Брексит

таг: Брексит

ЕУ и Обединетото Кралство постигнаа договор за трговска соработка по Брекситот

По интензивни преговори, Обединетото кралство и Европската Комисија (ЕК) денеска, ден пред католички Божик, постигнаа договор однесува на идната трговска соработка со Европската Унија пред крајот на транзицискиот период и официјалниот излез на Британија од ЕУ на крајот на декември. Веста на прес-конференција во Брисел ја објавија Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен и Главниот преговарач на ЕК, Мишел...

Џонсон: Ја преминавме целната линија за Брекситот

Британскиот парламент вчера го усвои ЕУ-законот односно легислативата што го овозможува излегувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија. Премиерот Борис Џонсон претпоследниот потег од официјализирањето на раздружувањето на земјата од европското семејство го поздрави со зборовите „Ја преминавме целната линија за Брекситот“. Документот кој беше усвоен синоќа ќе стане закон откако ќе го потпише кралицата Елизабета, што се очекува да...

Британскиот Парламент суспендиран на пет недели

Парламентот на Велика Британија е суспендиран рано утрово за пет недели, до 14 октомври – само две недели пред закажаниот датум за Брегзит, на 31 октомври. Пратениците го отфрлија предлогот за одржување предвремени избори, за кои се залагаше премиерот Борис Џонсон. Опозицијата го обвинува премиерот дека се обидува да ги спречи парламентарците да го разгледаат неговиот план за Брегзит. Предлог-законот со кој...

ЕУ одобри одложување на брекситот до 22 мај

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ синоќа во Брисел постигнаа договор излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, односно брекситот, да биде поместен од 29 март на 22 мај. Тоа ќе се случи само ако британскиот парламент исто така го прифати овој договор кој треба да го брани премиерката Тереза Меј, . Британските пратеници веќе двапати ја отфрлија спогодбата што...

Меј го преживеа гласањето недоверба во парламентот

Британската премиерка Тереза Меј синоќа доби доверба за продолжување на мандатот од пратениците  во британскиот парламент, еден ден откако нејзиниот договор за Брегзит претрпи тежок пораз. Владата на Меј доби 325 гласови, наспроти 306 кои беа против. По овој крупен чекор, Меј ќе разговара со сите парламентарни партии во обид да се изнајде решение за проблемот. Излегувањето на Велика Британија од ЕУ,...

По пропаѓањето на договорот со ЕУ за Брексит, денеска се гласа доверба на владата на Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј денеска се соочува со гласање доверба во Парламентот по синоќешниот пораз на нејзиниот предлог за Брексит, односно договорот со ЕУ за регулирање на меѓусебните однос по излегувањето на Велика Британија од европската заедница. Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за истапувањето на Велика Британија...

Преговорите со НАТО почнуваат на 18 октомври

Владата на својата 93-та седница вчера ја усвоила Информацијата за елементите од пристапните разговори за членство во НАТО, кои ќе почнат на 18 и 19 октомври во седиштето на Алијансата во Брисел. Била усвоена и Информацијата за формирање Работен комитет за интеграција во НАТО, кој ќе ги води пристапните разговори. Министрите на седницата ја усвоиле и Информацијата за подготовка на...

Борис Џонсон поднесе оставка

Борис Џонсон денеска даде оставка од функцијата министер за надворешни работи на Велика Британија, а премиерката Тереза Меј му ја прифати. Џонсон е вториот министер што денеска ѝ откажа верност на Меј – утрово министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, исто така поднесе оставка. Заминувањето на Џонсон беше соопштено непосредно обраќањето на Меј пред Парламентот за нејзиниот нов план за Брегзит што...

„Ербас“ се закани дека ќе го напушти производството во Велика Британија

Европскиот произведувач на авиони „Ербас“ се закани дека ќе ја напушти Велика Британија доколку таа се одвои од Европска унија без постигнат договор за идните трговски односи. Компанијата која вработува 14.000 луѓе на 25 локации во Велика Британија соопшти дека ќе ги преиспита своите инвестиции во Велика Британија, како и својот иден престој во земјата доколку не биде постигнат трговски...

ЕУ и Велика Британија постигнаа преоден договор за Брексит

Европската унија и Велика Британија постигнале преоден договор за Брексит кој ќе важи до 31 декември 2020 година, извести во Брисел главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние. Со договорот биле прецизирани детали за правата на граѓаните, но и за финансиски прашања. Како што изјавил Барние, проблемот со границите со Ирска останал нерешен. Барние додал дека станува збор за значаен исчекор, но сепак...

Mej: Граѓаните на ЕУ нема да ги имаат истите права во Велика Британија по Брексит

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека, граѓаните на Европска унија кои ќе дојдат во Велика Британија за време на транзицискиот период по Брексит, нема да ги имаат истите права за да останат во таа земја, како претходно, додека земјата беше членка на ЕУ. Меј, која се наоѓа во посета на Кина, изјави дека ќе бори против предлогот, граѓаните на ЕУ...

ЕУ и нуди на Британија „транзициски статус-кво“ без право на глас

Европската Унија денеска се одлучи да и понуди на Велика Британија 21-месечен транзиционен период по Брексит, односно по излегување на земјата од Унијата, за време на кој ќе се задржи „статус-кво“ во нејзиното членство, но без можност за гласање. На министрите на ЕУ им требаа две минyти сите да го поддржат заедничкиот став, чиј нацрт го претставија бриселските функционери, напиша на...

Туск: ЕУ е отворена за можноста Велика Британија и натаму да остане членка

Европската Унија е отворена за можноста дека Велика Британија ќе го промени ставот за Брексит и ќе остане дел од Унијата, рече претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Европскиот парламент. Туск изјави дека доколку владата на Велика Британија остане на својата одлука да ја напушти ЕУ, Брексит со сите свои негативни последици ќе стане реалност во март 2019 година. -Се...

Јункер и Меј не постигнаа договор за Брексит, преговорите продолжуваат

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска соопшти дека сè уште не е постигната целосна согласност со Британија за понатамошните чекори во процесот на нејзиното напуштање на Европската Унија. Тој по средбата со британската премиерка Тереза Меј изјави дека и покрај напорите, не било можно да се постигне целосен договор, но дека тоа не го смета за неуспех, туку само...

Туск: Има напредок со Британија околу прашањето за Ирска

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ се доближуваат до напредок во врска со прашањето на статусот на границата со Ирска. Туск на „Твитер“ наведе дека е охрабрен од разговорите со премиерот на Ирска и дека е остварен напредок за декемврискиот самит на ЕУ. Преговарачот на Европскиот парламент, Ги Верхофстат, рече дека во...

Пресуден ден за преговорите за Брексит – Меј доаѓа во Брисел

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе пристигне во Брисел на пресудни разговори за состојбата на преговарачкиот процес за излегувањето на Британија од Европската Унија, а исходот од состанокот би можел да ги одреди условите под кои ќе се случи тоа. Меј ќе разговара со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во надеж дека...

ЕУ се подготвува за можноста да не постигне договор за Брексит

Главниот преговарач на Европската Унија за Брексит, Мишел Барние изјави дека Брисел се подготвува за можноста да не постигне договор со Лондон, иако тоа не е сценариото кон кое тежнеат. - Тоа не е моја опција... но е една од можностите. Треба да бидеме подготвени сите, државите и компаниите – вели Барние во интервју за францускиот неделник „Журнал ди...

Брексит може да биде запрен, тврди еден од авторите на правилата

Еден од луѓето што ги креирале правилата за излегување од ЕУ, денеска изјави дека Велика Британија може правно да го запре процесот во било кој момент пред датумот за излегување во 2019 година. - Се додека разговорите за разводот траат, страните сè уште се во брак, Можеме да се премислиме во секој момент – изјави Џон Кер, кој го составил...

Британија давала двојно помалку пари во ЕУ отколку што тврделе заговорниците на Брексит

Британската статистичка служба соопшти дека придонесите на Велика Британија во Европска Унија се двојно помали од тоа што го тврделе заговорниците на Брексит во пресрет на минатогодишниот референдум. Канцеларијата за национална статистика соопшти дека од Велика Британија минатата година биле префрлени вкупно 9,4 милијарди фунти (12,4 милијарди долари). Тоа се околу 180 милиони фунти неделно, додека заговорниците на Брексит тврдеа...

„Виз ер“ бара дозвола за работа во Велика Британија поради Брексит

Унгарската нискотарифна авиокомпанија „Виз ер“ аплицираше за дозвола за работа како авионски оператор во Велика Британија, за да биде сигурна дека ќе продолжи да работи и по излегувањето на таа земја од Европска Унија. Во соопштението доставено до Лондонската берза, „Виз ер“ наведува дека ќе основа британска подружница „Виз ер УК“ со база на аеродромот „Лутон“. Таа подружница би почнала...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...