fbpx
Таг: борбени авиони

таг: борбени авиони

На украинскиот фронт одново борби и напади, Русија го милитаризира високото образование

Британското разузнавање верува дека отворањето на Институтот за светска воена економија и стратегија на Московската Висока школа за економија е знак за потесна соработка меѓу рускиот академски и одбранбениот сектор, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во февруари 2024 година, формиран е нов воен истражувачки институт на Московската Висока школа за економија. Институтот за светска воена економија и стратегија е...

Со старо видео лажно се тврди дека израелската армија ги евакуира борбените авиони

Видеото е снимено пред неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Палестина. Нашата проверка покажа дека тоа е снимено во септември, во јужниот округ на Израел и не е поврзано со последниот напад на Хамас врз Израел, како што неточно тврди објавата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Израелската...

Тројца пилоти загинаа во судир на два авиони за борбена обука во Украина

Тројца пилоти загинаа во судир на два авиони за борбена обука L-39 во регионот Житомир во Украина, јави Укринформ цитирајќи го украинското Јавно обвинителство. Започната е кривична постапка на специјализираното обвинителство на одбраната со прелиминарна правна квалификација за прекршување на правилата за лет или подготовка за нив. Според податоците од истрагата, двата авиони за борбена обука L-39 се судриле за време...

Полска ќе даде четири авиона МиГ-29 на Украина, остатокот од НАТО срамежлив

Откако претседателот на Полска, Анджеј Дуда вчера соопшти дека во следниве денови неговата земја на Украина ќе ѝ подари десетина борбени авиони, од кои четири МиГ-29 ќе бидат испорачани следниве денови, западните земји, во прв ред, САД и Германија, немаат такви планови, но тоа сепак става морален притисок врз нив, пишува британскиот весник „Гардијан“. Данскиот премиер Мете Фредериксен за данска...

Не е вистина дека Русија ѝ ги донирала на С. Македонија борбените авиони во 2001 година

Единствените борбени авиони што ги поседувала државата се четирите „Сухој СУ-25“, но не е вистина дека македонската армија ги добила како донација од Русија за време на воениот конфликт во 2001 година. Армијата овие борбени авиони ги купи, и тоа од Украина, а не ги доби како донација. Русија нема никаква поврзаност со овие четири авиони, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Не е вистина дека Русија веќе ги срушила авионите што ѝ ги дониравме на Украина

Официјалните информации говорат дека четирите авиони воопшто не се пуштени во употреба од страна на Украинската војска. Тврдењето дека два од нив се веќе срушени е без никаков доказ или потврда. Иако на почетокот на овој пост е напишана фразата „објавено е“, сепак никаде нема информација каде е тоа објавено или кој го објавил тоа. Нема никаков податок како...

Грчки авиони ги извршиле првите тест-летови над Македонија

Со два лета во воздушниот простор над Македонија од 6.30 до 8.30 се извршија првите тест-летови на НАТО, кои ги извршија грчки авиони за потребите на мисијата „Воздушно патролирање“ (Air Policing) на НАТО, јави бугарскиот сајт „Актуално“, повикувајќи се на бугарската агенција БГНЕС. Целта на овие летови била да се проверат комуникациите и радарското покривање во македонскиот воздушен простор. Тие се...

НАТО од денеска редовно патролира на небото над Црна Гора

Борбени авиони на воздухопловните сили на Италија и Грција, во соработка со воздухопловството на Војската на Црна Гора, од денеска започнуваат со редовно патролирање во црногорскиот воздушен простор, како и негова заштита, соопшти црногорското Министерство за одбрана. По тој повод, како и по повод првата годишнина од членството на Црна Гора во НАТО, ќе биде организирана вежба на приземјување на...

Вучиќ во Москва ќе разговара за набавка на борбени авиони и на противавионски системи

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека за време на неговата претстојна посета на Москва ќе разговара и за набавка на шест борбени авиони од типот „миг 29“, како и на протиавионски системи „бук“, за потребите на војската на Србија. Вучиќ, кој на 21 декември ќе престојување во Москва, изјави дека Србија од Русија добила „многу добра цена“ за...

Се судрија два американски борбени  авиони

Два авиони на американската морнарица се судриле во близина на Сан Диего, јавуваат светските медиуми. Според првичните извештаи, еден од пилотите успеал да се евакуира, додека по другиот сè уште се трага. Во соопштението на морнарицата се наведува дека се судриле два авиони од типот „ф/а-18 хорнет“, за време на тренинг-мисија. Причината за инцидентот сè уште се истражува.

22 деца загинаа во Сирија при воздушни напади на училиште

Во воздушни напади кои погодија училиште во сириската провинција Идлиб, која се наоѓа под контрола на бунтовниците, загинаа 22 деца и шест наставници, соопшти УНИЦЕФ. - Тоа е трагедија и срамота. Ако е намерно направено, се работи за воено злосторство – изјави директорот на УНИЦЕФ, Ентони Лејк. Тој, исто така, истакна дека училиштето било напаѓано повеќепати и дека можеби се работи...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...