fbpx
Таг: бомбашки напад

таг: бомбашки напад

Бомбашки напад на полициска станица во Колумбија, најмалку петмина загинати

Најмалку пет полицајци загинале, а 41 е повреден во експлозија на бомба во полициска станица во колумбискиот град Баранкиља, соопштиле властите во земјата, пренесуваат агенциите. - Нема сомнеж дека станува збор за одмазда поради неодамнешните успешни полициски акции против трговијата со дрога - изјвил Алехандро Чар, градоначалник на Баранкиља. Како што јавуваат агенциите, еден од осомничените за нападот е уапсен....

Се зголемува бројот на загинати во нападот во Кабул

Најмалку 95 лица се убиени, а 158 се повредени во самоубиствениот бомбашки напад што денеска се случи во главниот град на Авганистан, Кабул, велат последните информации што ги пренесуваат светските медиуми. Нападот се случил кога амбулатно возило полно со експлозив успеало да го помине полицискиот пункт на улица затворена за јавен транспорт. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанските милитанти. Според очевидци, областа...

Најмалку 38 жртви во самоубиствен бомбашки напад во Багдад

Најмалку 38 луѓе се убиени и уште 105 се повредени во двојниот бомбашки напад во средиштето на Багдад, втор во последните три дена. Двата напади уследија по неколкуте седмици релативен мирна состојба во главниот град на Ирак. - Двајца самоубијци активираа експлозив кој го носеле на плоштадот Ал-Тајаран во центарот на Багдад - изјави генералот Сад Ман, портпарол на оперативната...

Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан

Најмалку 12 лица загинале, а 14 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што се случил денеска во источен Авганистан, јавуваат светските агенции. Напаѓачот го активирал експлозивот за време на погреб во провинцијата Нангархар. Официјални претставници на авганистанските власти соопштиле дека билансот на загинати можно е да се зголемува бидејќи голем е бројот на повредени кои се во критична состојба.

Најмалку 18 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 18 лица се убиени, а повеќе од 30 се повредени во самоубиствен бомбашки напад кој денеска се случил во светилиште во пакистанската провинција Балучистан, јавуваат светските агенции. Одговорноста за нападот ја презела екстремистичката група Исламска држава (ИД). Бомбашкиот напад бил изврешен на влезот на светилиштето, каде за време на нападот пристигале голем број верници за да му оддадат почит на...

Обвинетиот за нападот во лондонското метро изведен пред суд

Осумнаесетгодишниот Ахмед Хасан денеска е изведен пред судот во Лондон под обвинение за обид за убиство во врска со бомбашкиот напад во метро-станицата Парсонс грин, јави „Би-би-си“. Тој е обвинет и за предизвикување експлозија која може да го загрози животот или да предизвика сериозни повреди. Хасан пред судот го потврдил својот идентитет, датумот на раѓање и адресата на која живее. Во...

Уапсено уште едно лице осомничено за поврзаност со нападот во Лондон

Британската полиција уапсила уште едно лице под сомневање за поврзаност со бомбашкиот напад што се случи во петокот оваа недела, во метро-станицата Парсонс грин во Лондон, јавува „Би-би-си“. Станува збор за 21-годишно момче, кое синоќа било уапсено во западен Лондон. Осомничениот бил однесен во полициската станица во јужен Лондон, каде останува во притвор. https://twitter.com/BBCBreaking/status/909315500089511936 Вчераутро, во пристанишниот град Довер, полицијата уапси 18-годишно...

Полицијата уапси 18-годишно момче за нападот во лондонското метро

Британската полиција утрово уапсила 18-годишно момче под сомневање за поврзаност со бомбашкиот напад што вчера се случи во метро-станицата Парсонс грин, во југозападен Лондон, јавува „Би-би-си“. Засега нема информации за индентитетот на момчето, а полицијата неговото апсење го опишала како значајно. Момчето било уапсено во пристанишниот град Довер и е задржано во локалната полициска станица. „Имаме важно апсење во истрагата утрово. Иако сме...

Британската полиција трага по бомбашот одговорен за нападот во метро-станицата

Во тек е потрага по лицето одговорно за бомбашкиот напад што вчера се случи во метро-станицата Парсон грин во југозападниот дел на Лондон, во кој 29 лица беа повредени, јавува „Би-би-си“. Полицијата соопштила дека трага по осомничените и дека стотици полицајци ги прегледуваат снимките од безбедносните камери од метро-страницата. Заканата од терористички напад во Велика Британија е подигната на највисоко -...

Најмалку 15 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Могадишу

Најмалку 15 лица загинале во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во главниот град на Сомалија, Могадишу. Одговорноста за нападот ја презела исламистичката група Ал шабаб, јавуваат светските агенции. Во експлозијата повредени биле уште 18 лица, меѓу кои и седум жени. Повеќето настрадани во нападот се цивили. Сомалиското министерство за безбедност соопштило дека нападот се случил кога маж со комби,...

Најмалку 12 загинати во бомбашки напад во Кабул

Најмалку 12 лица загинале во бомбашки напад кој денеска се случил за време на погреб во главниот град на Авганистан, Кабул, јавуваат светските агенции. Три експлозии, како што пренесуваат агенциите, биле пријавени на гробиштата во областа Хаир Хан, каде бил погребот на син на локален политичар. Тој бил меѓу демонстрантите кон кои пукала полицијата за време на вчерашните протести во Кабул. Демонстрантите...

Најмалку 18 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 18 луѓе загинале, а повеќе од 50 се повредени, во експлозија на бомба на пазар во градот Парашинар, во северозападната племенска зона Курам во Пакистан, јавуваат светските агенции. Помошниот управник на областа, Шахид Кан, изјавил дека експлозијата одекнала додека пазарот бил полн со луѓе, додавајќи дека засега никој не ја презел одговорноста за нападот. Лекар во главната болница во Парашинар...

Бомбашки напад во Мали, 50 загинати, 100 ранети

Повеќе од 50 лица се убиени, додека повеќе од 100 војници и поранешни борци се повредени во напад со автомобил бомба на воен камп во северниот дел на Мали. Експлозијата се случила во воената база во градот Гао. Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но постојат сомневања дека станува збор за исламска екстремистичка група која била против потпишувањето...

Бомбашки напад во Багдад, 32 загинати

Најмалку 32 лица се убиени, а 61 се ранети во бомбашки напад во претежно шиитски кварт на Багдад, соопштија ирачките власти. Нападот го извел бомбаш самоубиец кој се разнел во автомобил бомба. Нападот се случи на денот на доаѓањето на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, во официјална посета на Багдад. Помеѓу жртвите има голем број новинари кои чекале да влезат на...

Бомбаш самоубиец во Сирија рани 12 лица

Во експлозија за која се верува дека ја извел бомбаш самоубиец на Исламска држава, на улица во градот Ал-Рај на северот од Сирија, ранети се 12 лица, поголемиот дел од нив деца. Ова го потврдија локални безбедносни и болнички извори. Градот Ал-Рај се наоѓа два километри јужно од турската погранична покраина Килс, област која ја контролираат сириските бунтовници, кои ги поддржува...

Авганистан: Најмалку четворица загинати во бомбашки напад на германскиот конзулат

Најмалку четворица цивили загинале, а 120 се ранети во самоубиствен бомбашки напад што ноќеска се случил пред германскиот конзулат во Авганистан, јавуваат светските агенции. Нападот го извршил бомбаш самоубиец, кој со камион наполнет со експлозив удрил во зградата каде е сместен германскиот конзулат во градот Мазар е Шариф, во северниот дел на Авганистан. По експлозијата, друго лице отворило оган кон...

Најмалку 24 загинати во двоен бомбашки напад во Кабул

Најмалку 24 лица загинале, а 91 се повредени во двоен бомбашки напад, кој денеска се случил во Кабул, во близина на министерството за одбрана на Авагнистан, јавува Би-би-си“. Првата бомба била активирана од далечина, а по кратко време бомбаш-самоубиец ја детонирал другата експлозивна направа, соопштиле од авганистанското министерство за одбрана за „Би-би-си“. Одговорноста за нападот ја презеле талибанците, кои стојат и...

Спречен бомбашки напад во Ерусалим

Еден 20-годишен Палестинец е уапсен на железничка станица во централниот дел на Ерусалим. Како што јавуваат израелските медиуми, кај него била најдена торба со експлозив. Полицијата соопшти дека Палестинецот бил испрашуван од чуварите кои рекле дека им предизвикал сомневања кога се обидел да влезе во возот. Додека го испрашувале, тој им признал дека носи експлозив. Специјални единици на полицијата пристигнале на станицата...

Шест турски војници загинаа во два бомбашки напади

Шест турски војници загинаа во бомбашки напади на курдските милитанти во Североисточна Турција. Турската војска соопшти дека четворица војници загинале кога нивното возило било уништено од бомба на пат во провинцијата Хакари, во близина на границата со Ирак. Друг војник и член на државната милиција биле убиени во експлозија на автомобил бомба во провинцијата Ван. Анкара за нападите ја обвини забранетата...

Две експлозии на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, десетици загинати и повредени

Најмалку 10 лица загинале, а повеќемина се повредени во самоубиствен бомбашки напад кој вечерва се случил на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, јавуваат светските агенции. Повеќе од 20 луѓе се повредени во нападот и, како што јавуваат медиумите, тие се носат во болница и со такси-возила. Турските медиуми јавуваат дека нападот го извеле двајца бомбаши самоубијци. Првичните информации велат дека покрај двете експлозии кои одекнале, било...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...