fbpx
Таг: брашно

таг: брашно

Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крајот на годината

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи. Според Одлуката, оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година, известува министерство. „Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која...

Се забранува извоз на брашно, пченица, пелети и огревно дрво

Забранет е извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, а укината е царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината, објави министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој информира дека на предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донела одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината...

Во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, доволни се до следната реколта

Владата денеска уште еднаш апелираше до граѓаните да бидат смирени, бидејќи државата има доволна количина на житарици во стоковните резерви. Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, коишто како количини се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта. „Важно е граѓаните да знаат дека согласно официјалните статистички...

Владата ги замрзна цените на основните прехранбени производи

До крајот на јануари цените на основните прехранбени продукти нема да се зголемуваат. На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе одлука цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото место за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, месото, сувомесните производи, сирењето и урдата да останат на ниво од 1 декември. Во зависност од состојбите, доколку има потреба, трањето на оваа одлука ќе биде продолжено. Замрзнувањето на цените на...

Граѓаните нема да останат без леб, залихи на брашно и пченица има

Насловот на текстот „(Видео) ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЕЗ ЛЕБ?: Резерви пченица имаме за 26 дена, камиони ја товарат и носат во Косово?“ предизвикува паника дека македонските граѓани ќе останат без леб, а тврдењето не е поткрепено со никакви докази, пишува „КриТинк“. Информацијата најостро ја демантираше министерот за економија, Крешник Бектеши, кој уверува дека брашно и пченица има доволно, а исто така, дозволен...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Николовски ги клекнаа на коленици производителите на пченица

Зоран Заев и Љупчо Николовски го клекнаа земјоделието на колена. Производителите на пченица на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на Заев и на криминалниот картел околу него, обвини ВМРО-ДПМНЕ денеска. „Пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаква стратегија како да се справи со овој проблем. На само недела дена пред жетвата на пченицата се уште нема потврда...

Анѓушев и Љајиќ ќе ја олеснуваат трговијата помеѓу Македонија и Србија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев кој денеска е во официјална посета на Србија, одржа состанок со потпретседателот и министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ. Вицепремиерите, како што соопштуваат од кабинетот на Анѓушев, се договориле Владите до 30 јуни да ги потпишат и ратификуваат Меморандумот за соработка во областа на безбедност на храна и ветеринарнство и Меморандум за фитосанитарна соработка,...

Пратениците во Тирана фрлаа јајца и брашно по Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама за време на денешната седница на парламентот беше гаѓан со брашно и јајца поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија. Седницата во неколку наврати беше прекината. По инцидентот беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата, јавија албанските медиуми.

Надминат проблемот со увозот на брашното од Србија, Љајиќ и Николовски постигнаа договор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и српскиот  министер за трговија, Расим Љајиќ кој денеска беше на работен состанок во Скопје, потпишаа Договор согласно кој, за брашно од 1,2 и 5 килограми маркичките ќе се лепат во Србија, а за пакувања од 25 и 50 килограми маркичките ќе се лепат во Македонија. На овој начин, Николовски и Љајиќ...

Србија ќе воведе контрамерки за увоз на брашно од Македонија

Србија утре ќе воведе контрамерки за увоз на брашното од Македонија, како одговор на Правилникот за увоз на брашно од македонска страна, кој стапи на сила на 8 февруари. „Не можеме повеќе да чекаме, освен купување на време од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот“, изјавил министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ, кој најверојатно, утре ќе...

ССК: Лошата жетва може да влијае на поскапување на брашното и на лебот

Агробизнис-комората при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), предупреди дека пред почетокот на жетвата се очекуваат значително помали приноси, особено во споредба со минатата година, а во одредени региони од земјата нема ниту да има жетва. Причини за ваквата состоба се лошите временски услови, но и недоволната примена на агротехничките мерки за да може да се спаси родот. „Очекуваните приноси...

Мелничарите бараат итно поништување на новата мерка при увоз на пченица

Мелничарите бараат итно поништување на новата мерка при увоз на пченица, односно зголемување на висината на надоместокот за фитосанитарната анализа при увоз. Мелничарите истакнуваат дека со ова зголемување на цената кое важи од 2 август, надоместокот ќе изнесува околу 12.600 денари по камион при одобрување влез на увезена пченица во државата и уште толку при царинење, или вкупно 25.200 денари. Тие велат дека со оваа мерка,...

Цената на пченицата да не биде повисока од осум денари, бараат мелничарите

Цената на годинешната пченица да не биде повисока од осум денари по килограм, бара групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија. - Моменталните проблеми со кои се соочуваат компаниите се резултат на договорените цени и на несоодветните решенија во изминатиот период. Единствен критериум, сметаат мелничарите, е пазарната цена, а таа е утврдена на берзата во Нови Сад -...

Напливот на евтино увозно брашно им создава проблеми на мелничарите

Мелничарите бараат итно  да се преземат мерки за да се спречи напливот на евтино увозно брашно, кое се увезува по цена колку што чини домашната пченица што мелничарите ја купуваа во жетва. Тие предупредуваат дека доколку не им се помогне во најкраток можен рок, голем дел од нив ќе ги затворат своите објекти или нема да можат да откупуваат оваа година. Со тоа директно...

Мелничарите нема да исплаќаат повеќе од девет денари за килограм пченица

Мелничарите не се во состојба да исплаќаат повеќе од девет денари по килограм за неквалитетна пченица, која не ги запазува параметрите во согласност со правилникот, наспроти увозот на евтино брашно од соседството со цена од 14 денари по килограм, со кое практично се уништува еден сектор во македонскиот агрокомплекс. Ова беше заклучено на последниот состанок на членките на Групацијата на мелничко-пекарската...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...