fbpx
Таг: бомбаш самоубиец

таг: бомбаш самоубиец

Десет повредени во самоубиствен напад во Бурса

Најмалку десет лица се повредени во турскиот град Бурса, откако жена, бомбаш самоубиец, се разнесе пред џамија во градот, јавуваат турските медиуми. Екипи на брза помош веднаш се упатиле на местото на нападот. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Турција во изминатиот период беше мета на неколку напади извршени од Исламска држава и од курдските бунтовници. САД синоќа ги предупредија своите...

Пакистан: 72 загинати во Лахорe, 29 се деца

Пакистан се разбуди во шок од самоубиствениот напад во Лахорe извршен на католички Велигден, во кој се убиени 72 лица, од кои 29 деца. Според последните полициски податоци, повеќето жртви се муслимани, додека талибанците кои ја презедоа одговорноста рекоа дека мета биле христијанското малцинство. Фракција на пакистанските талибанци ја презеде одговорноста за нападот извршен на влезот на паркот Гулшан ел...

Десетици загинати и стотина повредени во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 65 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во напад на бомбаш-самоубиец пред парк вo источниот пакистански град Лахоре, соопштија властите. Експлозијата се случила пред влезната капија на паркот, на неколку метри од детските лулашки. - Најмалку 38 лица се убиени, а повеќе од 100 се ранети, Повеќето се жени и деца – изјави Мустансар Фероз, началник на локалната...

Бомбашки напад на фудбалски натпревар во Ирак

Најмалку 41 лице загинаа, а 105 се повредени откако бомбаш-самоубиец синоќа се разнесе за време на фудбалски натпревар во ирачкиот град Искандарија, во близина на главниот град Багдад. Како што јавуваат странските медиуми, бомбашот-самоубиец бил меѓу публиката. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката организација Исламска држава. Европското првенство во Фудбал годинава се одржува во Франција, која минатата година беше мета...

Потврден идентитетот на вториот бомбаш самоубиец од бриселскиот аеродром

Белгиското федерално обвинителство денеска официјално го потврди идентитетот на вториот бомбаш самоубиец од терористичкиот напад на бриселскиот аеродром „Завентем“. Станува збор за Најим Лакрауи, роден 1991 година. „По анализата на ДНК и по другите истражни активности извршени во последните неколку часа, федералното обвинителство може да потврди дека вториот бомбаш самоубиец од аеродромот „Завентем“, кој се наоѓа лево на снимката со...

Нападот на аеродромот во Брисел го извел бомбаш самоубиец

Белгискиот федерален обвинител потврди дека експлозиите на бриселскиот аеродром биле изведени од бомбаш самоубиец, при што загинале 13, а повредени се 35 лица. Бриселскиот аеродром ќе биде затворен до утре во 6 часот наутро. По нападот на аеродромот, уште неколку експлозии одекнаа и во неколку метро-станици. Една од бомбите одекнала во метро-станица во близина на институциите на ЕУ. Европската комисија јави...

Маж се разнесе со експлозив во слаткарница во центарот на Белград

Денеска, околу 12.30 часот, маж на 50-годишна возраст се разнел со експлозив во слаткарница во центарот на Белград. Во инцидентот нема повредени. Според неофицијалните информации што ги објавија српските медиуми, самоубиецот влегол во слаткарницата „Петковиќ“, лоцирана на аголот од улиците Таковска и Илија Гарашанин, ги истерал гостите надвор и на вработените во слаткарницата им ја покажал бомбата што ја носел...

Во самоубиствен бомбашки напад во Истанбул загинаа најмалку четири лица

Денеска, при самоубиствен бомбашки напад на главната трговска улица во центарот на Истанбул, најмалку четири лица загинаа, а 20 други се повредени. Нападот се случил на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници на познати домашни и на странски брендови. Меѓу загинатите при експлозијата се претпоставува дека е и бомбашот самоубиец. Турските власти неодамна...

Заложничка драма во Париз, бомбаш упаднал во училиште

Во париското предградие Енгхиен-ле-Баинс се одвива заложничка драма, откако бомбаш упаднал во гимназија. Полицијата засега не открива за кое училиште станува збор ниту, пак, колку лица држи бомбашот, кој се заканува дека ќе се разнесе. Сепак, според најновите информации во медиумите, драмата не се одвива во самото училиште, туку во негова непосредна близина. Антитерористичките единици се на терен, јавуваат медиумите. ? Contrairement aux...

Бомбаш самоубиец усмрти 60 лица во Хила

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на бомбаш самоубиец врз полициски контролен пункт во градот Хила, јужно од Багдад, каде што се загинати повеќе од 60, а ранети преку 70 лица. Џихадистите ја презеле одговорноста за нападот преку интернет-страницата на новинската агенција „Амак“, која ја поддржува Исламска држава. Фалах ел Ради, официјално лице од ирачките безбедносни служби, изјавил дека станува збор за...

Во бомбашки напад во Кабул загинаа 20 лица

Најмалку 20 лица се убиени во напад на талибански бомбаш-самоубиец на полициската база во западниот дел на Кабул, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи. „Како резултат на терористички напад, 20 луѓе загинаа, а 29 се повредени“, се наведува во соопштението. Бомбашот-самоубиец ја активирал бомбата додека чекал ред да влезе во канцеларијата на полицијата. Авганистанската престолнина во текот на јануари ја потресоа серија...

Бомбаш самоубиец усмрти 10 лица во Кабул

Десет лица се убиени, а 20, од кои повеќето цивили, се ранети откако бомбаш самоубиец се разнесе пред полициска станица на западот на Кабул, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи на Авганистан, Ајуб Саланги, на „Твитер“. Ова е уште еден од серијата напади што го погодија авганистанскиот главен град откако кабулските власти настојуваат да го заживеат мировниот процес со талибанците, прекинат минатата...

Турција го откри идентитетот на бомбашот од Анкара

Турските власти го идентификуваа едниот од двајцата бомбаши-самоубици што извршија два бомбашки напади во Анкара, во кои загинаа 102 лица. Медиумите во Турција наведуваат дека братот на едниот од напаѓачите исто така бил бомбаш-самоубиец во претходен напад. Канцеларијата на државниот обвинител во Анкара објави дека еден од напаѓачите е Јунус Емре Алагоз, додека властите се обидуваат да го утврдат идентитетот на другиот...

Во повеќе бомбашки напади во Багдад, убиени се најмалку 35 лица

Најмалку 35 лица загинаа во повеќе бомбашки и самоубиствени напади во Багдад, чија мета биле шиитски квартови. Најсмртоносниот од нив се случил во северниот кварт Шааб, каде што во експлозија на автомобил-бомба, по која следел и самоубиствен напад, загинале 19 лица, соопштиле безбедносни и болнички извори. Автомобилот експлодирал во близина на пазар полн со луѓе, а кога не местото на нападот...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...