fbpx
Таг: Босна

таг: Босна

Босна добива статус на кандидат за членство во ЕУ, Косово оваа недела ќе поднесе кандидатура

Министрите за европски прашања од 27-те земји на ЕУ денес се согласија да ја поддржат препораката за доделување кандидатски статус на Босна, пренесе, Асошиејтед прес. Тие ја одобрија кандидатурата на Босна само една недела откако лидерите на ЕУ дадоа поконкретни сигнали до шесте земји од Западен Балкан кои се стремат да се приклучат на ЕУ дека имаат идно место во...

Срѓан Пухало: Во Република Српска дезинформациите доаѓаат преку јавните сервиси

Срѓан Пухало е доктор на психолошки науки во чие поле на интерес се политичката и социјалната психологија и истражувањата на јавното мислење. Тој е граѓански активнист, критичар на тековните состојби во Босна и Херцеговина и особено во Република Српска и редовен колумнист/блогер на порталот „Фронтал.ба“. „Мета.мк“ со Пухало разговараше за дезинформациите и за злоупотребата на медиумите во БиХ, посебно во...

Убиени двајца војници во БИХ

Двајца припадници на вооружените сили на БИХ се убиени во предградие на Сараево, потврдија локалната полиција и министерството за одбрана на БИХ. Војниците се убиени кога напаѓачот упаднал во обложувалница во населбата Рајловац и отворил оган. Уште еден војник е повреден во пукањето. Нападот се случил во локална обложувалница, а напаѓачот, откако ги убил војниците, излегол надвор и отворил оган и...

Иванов во Софија ќе се сретне со претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина

Денеска, во Софија, на маргините на шестиот состанок на високо ниво, во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се сретне со претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ. Се очекува шефот на државата и Иваниќ да разменат мислења за бегалската криза, како централна тема на овој форум, а ќе се осврнат и...

Македонски возач на камион приведен во Босна и Херцеговина

Македонски возач на камион е приведен во Босна и Херцеговина поради тоа што во неговото возило биле пронајдени мигранти. Како што јавуваат тамошните медиуми, полицијата го запрела кај Брчко и во возилото пронашла тројца бегалци од Авганистан. Камионот бил запрен во саботата попладне, а Ј.С. (48), македонски државјанин, е приведен и во тек е истражна постапка.

Пронајдена бомба на стадионот „Грбавица“ во Сараево

Сараевската полиција денеска, околу 14 часот, пронашла експлозивна направа на стадионот „Грбавица“. Како што јавуваат босанските медиуми, полициските екипи излегле на терен и безбедно ја отстраниле бомбата која била поставена на северната трибина на стадионот. Полицијата засега не открива повеќе детали и продолжува да работи на расветлување на случајот.

„Гардијан“: Путин е како Милошевиќ, а Украина како Босна

Колумнист на „Гардијан“, Тимоти Гартон, направи паралела меѓу актуелните случувања во Украина и агресијата врз БИХ, која почна во 1992 година. „Владимир Путин е Слободан Милошевиќ. Тој, како и некогашниот Советски Сојуз е подеднакво грозен, но многу помоќен. Како и Милошевиќ, Путин во Украина е спремен да ги искористи сите средства кои му се на располагање, за да го добие тоа...

Четврта жртва од смрзнување во Босна и Херцеговина

Денеска е пронајдена четвртата жртва на невремето во Босан и Херцеговина. 46-годишниот Милорад Челиќ починал недалеку од гратчето Теслиќ. Тој бил под дејство на алкохол и не успеал да се извлече од водата во која паднал кај местото Младиковина, во близина на Теслиќ.

Три лица починаа од студ во Босна и Херцеговина

Трет случај на смрзнување е регистриран во Босна и Херцеговина, јавуваат босанските медиуми. Телото на 53-годишен маж вчера било пронајдено во Долна Јабланица, а по обдукцијата било утврдено дека смртта настанала поради смрзнување. Во Зеница завчера беше пронајдено тело на 44-годишен маж, за кого медиумите објавија дека е бездомник и оти тимот на Итната помош се обидел да го реанимира, но...

БИХ: Уапсени 11 осомничени за тероризам

Најмалку 11 лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомневање за тероризам, соопштија босанските власти. Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата „Дамаск“ на босанската Агенција за разузнавање и заштита (СИПА). При претресот на објектите, спроведен во неколку населени места, се конфискувале предмети кои можат да послужат како доказен материјал. Од септември годинава, кога почна акцијата „Дамаск“, беа уапсени 16 лица,...

Босанците увезуваат леб!

По неконтролираниот увоз на вода, млеко, како и на многу суровини и преработки, во Босна и Херцеговина се увезува и леб. На полиците за прехранбени производи во Босна и Херцеговина, се нуди увозен леб, пренесува „Фена“. Спакуван во пластични вреќички од 500 грама, овој тост-леб е увезен од Полска, а продажната цена му е 0,7 евра.

Могерини го поддржа британско-германскиот план за БИХ

Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика, Фредерика Могерини, денеска го поддржа планот на Велика Британија и на Германија за отстранување на блокадата во евроинтеграциите на Босна и Херцеговина. „Особено ја ценам идејата за напредокот на БИХ која синоќа во Берлин ја изнесоа министрите за надворешни работи на Велика Британија, Филип Хамонд, и на Германија, Франк Валтер Штајмајер“, порача...

Македонски државјани уапсени во Ново Сараево со еден килограм хероин

Двајца македонски државјани се упасени во Ново Сараево со повеќе од еден килограм хероин. Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар се приведени на меѓународната автобуска станица на улицата Пут живота. Според босанските медиуми, хероинот е пронајден кај Шабан, кој бил во друштво со Идриз. Во Сараево дошле со автобус, а инспектори ги пречекале на автобуската станица. Шабан бил платен само да...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...