fbpx
Таг: бранко азески

таг: бранко азески

Претседателите на стопанските комори од регионот се сретнаа со Тајани

Претседателите на стопанските комори на земјите од Западен Балкан, денеска во Подгорица се сретнаа со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. Состанокот, на кој присуствуваа и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и претседавачот на собранието на комората, Антони Пешев, се одржал во просториите на Стопанската комора на Црна Гора. „Констатирано е дека со донесувањето на повеќегодишниот акционен план за Регионалната...

Азески: Од ЕУ ни треба помош за владеење на правото, корупцијата и за инфраструктурата

„Инфраструктурата останува најголем приоритет, бидејќи таа е основа на сите приказни околу регионалниот развој и пораст, а ние на тој план многу малку имаме направено. Најмногу имаме направено на планот на автопатиштата, најмалку за инфраструктурата на железницата, а и гасификацијата мора да остане голем приоритет,“ изјави претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, на бизнис-форумот на Копаоник. Според него, друга...

Свилановиќ: Крајно време е Балканот да ги препознае пораките од ЕУ

„Крајно време е Западен Балкан да ги препознае пораките од ЕУ и да тргне напред преку регионалната соработка“, изјави Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка (РСС), меѓувладино тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, од кој дел е и Македонија. Тој ја модерираше панел-дискусијата што се одржа првиот ден од познатиот бизнис-форум „Копаоник 2017“, на кој, како...

Бизнис-форумот на Копаоник ќе се одржи од 7 до 9 март, ќе има и претставници од Македонија

Традиционалниот бизнис-форум на Копаоник, годинава ќе се одржи од 7 до 9 март и на него ќе учествуваат повеќе од 1.000 учесници, високи државни функционери и влијателни бизнис-лидери, кои ќе ја разгледуваат програмата за реформи, не само во Србија, туку и во регионот. На првиот ден на форумот, говорник ќе биде и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој ќе...

Техничката влада не ги исполнува обврските кон нас, се жалат бизнисмените

Влечењето и тактизирањето на ДУИ му нанесува огромна штета на стопанството на Македонија. Техничката влада не ги исполнува обврските кон бизнис-секторот, изјави универзитетскиот професор  Горан Рафајловски, во рамките на тркалезната маса на одбележувањето на 95.години Стопанска комора на Македонија. Според него приоритет на новата влада треба да биде враќање на долгот. - Новата влада сериозно треба да се потруди да ги...

Камионите со нафта се пренасочуваат преку Бугарија, превозот поскапи

Камионите што превезуваат нафта и нафтени деривати, од граничниот премин Евзони се пренасочуваат кон Ново Село, Бугарија, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“. - Поради настанатата ситуација, одобрено е преку овој граничен премин да поминува акцизна стока. Поради барањето алтернативни патишта, транспортерите ја зголемија цената за превозот за еден тон нафта, но важно е дека камионите се движат...

Азески: Блокадите на Евзони негативно влијаат врз економијата и на двете земји

Блокадите на граничниот премин Евзони негативно се одразуваат врз економско-финансиското работење на стопанството во Македонија, а негативни ефекти чувствува и стопанството во Грција, пишува во писмото на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, до претседателот на Унијата на грчките трговско-индустриски комори, Константин Михалос, како и до амбасадорот и шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, Димитриос...

Азески – Чадеж: Економијата да биде пред политиката помеѓу Македонија и Србија

Економската соработка помеѓу Македонија и Србија треба да биде пред политиката, истакнаа претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во текот на последната работна средба, која се одржа во Скопје. Од Стопанска комора на Македонија информираа дека тие апелирале до владите на двете земји да направат сè што е потребно да...

Шести европски конгрес за мали и средни претпријатија во Катовице

Шестиот европски конгрес за мали и средни претпријатија се одржа во Катовице, Полска, од 10 до 12 октомври. На конгресот оваа година учествуваше и делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески. - Улогата на малите и на средните претпријатија во македонската економија е сè поголема и позначајна. Имајќи го предвид силниот потенцијал за развој на приватниот сектор во...

Азески: Сè додека има мито и корупција, нема олеснување на трговијата

„Олеснување на трговијата нема да има сè додека не се елиминираат митото и корупцијата. Институциите мора да се заложат за откривање на причините на ваквата појава и за нејзино целосно искоренување“, истакна претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески, на регионалната конференција „Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“, која денеска се одржа во Скопје. Во таа насока се и четирите барања...

Земјите од Балканот имаат перспектива преку заеднички регионални проекти

Претседателот Ѓорге Иванов прими висока делегација од Коморите од земјите од регионот, членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) формиран во 2015 година како платформа на регионално поврзување за поддршка на коморите на „Берлинскиот процес“, информираат од Стопанска комора. Коморските делегации беа предводени од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите колеги од Србија и Косово. На состанокот тие го...

Претседателите на Стопанските комори од регионот на средба со Иванов во Охрид

Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе прими висока делегација од коморите од земјите од регионот - членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) формиран во 2015 година, информираат од Стопанска комора на Македонија. Коморските делегации утре во Охрид ќе бидат предводени од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите колеги од Србија и Косово. На средбата акцент ќе биде ставен на...

Стопанска комора одбележа 94 години постоење и ги награди успешните

Компаниите „ЗК Пелагонија“, АД „Елем“, „Инфобиро“, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и бизнисменот Димитар Маџунков се наградените од Стопанска комора за 2015 година, во рамките на одбележувањето на 94-годишнината од коморското организирање во Македонија. Наградите и признанијата се доделуваат традиционално, за да се истакне работата на тие што се заслужни за развојот на економијата. Како што истакна претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески, наградените...

Бранко Азески доби признание за развој на претприемништвото во Средна и во Југоисточна Европа

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, доби посебно признание за придонес во развојот на претприемништвото во Средна и во Југоисточна Европа на Самитот на претприемачи од Средна и од Југоисточна Европа што се одржа од 4 до 6 март во Дубровник. Самитот бил организиран за да се истакне важноста на претприемништвото, односно да се истакне колку се заслужни претприемачите...

Политичарите нека се караат, економијата нека ни ја остават нам, велат бизнисмените

Бизнис-заедницата во Македонија поминала многу кризи, а економијата успеала да биде отпорна и да се носи со предизвиците. Неофицијално, сепак признаваат дека функционираат како во предизборен период, на стенд-бај со своите деловни активности. - Преголемата политизација влијае депримирачки врз економијата, но ние максимално се заложуваме позитивните трендови што ги имаме во стопанството, да продолжат. Нема причини да се воведат какви...

Компаниите во регионот да се здружат за полесно да извезуваат на светските пазари

Македонските компании се мали за да можат да извезуваат на светските пазари и затоа е потребно регионално поврзување со други компании од Балканот, за да бидат светски конкурентни. Но, исто така, од голема важност е и отстранувањето на пречките меѓу државите во регионот, за компаниите да извезуваат на блиските пазари. Ова се темите на кои денеска голем број бизнисмени и...

Азески испрати „ургентни писма“ до коморите на Србија и на Хрватска

Во врска со проблемите со кои се соочуваат компаниите, поради блокирањето на граничните премини меѓу Србија и Хрватска, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, упатил „ургентни писма“ до колегите, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, претседателот на Стопанската комора на Хрватска, Лука Буриловиќ. Целта е како деловно-стручни асоцијации, во рамките на своите надлежности, да преземат најитни чекори во...

Прехранбениот сектор, клучен за соработката со унгарските компании

Можности за подобрување на трговската размена меѓу Македонија и Унгарија постои во делот на конфекционирање животински отпад, осигурување на земјоделството од природни непогоди, системи за наводнување, во семенарството, рибарството, како и во делот на примарното сточарство (живинарство, говедарство и свињарство), бидејќи во сите овие области Унгарија е меѓу  водечките земји во ЕУ. Ова беше истакнато на Македонско-унгарскиот деловен форум што...

Азески: Економијата ќе издржи, нема сериозни пречки за проекциите

Во моментов, Стопанската комора нема никакви индиции дека има некое крупно нарушување во било кој сектор на македонската економија, но политичката криза треба ја решат тие што ја создале бидејќи бизнис-заедницата не е виновна за оваа состојба. Оваа порака денеска ја упати претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој смета дека бизнис-секторот, сепак, ќе издржи. На прашањето дали преодна влада би можела...

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...