fbpx
Таг: БПЦ

таг: БПЦ

Бугарскиот митрополит Гавриил до Пендаровски: Нема ништо политичко во одлуката за македонската црква

Решението на Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ) да го признае канонскиот статус на Македонската црква е донесено според предлогот на српската црква, коментира бугарскиот Ловчански митрополит Гавриил, инаку еден од повлијателните во БПЦ, по исказот на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој порача дека има координирана државна политика меѓу бугарските власти и БПЦ. „Денеска ја видов одлуката на БПЦ...

Бугарскиот патријарх Неофит со поздрав: Бугарија и Македонија се една крв!

Патријархот на Бугарската Православна Црква (БПЦ) упати специјално послание до православните браќа во Македонија, порачувајќи дека секогаш можат да сметаат на поддршката на БПЦ, пренесува бугарската новинска агенција БГНЕС. Бугарскиот патријарх притоа порачал дека Македонците се една крв со Бугарите. -Нека се радуваат на нашата поткрепа и нека знаат дека Бугарија и Македонија се една крв. За многу години! -...

МПЦ и БПЦ папата го примаат само како обичен верник

Наспроти огромниот ентузијазам и напорите што властите и во Бугарија и во Македонија ги демонстрираа околу посетата на поглаварот на Католичката црква, папата Франциск, неговите „колеги“ во обете земји го примаат безмалку како најобичен верник. Така, иако тој беше примен од Светиот синод на Бугарската православна црква, при што патријархот и митрополитите го пречекаа како секуларен водач, одбивајќи со него...

Со решавањето на името ќе се придвижи и црковното прашање, смета патријархот Неофит

Бугарскиот патријарх Неофит очекува решавањето на прашањето за името на Македонија да го придвижи и македонското црковно прашање. – Сè уште се работи околу името на државата Македонија. Кога ќе се утврдат сите детали, ќе се придвижи сигурно и црковното прашање - изјави за БГНЕС поглаварот на Бугарската православна црква по денешната литургија во соборната црква Св. Недела во Софија. Прашан...

БПЦ одби да учествува на 1.000-годишнината на Охридската архиепископија

Бугарската православна црква (БПЦ) на вчерашната седница на Синодот категорично ја одби поканата од македонскиот архиепископ Стефан нејзини претставници да учествуваат во свеченоста за одбележување на 1.000-годишнината од создавањето на Охридската архиепископија, на 27 мај во Охрид. Предлогот да се одбие поканата бил на Русенскиот митрополит, Наум. За решението да не се испратат архиереи на одбележувањето на јубилејот во Македонија гласале...

МПЦ ја покани БПЦ на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија, СПЦ ќе слави посебно

Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ја поканила Бугарската православна црква (БПЦ) на одбележувањето на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија. Поглаварот г.г. Стефан за бугарската агенција БГНЕС потврдува дека поканата е испратена до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија. Според најавите од МПЦ-ОА, 1000-годишниот јубилеј ќе биде...

Саборот на СПЦ ќе расправа за МПЦ-ОА и односите со БПЦ

Барањето на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) до Бугарската православна црква (БПЦ) да и биде мајка-црква, како и новата територијална организација на СПЦ што релативно ја засега и Македонија, се работите за кои ќе се дискутира на пролетното заседание на Светиот архиерејски сабор на Српската православна црква (СПЦ). Синодот на СПЦ досега формално не се огласи за релациите...

Рускиот патријарх Кирил и бугарскиот Неофит ќе разговарат за статусот на МПЦ-ОА

Статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе биде тема на средбата на бугарскиот патријарх Неофит и рускиот патријарх Кирил, кој денеска и утре е во посета на Софија по повод одбележувањето 140 години од ослободувањето на Бугарија од османлиското ропство. Тоа го потврди бугарскиот митрополит Антониј во изјава за Бугарската национална телевизија, посочувајќи дека статусот на МПЦ-ОА е...

Иринеј: Зад договорот помеѓу БПЦ и МПЦ стои политичка позадина

Зад односите меѓу БПЦ и МПЦ има политичка позадина вели српскиот патријарх Иринеј во интервју за весникот „Печат“. За новонастанатата ситуација со Бугарската православна црква, чиј Синод ја прифати улогата на мајка црква на македонската црква со што таа би обидела да стекне легалност и автокефалност, Иринеј вели дека се работи за чиста фарса. Во интервјуто тој наведува дека ова...

Г.г. Стефан и патријархот Неофит: Едногласно одлучивме БПЦ да ѝ биде мајка црква на МПЦ

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан денеска бил примен од патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС. Станува збор за прва средба на поглаварите на двете цркви, откако БПЦ прифати да и биде мајка црква на МПЦ, како чекор кој треба да доведе до признавање на нејзината автокефалност. Архиепископот Стефан бил...

Грчката црква „се моли“ сестринската БПЦ да не и биде „мајка црква“ на МПЦ

Светиот aрхиерејски синод на грчката црква на завчерашното заседание ја разгледал одлуката на БПЦ да го прифати барањето, како што се вели во соопштението, „на расколничката црква“ да ја преземе улога на нејзина „мајка црква“. „По тој повод, Светиот синод ја изразува својата загриженост, заради фактот на мешање, со таа одлука, на Бугарската православна црква во јурисдикцијата на друга православна...

Г.г. Стефан: Мора да сфатиме дека работите треба да се решаваат низ дијалог

„За нашиот верен народ и за нашата независна држава, сè уште останува еден од проблемите – тоа што Македонската православна црква (МПЦ) е неприфатена во сеправославното семејство, за жал, од политички причини. Па, Охрид и Црквата во Македонија ниту ги измисливме, ниту се создадени за штета на другите, туку за слава на Бога и за спасение на нашиот богољубив...

Поглаварите на СПЦ и на БПЦ утре во Москва на средба кај рускиот поглавар

Рускиот патријарх Кирил утре во Москва ќе се сретне со бугарскиот патријарх Неофит и со српскиот патријарх Иринеј, во рамки на Серускиот православен собор. Со бугарскиот патријарх ќе патуваат и дел од владиците што се во составот на комисијата што Бугарската православна црква ја оформи за да разговара со другите помесни православни цркви за статусот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Руските...

Агатангел: Одлуката на БПЦ е навреда кон МПЦ, македонскиот народ и нација

Владиката Агатангел, кој е на чело на Повардарската епархија, со писмена реакција се оградува од соопштението на МПЦ – ОА , со кое таа ѝ се заблагодарува на БПЦ за одлуката да прифати да биде црква мајка. „Изненаден сум од веста дека постои соопштение на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, бидејќи Синодот на МПЦ – ОА не заседавал по ова...

Заев: Како православен верник, радосен сум за одлуката на БПЦ

Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го прифати барањето на Македоднската православна црква - Охрдиска архиепископија да ѝ биде мајка црква и додаде оти е среќен што градењето пријателства дава резултати. Тој истакна дека со ова се прави напредок во процесот на признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. - Како православен верник, радосен сум за оваа...

МПЦ: Решението на БПЦ дава надеж за конечно решение на нашата автокефалност

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) изрази благодарност до бугарскиот патријарх Неофит и до членовите на Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква, кои денеска донесоа решение за да прифатат да бидат мајка црква на МПЦ. „Донесеното решение на САС на БПЦ дава надеж за конечно решавање на статусот на легитимната автокефалност на Македонската православна...

БПЦ прифати да ѝ биде мајка црква на МПЦ

Синодот на Бугарската православна црква - Бугарска патријаршија го прифати барањето да и биде мајка црква на Македонската православна црква и да ја застапува пред помесните православни цркви. Синодот на БПЦ на денешното заседание во комплетен состав го разгледа писмото од архиепископот на МПЦ- ОА, г.г. Стефан, испратено на 9 ноември. „Бугарската православна црква - Бугарска патријаршија никогаш не била рамнодушна...

Треба да ја прифатиме подадената рака од МПЦ, вели бугарскиот патријарх Неофит

Синодот на Бугарската православна црква денеска ќе го разгледа писмото на МПЦ-ОА со кое таа бара да биде признаена како независна црква, а БПЦ да биде нејзина мајка црква. Пред почетокот на седницата, бугарскиот патријарх Неофит изјави дека треба да се прифати подадената рака на МПЦ. Сепак, одлуката нема да биде донесена веднаш, туку ќе биде формирана комисија која ќе треба...

Владиката Наум: Барањето БПЦ да биде наша мајка црква е нормално, логично и потребно

Барањето на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) да ја прифати Бугарската православна црква (БПЦ) како мајка црква е нормално, логично и потребно, пишува струмичкиот митрополит Наум во анализата за бугарската новинска агенција БГНЕС. Митрополитот Наум во својата кратка анализа ја објаснува врската меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, на ден пред БПЦ да го разгледува писмото од МПЦ. „Барањето на МПЦ...

Димитров: Во преговорите со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв

Во преговори со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв, во обид да се надминат разликите, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. - Ако има победена страна, тоа нема да биде добро ниту за победникот, ниту за губитнкот, бидејќи ќе развие ужасен национализам. Мора да најдеме начин двете страни да...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...