fbpx
Таг: браќа манаки

таг: браќа манаки

„Наследниците на Манаки“: Младите ја продолжуваат приказната на браќата Манаки за Битола

Филмот има многу дефиниции. Тој е раскажување приказни, откривање внатрешни светови. Филмот ќе се развива сè додека се развива технологијата. Ова денеска, на младите битолчани им го кажа режисерката Марија Џиџева, која ја води филмската работилница што се одржа во Културниот центар „Магаза“. Работилницата се одржа во рамки на настанот „Наследниците на Манаки“, кој пак, е дел од Офф програмата...

Годинашното издание на „Браќа Манаки“ со 79 филмови и 400 гости

На годинашното, 44-то издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, публиката ќе може да проследи 79 странски и домашни филмови од различни категории, а се очекуваат 400 гости, информираше директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, на денешната прес конференција во Битола. Фестивалот ќе се одржи во Битола, а официјално се отвора задутре и ќе трае до 29 септември. „Имаме...

Златна камера 300 за животен опус годинава во рацете на оскаровецот Питер Бижу

Оскаровецот Питер Бижу е добитник на Златна камера 300 за животен опус, а Лабина Митевска е лауреат на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, соопштија денеска организаторите на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“. Годинешното 44. издание на фестивалот ќе се одржи во периодот од 23 до 29 септември во Битола, а ќе биде отворено со македонскиот филм „Домаќинство...

Објавени три повици за аплицирање за дел од програмите на фестивалот „Браќа Манаки“

Најновото 44. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), традиционално и оваа година ќе се одржи во Битола, во септември, информираат организаторите. Објавени се три повици за аплицирање за дел од програмите на годинешниот фестивал. „Заинтересираните (студенти и искусни професионалци) може да аплицираат со кратки, студентски и документарни филмови...

Добитникот на „Златна камера 300“ на „Браќа Манаки“ , Ентони Дод Ментл со порака до младите: Најважниот објектив е тој во главата

„На сите млади луѓе кои посакуваат еден ден да стојат овде на ова место, без разлика дали се занимаваат со фотографија или со кинематографија, би им рекол дека најважниот објектив е оној во главата, а најважното нешто што треба да го кажат треба да дојде од срцето, сето друго е академско. Она што вие автентично го имате е во...

Филмот на Сорентино „Раката на Господ“ на 19 август го отвора фестивалот „Браќа Манаки

„Оваа година на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ ќе има неверојатни филмски остварувања од најголемите светски фестивали, главна ѕвезда ќе биде Ентони Дод Ментел, директорот на фотографија и кинематографер како што биле браќата Манаки, а очекуваме да нѝ потврди и Џон Метисон, кинематограферот на „Гладијатор“ и на „Икс мен“, рече на денешната прес-конференција фестивалскиот директор, Симеон Мони...

Под мотото „И покрај се“, вечерва почнува 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Вечерва почнува 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и проекцијата на филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума. На црвениот килим ќе поминат годинешните учесници и гости на фестивалот, ѕвездите-лауреати на фестивалските награди: Кристијан Бергер, Џослин Пук, Бајрам Северџан, кои веќе пристигнаа во Битола, членовите...

Фестивалот „Браќа Манаки“ со звучни имиња, отворањето со филм за социјални мрежи и адолесцентите

Битола од Од 16 до 21 септември ќе биде домаќин на најновото издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Меѓународниот фестивал на филмската камера, кој е еден од елитните балкански филмски фестивали, годинава традиционално ќе понуди звучни имиња. Иако ќе се одржи хибридно, фестивалот сепак ќе понуди голем број филмски дела, со програма од 10 долгометражни филмови и 10 кратки филмови. Фестивалот ќе...

ДФРМ: Симеон Мони Дамевски избран за нов директор на фестивалот „Браќа Манаки“

На вчерашното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ФРМ), едногласно беше избран новиот директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, актерот Симеон Мони Дамевски. Според статутот на ДФРМ, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот. „Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што...

ИФФК „Браќа Манаки“ почна синоќа, доделени наградите за животно дело на Лом и на Ротуно

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ почна синоќа во Центарот за култура во Битола. На отворањето на фестивалот беа доделени двете награди за животно дело „Златна камера 300“, на великаните на светската кинематографија, Пјер Лом и Џузепе Ротуно. Славниот италијански кинематограф Џузепе Ротуно не беше во можност да дојде во Битола. Во име на Ротуно, заслужен за повеќе од 80 филмови...

Французинот Пиер Лом е добитник на наградата за животно дело на „Браќа Манаки“

Францускиот кинематографер од светски глас Пјер Лом е добитникот на наградата Златна камера 300 за животно дело на годинашното 38. издание на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот ќе се одржи од 23 до 30 септември во Битола, а Лом, иако е во поодминати години, ќе присуствува на фестивалот. - Пиер Лом е легенда на француската и европската...

На затворањето на „Браќа Манаки“, водителката ги собу чевлите и ги фрли кон публиката

На свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, водителката се качи на сцена и се собу боса, а чевлите ги фрли кон публиката. По ова, обезбедувањето ја отстрани од сцената. Девојката што ја отстранија од сцената требаше да учествува во перформансот на Мартин Кочовски за затварањето, чија изведба беше откажана. Кочовски го обвини фестивалот дека го цензурира, а од управата на фестивалот...

Раде Шербеџија утре пристигнува на „Браќа Манаки“

Битола ги прави последните подготовки за утрешното свечено отворање на 37. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Црвениот ќилим пред Центарот за култура се очекува да биде поставен утре, а на него ќе зачекорат светски познати кинематографи, актери и вљубеници во филмот од Македонија и од светот. Оргинизаторите се подготвени да го пречакаат славниот австралиски директор на фотографија Џон Сил, со неговата...

Новиот тим на „Браќа Манаки“ се откажува од проблематичната статуетка „Бона Деа“

Новиот тим на фестивалот „Браќа Манаки“ ги укинува наградите што разрешениот директор на фестивалот, Димитар Николовски-Таки, минатата година ги востанови како новина. Годинава се укинува наградата за најдобар кинематограф за нов европски филм, за што беше предвидено доделување на статуетка „Бона Деа“, изработена според оригинална скулптура пронајдена во Хереклеја. Статуетката „Бона Деа“ лани, уште недоделена, крена прашина откако археолози од...

Фестивалот „Браќа Манаки“ не трпи последици од притворот на Талески

Директорот на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре, не би сакал да е во кожата на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој трет месец е во куќен притвoр поради сомнежи за малверзации со тендерите за превоз на ученици. Откако тимот на Куновски се пожали дека имале невозможни услови за работа, новинарите прашаа дали имаат опструкции или какви било последици...

Општински службеник барал по 200 евра од угостители за фестивалот „Браќа Манаки“

Општински службеник барал од кафулиња во Битола по 200 евра спонзорство за фестивалот „Браќа Манаки“, обвини советникот Методија Илиевски од СДСМ. Тој покажа и фактура за уплатени 12.300 денари на сметка на 36. издание на фестивалот што се одржа во септември 2015 година. Илиевски, на последната седница на Советот, го праша и лично градоначалникот Талески, зошто собираат пари од угостители кога културните...

Фестивалот „Браќа Манаки“ годинава на вересија

По режисерот Столе Попов, и новиот тим на ИФФК „Браќа Манаки “ се задолжи до гуша кај битолчани. Фирми кои за време на фестивалот годинава имале склучено договори за вршење услуги, велат дека останале со куси ракави. По три месеци од завршувањето на 36. издание на фестивалот, не виделе ниту денар за сработеното. Сакајќи да останат анонимни, дел од фирмите ангажирани за фестивалот...

И Фестивалот „Браќа Манаки“ не ја одмина големата мигрантска криза

Силен аплауз и топол прием кај публиката, вака помина светската премиера на македонскиот филм „Лазар“, синоќа на свеченото отворање на 36. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Коинциденција или не, филмот ја обработува темата за шверцот на мигранти и за криминалот, во кој поради тешката егзистенцијата се втурнуваат македонските граѓани. - Коинциденцијата е експлозијата на кризатата која се провлекуваше 20...

На „Браќа Манаки“ ќе се промовира филмот „Последниот Македонец – патот до истребување“

По синоќешното свечено отворање на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, денеска премиерно ќе биде прикажан новиот македонски документарно-игран филм „Последниот Македонец - патот до истребување“, во режија на охриѓанецот Илија Пиперковски. Мотивите за снимањето на филмот произлегуваат од стогодишнината од потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година. Мотивите за сценариото на овој филм, според сценаристот...

Црвениот килим послан да ги дочека ѕвездите на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола

Послан е црвениот килим пред Центарот за култура во Битола за да ги дочека филмаџиите од земјава и од светот на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Во градот на браќата Манаки веќе се чувствува „силата“ на филмот и фестивалската атмосфера. Годинава фестивалот е во рацете на новиот директор Димитар Николов и за разлика од минатите години, кога...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...