fbpx
Таг: Борис Трајковски

таг: Борис Трајковски

Oдбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје. Претседателот Пендаровски положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова...

Државниот врв ќе ја одбележи 20-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Со државнички активности, Владата и Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ја одбележат 20-годишнината од авионската несреќа кај Мостар, во која животот го загуби тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. На градските гробишта Бутел, со почеток во 12 часот, на гробот на поранешниот претседател Трајковски ќе положат свежо цвеќе неговата сопруга Вилма...

Мета факт: И по повеќе од две години, нема абер од проширувањето на булевар Борис Трајковски кон Драчево

Градот Скопје и по повеќе од 26 месеци од почетокот на градежните работи на терен, нема абер да го заврши проширувањето на булеварот Борис Трајковски меѓу населбите Пинтија и Драчево. Првиот рок зададен од претходниот градоначалник Петре Шилегов и Град Скопје, дека изградбата на оваа сообраќајница ќе трае неполни две години, не успеа да ја доврши во зададениот рок...

Oдбележана 19 годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Владино-државни делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддадоа почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски. Со државнички церемонии беше одбележана 19 годишнината од авионската несреќа, во која животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. „Владата е определена кон прогресивни политики што ги водат...

Отворен конкурсот за стипендијата „Борис Трајковски“ за втор циклус студии

Отворен е конкурсот за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус на извршната МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2022/2023 година. Стипендијата „Борис Трајковски“ е заедничка понуда од Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Претседателот на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука и се доделува на вкупно 20 студенти за вонредни двегодишни студии. Учесниците...

Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Државниот врв денеска ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа, како и екипажот на авионот, кој се урна кај Мостар, Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година. Делегација на Република Северна Македонија, составена од претставници на Владата, Кабинетот на претседателот и на Собранието положи венци свежо...

Доделени 20 стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“, за академската 2021/2022 година, за студии од втор циклус за Пан-европската извршна МБА програма на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека инвестирањето во образованието на младите бизнис лидери е најсигурната инвестиција во успехот на нашата економија...

МЗ: Од денеска вакцинација и во малата сала од А1 СЦ Борис Трајковски

Министерството за здравство информира дека од денеска почнува вакцинација во малата сала од A1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. „Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин.Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата,“ се вели во соопштението.

Денеска се одбележува 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, информираат од претседателскиот кабинет. Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на...

Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворен простор кај СЦ „Борис Трајковски“

Саемот на книга 2020 ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот под монтажни објекти, информираат организаторите. „Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца. Согласно Протоколите за спречување...

Заев го доби мандатот за нова влада, вети почитување на Охридскиот и договорите со Грција и Бугарија (Галерија)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска напладне од претседателот на државата Стево Пендаровски го доби мандатот да формира нова влада, за која рече дека ќе биде стабилна, европски ориентирана и отчетна. Заев рече дека со ДУИ сè уште се преговара, но не сакаше да открива детали за да не станат преговорите „медиумски“, но вети дека штом ќе има нешто да...

Прв круг со најмала разлика во последните пет избори (инфографик)

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од претседателските избори што се одржа вчера ја има најмалата разлика во гласови меѓу двајцата кандидати на последните пет круга претседателски избори, односно Стево Пендаровски освои само 4.606 гласови повеќе од Гордана Сиљановска - Давкова. Поради тоа, многу се мали и шансите за успешно предвидување на исходот од вториот круг, ако се обидуваме да правиме споредба со...

Скопје викендов ќе биде домаќин на најдобрите лизгачи од регионот

Скопје викендов ќе биде домаќин на најдобрите лизгачи од регионот кои ќе настапат на третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Скопје он ајс 2019“ (Skopje on ICE 2019“), на лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“. Љубителите на уметничкото лизгање ќе имаат можност да уживаат во уметноста на мразот на повеќе од 70 натпреварувачи од кај нас, Србија и Бугарија. „Нашата желба...

Се отвори Саем за мебел 2018 во „Борис Трајковски“

Од денеска почна 44. издание на Саем на мебел 2018 кој се одржува на нова локација, комплексот ВИП арена „Борис Трајковски“ и ќе трае до 14. октомври. На Саемот има повеќе од 70 изложувачи, над 150 брендови и странски изложувачи на површина од 8.000 метри квадратни. „Посетителите Саемот ќе го видат во целост, протоколот на движење е направен според системот на „Икеа“...

Заев и Борисов се поклонија пред споменикот на Борис Трајковски во Струмица

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, пред почетокот на заедничката седница на владите на двете земји, положија венци свежо цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, во Струмица. На седницата, која е резултат на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, се разговара за продлабочување на соработката во економијата, енергетиката, инфраструктурата, прекуграичната соработка...

Заев: Реални се шансите да добиеме чиста препорака од ЕК

„Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и во НАТО. Реални се шансите наесен Македонија да добие чиста препорака од ЕК.  Реални се шансите Македонија да стане 30. земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство“, порача премиерот и претседател на СДСМ,...

Навивачите ќе може да се дружат со Лазаров и со другите ракометни репрезентативци

Во пресрет на клучниот натпревар против Чешка од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Хрватска во 2018 г., навивачите денеска ќе имаат можност да се дружат со машката ракометна репрезентација. Настанот во чии рамки селекторот Раул Гонзалес, капитенот Кире Лазаров и уште неколку репрезентативци ќе бидат на располагање за потпишување дресови, ќе се одржи од...

Делегации на партии и на институции положија цвеќе на гробот на Борис Трајковски

Делегација на СДСМ, во состав Диме Велковски, Цветанка Ласкова и Дарко Давитковски, положи цвеќе и оддаде почит на поранешниот претседател Борис Трајковски, на 13-годишнината од неговата смрт. - СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Трајковски кон Македонија, кој посветено работеше на соработка и на заедништо и отвори нови перспективи...

Денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Со повеќе настани денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа во близина на Мостар. Цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани. Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Во авионска...

Сите аболиции во независна Македонија: Иванов ги надмина Трајковски и Црвенковски

Тројца од вкупно четворицата претседатели на државата во историјата на самостојна Македонија ја искористија аболицијата како правен инструмент за ослободување лица од кривично гонење уште пред осомничените да седнат на обвинителна клупа во судот. Единствен што не го употребил овој институт е првиот претседател на државата, покојниот Киро Глигоров. Сите негови наследници во своите мандати аболираа лица осомничени за криминал, а последниот...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...