fbpx
Таг: бранимир јовановиќ

таг: бранимир јовановиќ

Колку се споредливи цените на струјата и просечните плати во европските земји?

Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто предизвика лавина реакции во јавноста. Реагираа скоро сите општествени чинители, од претставници на политички партии, преку здруженија и синдикати па сè до анонимни корисници на социјалните мрежи. Сите со свои ставови и математики. Но, се чини дека најгласен е аргументот дека цената на струјата...

Скандалозно зголемување на цената на струјата, интересот на компаниите пред оној на граѓаните

Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за покачување на цената на електричната енергија е скандалозна, а уште поскандалозен беше обидот на тие што одлучуваат да ги убедат жителите дека Северна Македонија имале најниска цена во Европа. Кога се прави ваква споредба, цената на електричната енергија треба да се спореди со просечната месечна плата, и излегува дека имаме една...

Советникот на Тевдовски, Бранимир Јовановиќ се повлекува од Министерството

Бранимир Јовановиќ, советникот на министерот за финансии Драган Тевдовски, по скоро две години работа се повлекува од Министерството за финансии, објави тој на неговиот фејсбук-профил. Одлуката, како што вели, ја донел пред некое време, но не сакал да ја објави додека не поминат изборите. „Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме...

Левица му го замрзна членството на Бранимир Јовановиќ во партијата

Президиумот на политичката партија Левица, на седница одржана во петокот, оваа недела, донел одлука да му го замрзне членството во партијата на Бранимир Јовановиќ, актуелен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, соопшти денеска партијата. Јовановиќ минатата година поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во Левица (координатор на програмски сектор економија и член на Централниот комитет на партијата), и...

Жените во Македонија земаат 18 проценти помали плати од мажите

Жените во Македонија, за иста работа и исти квалификации со мажите, се за околу 18 проценти помалку платени од нив, а со околу 25 проценти, и помалку учестуваат на пазарот на труд од мажите, истакнаа учесниците на тркалезната маса посветена на „Стратегијата за воведување родово одговорно буџетирање - 5 години потоа”. Жените исто така поминуваат околу 2,5 часа повеќе работејќи неплатена работа...

Просечниот личен доход е 302 евра месечно, а кај најбогатите тој изнесува 4.180 евра

Просечниот личен доход лани изнесувал 302 евра месечно, а најбогатите (еден процент) во Македонија имале просечен доход од околу 4.180 евра месечно, објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи. Од Министерство за финансии велат дека „бројките покажуваат дека Македонија е со висока стапка на доходовна нееднаквост помеѓу граѓаните“. - Педесет проценти од луѓето во Македонија што...

Јовановиќ: Со ребалансот пративме порака, ќе кратиме на „чоколадо“ а ќе трошиме за „леб“

„Министерот за задолжување“, Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. До сега, откако ВМРО-ДПМНЕ се опозиција, најголем дел од утинските партиски соопштенија се однесуваат на обвинувања за задолжувањето на оваа влада. Иако министерот за финансии, Драган Тевдовски неколку пати кажа дека владата до...

Бранимир Јовановиќ: Буџетот не е социјален, туку предизборен

Со новиот ребеланс на буџетот, кој изнесува нешто повеќе од 3 милијарди евра (највисок во историјата на земјава), имаме зголемување на приходите од 58 милиони евра, зголемување на расходите за 85 милиони евра, но и зголемување на буџетскиот дефицит од 327,5 милиони евра. Во исто време, и проекцијата за економскиот пораст е намалена од 4 на 3,5 проценти. Со новиот...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...