fbpx
Таг: БокоХарам

таг: БокоХарам

Боко харам објави видеоснимки од сурови казнувања

Екстремистичката организација Боко харам објави видеозапис на кој прикажува две отсечени десни раце на мажи, кои на тој начин се казнети поради крадење пари. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како локалното население е насобрано околу вооружените борци, од кои еден објаснува дека тие се соочуваат со „пропишаната божја казна“. Првата ампутација на раката не е прикажана на снимката. Боко...

Нигерија објави фотографии на најбараните терористи од Боко харам

Фотографии на 100 најбарани припадници на исламистичката група Боко харам, објави денеска нигериската армија, која во изминатите неколку месеци ги интензивира своите напори за уништување на терористичката организација. Армијата, со фотографиите, упатила и барање до граѓаните да се јават на специјално отворените телефонски линии доколку забележат некои од осомничените милитанти, пренесува „Би-Би-Си“. Нигерискиот претседател, Михамаду Бухари, кој стапи на должност во мај...

Чад: 40 загинати и 50 повредени во самоубиствен напад

Најмалку 41 лице загинаа, а 50 се повредени во вчерашниот самоубиствен напад на пазар во градот Бага Сола, јавуваат светските медиуми. Локалните власти, кои претпоставуваат дека зад нападот стои екстремистичката група Боко харам, соопштија дека меѓу загинатите се и петте бомбаши-самоубици - еден маж, две жени и две деца. Боко харам, која изрази лојалност кон Исламска држава, ги интензивираше нападите откако...

Најмалку 47 загинати во експлозија на пазар во Нигерија

Најмалку 47 лица загинале во експлозија што денеска околу пладне одекнала на пазар во државата Борно, во североисточниот дел на Нигерија, јавуваат светските агенции. Експлозијата се случила на сточниот пазар во градот Сабон Гари на југот на Борно, а покрај за загинати, агенциите јавуваат и за најмалку 52 повредени лица. Според првичните информации, одговорна за нападот најверојатно е милитантната исламистичка организација...

Нигериската армија ослободила 178 заложници на Боко харам, главно жени и деца

Нигериската војска денеска соопшти дека нејзини трупи спасиле 178 луѓе, заробени од исламистичката милитантна група Боко харам, во северниот дел на државата Борно. Како што јавуваат медиумите, во изјавата објавена денеска, се наведува дека 101 од ослободените лица биле деца, а 67 биле жени. Во изјавата не се наведува дали меѓу ослободените се и девојчињата што беа грабнати од училиштето...

Триесет убиени во две експлозии во Нигерија

Најмалку 30 лица се убиени, а повеќе од стотина се повредени во синоќешните експлозии на две автобуски станици на североисточниот нигериски град Гомбеу, соопшти денеска Црвениот крст. - Бомбите однесоа најмалку 30 животи, додека 105 се повредени и се хоспитализирани - соопшти претставник на Црвениот крст. Според очевидците, бројот за мртвите е далеку поголем од официјално објавените бројки. Во серијата напади што беа...

Нигерија бара оружје за борба со Боко харам, САД не даваат

Соединетите американски држави (САД) „им помагаат и ги потикнуваат“ милитантите на исламистичката група Боко харам, со тоа што одбиваат да ѝ дадат оружје на Нигерија за борба со милитантите, изјавил нигерискиот претседател Мухамаду Бихари, јавуваат медиумите. Како што пренесува „Би-Би-Си“, законите во САД забрануваат продажба на оружје на земји што тешко се справуваат со кршењето на човековите права. Нигерискиот претседател во понедeлникот...

Нигерискиот претседател им даде откази на воените команданти

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари ги сменил командантите на армијата, морнарицата и на воената авијација и се очекува наскоро да ги именува нивните наследници, соопштил неговиот портпарол за „Би-Би-Си“. Според британскиот национален медиумски сервис, потегот на Бухари не е изненадување бидејќи нигерискиот претседател неколкупати ја критикуваше „неспособноста на војската“ да ги порази милитантите на исламистичката организација Боко харам. Откако зазедоа голем дел...

Нигериската војска ослободи 180 затвореници

Нигериската војска ослободила 180 затвореници, соопштувајќи дека тие веќе не се осомничени за поврзаност со екстремистичката група Боко харам. Помеѓу ослободените затвореници има и жени со бебиња и со мали деца. Затворениците се ослободени по завршување на истрагата, која покажала дека не се виновни по обвинувањето, по што тие се пренесени во државата Борно, каде што ќе им се придружат на своите...

Нигерија: 44 загинати во два одвоени напади

Најмалку 44 лица загинаа, а околу 70 се повредени во синоќешните два бомбашки напади на џамија и на ресторан во нигерискиот град Џос, во централниот дел на земјата, соопштија денеска нигериските власти. Првиот напад бил на џамијата „Јантај“, во моментот кога муслиманскиот свештеник повикал на мирен соживот меѓу верниците од различни вери. Верници имало и пред џамијата. Вториот напад бил на...

Убиени 150 луѓе во новиот напад на Боко харам во Нигерија

Речиси 150 Нигеријци се убиени во новиот напад на Боко харам во села на североистокот на Нигерија. Поголемиот дел од убиените биле мажи кои се молеле во џамија. Повеќе од десетина екстермисти упаднале во три села во нигериската сојузна држава Борно, каде палеле куќи. Вооружените напаѓачи убиле најмалку 97 селани во селото Кукава. Екстермистите убивале машки лица што се молеле во џамиите, но припадниците на...

42 лица загинаа во напад на екстремисти од Боко харам

Најмалку 42 лица се убиени денеска во напад на екстремистите од Боко харам во нигериската држава Борно, во северозападниот дел на земјата, еден ден откако 12-годишно девојче активираше експлозив и уби најмалку десет и рани уште 30 лица. „Примивме извештаи за нападите за кои постои сомневање дека ги извршиле вооружени напаѓачи од Боко харам во две села во кои се...

Припадници на Боко харам залапиле шест села во Нигерија

Припадници на исламистичката група Боко харам запалиле шест села на североистокот на Нигерија и убиле 37 лица во близина на нивното упориште во шумата Самбиса, јавуваат светските медиуми. Ахмед Аџими, кој успеал да побегне, вели дека нападот се случил во средата навечер. Тој вели дека се убиени селаните кои неодамна се вратиле во своите домови, откако војниците на почетокот од годинава ги...

Масакр на Боко харам на остров во езерото Чад

Во напад на островот Карамага, на езерото Чад, припадници на терористичката група Боко харам убиле голем дел од жителите, како оние кои се обиделе да најдат спас во водите на езерото, така и оние кои се скриле во куќите. По доаѓањето на островот, припадниците на Боко харам прво се пресметале со нигериските владини сили, кои ги затекнале неподготвени, а потоа тргнале...

Боко харам досега убила повеќе од 7.300 цивили

Повеќе од 7.300 цивили од Нигерија и од соседните држави се убиени во нападите на исламистичката организација Боко харам, кои почнаа на почетокот од минатата година, соопштија Обединетите нации, наведувајќи дека околу 1.000 од жртвите се убиени годинава. Според податоците на ОН, во нападите на Боко харам се уништени повеќе од 300 училишта, а во деловите кои се под нивна контрола, работат само...

Боко харам киднапирала 500 деца

Околу 500 деца на возраст до 11 години се водат како исчезнати од нигерискиот град Дамасак откако го напуштија борците на Боко харам. Трговец од тој северноисточен град соопшти дека организацијата Боко харам при заминувањето со себе собрала и деца. Војници од Нигерија и од Чад го зазедоа Дамасак на почетокот од месецов и ставија крај на повеќемесечната контрола на борците на групата.

Боко харам ѝ се заколна на верност на Исламска држава

Лидерот на исламистичката нигериска група Боко харам, Абубакар Шека, ѝ вети лојалност на Исламска држава во аудиопорака што ја објави во саботата. - Изјавуваме дека сме посветени на калифот на муслиманите, Ибрахим Ибн Авад ал Хусеини Кураши - соопшти гласот во пораката објавена на твитер-профилот на „Боко харам“. Кураши, познат како Абу Бакр ал Багдади, е лидер на џихадистичката група Исламска држава, која прогласи калифат...

Нигерија: Стотина убиени при офанзивата против Боко харам

Неколку стотини лица се убиени при воената операција на чадската армија во нигерискиот град Диква, кој претставува едно од главните упоришта на Боко харам. Еден чадски војник е убиен, а 34 се ранети, при повлекувањето на екстремистите, кои зад себе оставиле стотици мртви цивили, јавуваат воени извори.

Нигерија: Убиени 207 припадници на Боко харам

Вкупно 207 припадници на радикалната екстремистичка група Боко харам вчера се убиени во акција на војската на Чад во североисточниот дел на Нигерија. Како што јавуваат локалните медиуми, воените сили, во близина на границата со Камерун, заплениле големо количество оружје и муниција. Во офанзивата, еден војник на Чад загинал, а девет се ранети.

Боко харам искористи дете за самоубиствен напад

Девојче, за кое се верува дека не е постаро од осум години, почина откако било принудено да изврши самоубиствен напад во Нигерија. Во експлозијата загинаа уште седум лица, а 19 се повредени. Нападот се случи на пазар во градот Потискум, на североистокот на земјата. Бомбата била детонирана додека девојчето со експлозивната направа стоело во близина на контролата на влезот на пазарот. Иако...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...