fbpx
Таг: БорисНемцов

таг: БорисНемцов

Путин: Полицијата да ги спречи „срамните“ политички убиства

Владимир Путин денеска изјави дека Русија мора да се справи „со срамот и со трагедијата“, како што е убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов, а полицијата да ги реши политичките убиства. На средбата со претставниците на руското министерство за внатрешни работи, Путин укажал на штетата за репутацијата на Русија од убиството на владиниот критичар Немцов, кој во петокот е застрелан на само...

ЛДП: Убиството на Немцов треба да биде порака до сите нас

Либерaлно-демократската партија на Македонија изрази сочувство до семејството и до граѓаните на Руската Федерација за убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов. „Либерал по убедување, Немцов беше храбар бранител на демократијата и жесток борец против корупцијата во својата земја. Русија загуби силен и храбар политичар на демократијата, гласен критичар на власта. Изразуваме надеж дека креаторите и извршителите на овој кукавички чин...

Протестен марш низ улиците на Москва во чест на Немцов

Низ улиците на Москва денеска ќе се организира протстен марш посветен на убиениот руски опозиционер Борис Немцов. Маршот ќе се одржи наместо планираниот голем протест на опозицијата против војната во Украина. Предвидено е протстот да почне во 14 часот, а по еден час ќе почне и маршот низ московските улици. Руските власти синоќа издадоа одобрение за собирот и дозволија присуство...

Путин: Ќе сторам сè убијците на Немцов да бидат казнети

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе стори сè за да бидат казнети тие што го организирале и извршиле како, што рече, подлото и цинично убиство на лидерот на опозицијата, Борис Немцов. Ова било напишано во телеграма што Путин ја испратил до мајката на Немцов, а која беше објавена на официјалната веб-страница на Кремљ. „Почитувана Дина Јаковлевна, примете го моето најдлабоко сочувство...

Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Немцов

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати телеграма со сочувство до семејството на убиениот опозициски лидер во Москва, Борис Немцов, и до граѓаните на Руската Федерација. „Изразувам искрено и длабоко сочувство за бруталното убиство на Борис Немцов, до Вас - семејството на Борис Немцов, до неговите пријатели, колеги, но и до граѓаните – поддржувачи, во свое име и во име на...

Оланд и Меркел го осудија убиството на Немцов

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел изразија сочуство за семејството на убиениот опозициски политичар Борис Немцов и најостро го осудија убиството, нагласувајќи дека тоа претставува загуба за руската демократија. - Тој беше храбар и неуморен заштитник на демократијата и борец против корупцијата - рече претседателот на Франција. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е потресена од грозоморното кукавичко...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...