fbpx
Таг: бомбаш самоубиец

таг: бомбаш самоубиец

Над 100 загинати во нападите на аеродромот во Кабул, 13 од нив војници на САД

Повеќе од 100 луѓе, од кои 90 Авганистанци и најмалку 13 војници на САД, ги загубија животите во вчерашните бомбашки напади пред аеродромот во Кабул, главниот град на Авганистан, како и во неговата близина, кажуваат најновите податоци од утринава, известува Би-Би-Си. Една експлозија во толпата луѓе што чекаа шанса да бидат евакуирани со авион од аеродромот што го контролираат вооружените...

Најмалку 11 загинати и 25 повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

Најмалку 11 лица загинале, а 25 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштил портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, Наџиб Даниш, пренесуваат светските агенции. Според авганистанските власти бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот откако се приближил до група припадници на безбедносните служби. Во нападот се убиени најмалку петмина полицајци. Од...

Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан

Најмалку 12 лица загинале, а 14 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што се случил денеска во источен Авганистан, јавуваат светските агенции. Напаѓачот го активирал експлозивот за време на погреб во провинцијата Нангархар. Официјални претставници на авганистанските власти соопштиле дека билансот на загинати можно е да се зголемува бидејќи голем е бројот на повредени кои се во критична состојба.

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија, загинаа 50 луѓе

Најмалку 50 лица загинале во североисточниот нигериски град Муби, кога бомбаш самоубиец, тинејџер, се разнел во џамија, соопштија локалните власти. Според портпаролот на нигериската полиција, Отман Абубакар, сè уште не се знае колку лица се повредени затоа што се префрлени во многу болници. Абубакар изјави дека бомбашот самоубиец го детонирал експлозивот додека се наоѓал со други верници во џамијата, а верниците...

Во Турција спречен напад на бомбаш самоубиец

Турската полиција уби бомбаш самоубиец кој, според наводите на безбедносните извори, се подготвувал да изврши напад на полициска станица во градот Мерсин. Полициската станица се наоѓа веднаш до регионалното седиште на турската национална разузнавачка агенција МИТ. Државниот обвинител на Мерсин, Мустафа Ерчан, изјави дека властите работат на случајот и дека постои сомнеж оти напаѓачот е припадник на Исламска држава. Инцидентот се случил...

Бомбаш самоубиец совладан во Брисел

Белгиската војска неутрализирала личност која носела појас со експлозив на главната железничка станица во Брисел. Медиумите пренесуваат дека полицијата стрелала кон мажот со експлозив и дека одекнала и помала експлозија на станицата, која е веднаш евакуирана. - Се случи инцидент на централната станица. Личноста носела експлозив околу појасот. Војниците успеаја да ја неутрализираат личноста – изјави портпаролот на полицијата. Полицијата го евакуирала...

Најмалку 15 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Могадишу

Најмалку 15 лица загинале во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во главниот град на Сомалија, Могадишу. Одговорноста за нападот ја презела исламистичката група Ал шабаб, јавуваат светските агенции. Во експлозијата повредени биле уште 18 лица, меѓу кои и седум жени. Повеќето настрадани во нападот се цивили. Сомалиското министерство за безбедност соопштило дека нападот се случил кога маж со комби,...

Најмалку тројца загинати во напад на џамија во Кабул

Најмалку три лица загинале, а десет се ранети во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во шиитска џамија во главниот град на Авганистан, Кабул, јавуваат светските агенции кои се повикуваат на изјава на портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, Наџиб Даниш. Напаѓачот се обидел да влезе во просторијата за молитва во џамијата, но бил спречен од полицијата. Притоа...

Објавена слика од Салман Абеди, бомбашот од Манчестер

Салман Абеди е идентификуван како осомничен за самоубиствениот бомбашки напад на концерт во Манчестер во кој загинаа 22 лица, а 59 беа повредени. Британските медиуми денеска објавија фотографија од 23-годишниот Абеди за кој британската премиерка Тереза Меј потврди дека е роден и пораснал во Британија. Абеди е од Манчестер, а родителите му се со либиско потекло. Неговите родителите емигрирале од Либија...

Најмалку 38 лица загинаа, а 166 се ранети во двете експлозии во Истанбул

Триесет и осум лица загинаа, а 166 се ранети во двете експлозии кои синоќа се случија во близина на стадионот на клубот „Бешикташ“ во центарот на Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Целта на нападот бил полициски автобус и најголем дел од загинатите биле полицајци. - Прво експлодирал автомобилот-бомба, а една минута подоцна се разнел бомбашот-самоубиец - информираше...

Авганистан: Најмалку четворица загинати во бомбашки напад на германскиот конзулат

Најмалку четворица цивили загинале, а 120 се ранети во самоубиствен бомбашки напад што ноќеска се случил пред германскиот конзулат во Авганистан, јавуваат светските агенции. Нападот го извршил бомбаш самоубиец, кој со камион наполнет со експлозив удрил во зградата каде е сместен германскиот конзулат во градот Мазар е Шариф, во северниот дел на Авганистан. По експлозијата, друго лице отворило оган кон...

Најмалку 17 загинати и 50 ранети при експлозија во Багдад

Најмалку 17 лица загинаа, а повеќе од 50 се ранети кога бомбаш самоубиец активираше експлозив во толпа шиитски муслимани во Багдад. Експлозијата се случила во шатор полн со луѓе, кои учествувале во шиитски ритуали ашура, кои го претставуваат оплакувањето на Хусеин, внук на пророкот Мухамед. Светските медиуми наведуваат дека шаторот бил поставен на пазар преполн со луѓе во северен кварт на ирачката престолнина.

Во напад на бомбаш самоубиец во Турција, 18 лица загинаа, а 26 се ранети

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави во Истанбул дека во експлозија на автомобил бомба на југоистокот на Турција загинале 18 лица, а 26 се ранети. Тој го осуди нападот и нагласи дека Турција ја продолжува борбата против тероризмот. https://twitter.com/StopTurkishGov/status/785078512604614656 - Нападот го изврши бомбаш самоубиец кој крена во воздух комби со пет тони експлозив во близина на воен пункт – изјавил Јилдирим. Во нападот...

Најмалку 24 загинати во двоен бомбашки напад во Кабул

Најмалку 24 лица загинале, а 91 се повредени во двоен бомбашки напад, кој денеска се случил во Кабул, во близина на министерството за одбрана на Авагнистан, јавува Би-би-си“. Првата бомба била активирана од далечина, а по кратко време бомбаш-самоубиец ја детонирал другата експлозивна направа, соопштиле од авганистанското министерство за одбрана за „Би-би-си“. Одговорноста за нападот ја презеле талибанците, кои стојат и...

Најмалку 22 од жртвите во нападот во Газиантеп се помлади од 14 години

Најмалку 22 од жртвите на нападот на свадба во турскиот град Газиантеп биле помлади од 14 години, соопштија официјални лица. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека бомбашот самоубиец бил дете на возраст меѓу 12 и 14 години. Според првичните информации за нападот во кој загинаа 51 лице е одговорна Исламска држава.

Дете на возраст меѓу 12 и 14 години го извршило терористичкиот напад во Турција

Бомбашот-самоубиец, кој во нападот на свадба во турскиот град Газиантеп уби 51 и повреди 100 лица, бил дете на возраст меѓу 12 и 14 години, информирал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а пренесуваат светските медиуми. На местото на нападот денеска биле пронајдени остатоци од експлозивот, јавуваат локалните медиуми. Ердоган исто така изјавил дека, не прави разлика меѓу муслиманскиот проповедник во егзил Фетулах...

Најмалку 50 лицa загинаа, а 100 се ранети во терористички напад на свадба во Турција

Бомбаш-самоубиец се разнесе за време на свадба во градот Газиантеп во јужниот дел на Турција и притоа уби 50, а рани 100 лица, пренесуваат светските медиуми. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека, верува дека припадници на Исламска држава го извеле бомбашкиот напад чија што мета биле гости на свадба кои во знак на славење излегле низ улиците на градот. Според...

Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Ирак

Најмалку 12 лица загинале, а повеќе од 32 се повредени, откако бомбаш самоубиец утрово активирал појас со експлозив при напад на џамија во Абу Граиб, на околу 25 километри од Багдад, соопшти ирачката полиција. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, кој е прв околу Багдад, откако ирачките сили во неделата соопштија дека градот Фалуџа е целосно ослободен од...

Најмалку 14 загинати во терористички напад во Сомалија

Најмалку 14 лица загинале во силна експлозија што вчера се случила во близина на хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите се и тројца припадници на обезбедувањето на хотелот. Полицијата соопштила дека бомбаш самоубиец активирал возило полно со експлозив пред влезот на хотелот, по што вооружени лица влегле во објектот и отвориле оган. Безбедносните сили успеале да убијат...

Камерун: Со отровна стрела убиле бомбаш самоубиец

Група жители на северот на Камерун, во самоодбрана со отровна стрела убиле жена која била опашана со експлозив, соопштија властите. Четириесетгодишната жена, заедно со 14-годишно девојче, влегла во Камерун од соседна Нигерија. Жители на градот Мора ја стрелале жената со отровна стрела, откако таа одбила да запре на нивното барање. Девојчето кое било со неа загинало откако таа го активирала својот експлозив.  

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...