fbpx
Таг: Боки 13

таг: Боки 13

Камчев ја повлече тужбата за Кичеец, расправии на денешното рочиште со Катица Јанева и Бојан Јовановски

Во Основниот граѓански суд Скопје денеска се одвиваше судско рочиште по поднесената тужба на Орце Камчев против Бојан Јовановски (Боки-13), Катица Јанева, згаснатото СЈО, редовното обвинителство и државата. Камчев бара отштета од 1,5 милиони евра, односно си ги бара назад парите од 1,5 милион евра кои ги дал на Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, кои се веќе осудени во...

Боки 13 оди во домашен притвор, одлучи Апелациониот суд

Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на Бојан Јовановски - Боки 13 и од истражниот затвор „Скопје“ го испрати во домашен притвор. „Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител,...

Русковска за предметот „Меѓународен сојуз“: Парите завршиле во куќата на родителите на Јовановски

Судењето за случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски (Боки 13) во која се обвинети Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и Фросина Ременски и Христина Блажеска, за делата „перење на пари“ и „измама“, започна денеска по одложувањето на 1 јули. Обвинителката Вилма Русковска останува на случајот, иако обвинетите побараа таа да биде изземена, поради што беше...

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години затвор, Бојан Јовановски – девет години

По шест месеци судење, денеска беа објавени пресудите за случајот „Рекет“. Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета за злоупотреба на службена положба и овластувања доби казна затвор од седум години, додека Бојан Јовановски - Боки 13, за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, доби девет години затвор. Пресудата е првостепена, односно уште не е правосилна, а предмалку...

Сензационализам за Боки 13 и за „Рекет“ во белградски „Блиц“

Српскиот дневен весник „Блиц“ на 24 јануари 2020 година на својот портал објави напис за актуелното судење на Бојан Јовановски (Боки 13) во скандалот „Рекет“, чиј наслов гласи „БОКИ 13 ИЗМОРЕН И ОТЕЧЕН – Главниот актер на АФЕРАТА РЕКЕТ е издеформиран, тврди дека е болен и дека 55 пати одел во болница, одбива понатамошни испитувања“. И покрај сензационалистичкиот наслов, написот во суштина...

Ременски: Обвинението против мене е конструкција без докази

Пратеничката од СДСМ и поранешен заменик-претседател на Собранието, Фросина Ременски, вели дека за денеска поднесениот обвинителен акт против неа во случајот „Меѓународен сојуз“ дознала од медиумите, а наводите во него ги отфрла како обична конструкција за којашто нема докази. „Во однос на одлуката на ЈО можам само да искоментирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за...

Судењето за „Рекет“ против Боки 13, Катица Јанева и Кичеец почнува на 3 декември

Основниот кривичен суд - Скопје соопшти дека судењето против Бојан Јовановски -Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и бизнисменот Зоран Милевски - Кичеец, кои се обвинети за рекетирање, ќе почне на 3 декември. Скопскиот Кривичен суд соопшти дека за случајот „Рекет“ е назначен судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска - Масевска.

Судот ги одби приговорите на Боки 13, Катица Јанева и Кичеец, судењето почнува наскоро

Основниот кривичен суд Скопје ги одби сите приговори на Бојан Јовановски - Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски - Кичеец за обвинителниот акт против нив во случајот „Рекет“ и во целост го прифати обвинението, што значи дека наскоро ќе почне судењето. Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје на денешната седница ги отфрлила сите приговори...

Јанева и Боки 13 остануваат во притвор, одбиени барањата за укинување на мерката

Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени од  нивните бранители, за укинување...

УЈП: Трите фирми поврзани со Боки 13 затаиле 323.000 евра данок

Управата за јавни приходи најави кривични пријави против невладината организација „Меѓународен сојуз“, „БМЈ медиа груп“ и против „Томато продукција“ во чии простории е сместена телевизијата. Според даночните власти, овие три субјекти затаиле околу 20 милиони денари, односно околу 325.000 евра данок. Овие три правни субјекти директно или индеректно се поврзани со првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски - Боки 13. „Пронајдовме фактури за...

Одземен пасошот на Фросина Ременски, не смее да го напушта Скопје

Основниот кривичен суд Скопје попладнево информираше дека на пратеничката и заменик-претседател на Собранието, Фросина Ташевска – Ременски, како и на Миле Јовановски, таткото на таткото на Бојан Јовановски – Боки 13 им се одземени пасошите, не смеат да го напуштаат Скопје и секоја недела мора да се јавуваат во суд. За третиот од проширениот состав на осомничени за случајот...

„Рекет“ се проширува со уште четири лица и „Меѓународен сојуз“ на Боки 13

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска почна истражна постапка против пет лица и едно правно лице за измама. Всушност, станува збор за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски - Боки 13, односно за него како претседател и други лица од Сојузот, но и еден функционер, кои се товарат за измама, перење пари и помагање...

Српски „Ало“ со насловот и илустрациите ја упропасти веста за распитот на Јанева и Боки 13

Српскиот портал „Ало“ објави текст со  проблематичен наслов: „ Сменета специјалната обвинителка Боки 13 со лисици! Аферата „Рекет“ доби неочекуван епилог! Македонија се тресе! (ВИДЕО)  - SMENJENA SPECIJALNA TUŽITELJKA Boki 13 u lisicama! Afera "Reket" dobila neočekivani epilog! Trese se Makedonija! (VIDEO) Фактички, содржинскиот дел на написот е сосема коректен,  но тој е врамен со погрешна,  збунувачка и манипулативна насловна конструкција....

Ѓилас најави тужба за српски „Курир“ кој тврди дека и тој се офајдил од парите од „Рекет“

Српскиот портал „Курир“, продолжувајќи го серијалот манипулативни написи за случајот „Рекет“  вчера (19.08.2019) објави текст со сензационалистички наслов испишан со големи букви: „ОТКРИВАМЕ КОЈ СЕ ОФАЈДИЛ ОД АФЕРАТА „РЕКЕТ“: Боки 13 им давал пари на Вук, Ѓилас и Бошко, А СЕ ГЛЕДАЛ И СО ЧЕДО“ (OTKRIVAMO KO SE OVAJDIO OD AFERE "REKET": Boki 13 novac davao Vuku, Đilasu i Bošku! VIĐAO SE I SA ČEDOM).   Оваа објава ги обвинува лидерите на српската опозиција за вмешаност во скандалот во кој главен...

Најголемите дезинформации за „Рекет“ во српските медиуми

Случајот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција „Рекет“ во кој осомничени се Боки 13 и Зоки Милески – Кичеец, сведок е Орце Камчев, а вмешаноста на СЈО и обвинителката Катица Јанева дополнително ќе се докажува, крена огромна прашина за време на топлите, вообичаено мирни августовски денови, пишува „КриТинк.мк“ во анализата „ТОП 9 дезинформации за „Рекет“ во...

Како за „Ало“ случајот „Рекет“ стана „Ракета“, торбата „Луи Витон“ доби уред за следење и други глупости…

Хајката која српските таблоиди, здушни поддржувачи на тамошниот премиер Александар Вучиќ, ја водат против актуелните власти во Северна Македонија, користејќи го случајот „Рекет“ како алатка за напади, е главниот пропаганден лост на регионално ниво кој треба да создаде атмосфера дека владата во Скопје само што не паднала, дека премиерот Заев веќе поднел оставка и дека само што не завршил...

Одложено сведочењето на обвинителот Рустеми за „Рекет“

Одложено е сведочењето на Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство, Бурим Рустеми, кое требаше да се случи денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Рустеми требаше да дава исказ за „Рекет“, но тоа е одложено поради денешното судско рочиште за случајот ТНТ, во кое Рустеми е обвинител. Одложувањето е поради неговите обврски на денешното рочиште...

Обвинителот Бурим Рустеми ќе даде исказ за „Рекет“

Обвинителот Бурим Рустем од Специјалното јавно обвинителство денеска треба да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за случајот „Рекет“. Од понеделникот досега за истрагата дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска. Стефанова, која директно е спомената и од Катица Јанева и од Боки 13 во снимките од „Рекет“ сведочеше пет часа, но потоа не...

Заев: Нема да дозволам владата да ја срушат неколку криминалци, еден суетен новинар и – да ми извинат од ЛГБТ заедницата – еден педер

Премиерот Зоран Заев вчера излезе со многу нервозна и груба изјава - дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13. - Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име и целосно стојам зад тоа....

По пет часа распит, Стефанова не откри детали за исказот во Обвинителството

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова, денеска, излегувајќи од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) по пет часа распит, не соопшти детали за нејзиниот исказ пред колегите за случајот „Рекет“. Поради „Рекет“ во притвор се Бојан Јовановски - Боки 13, Зоран Милевски - Кичеец, а италијанскиот весник „Ла Верита“ објавува снимки од примопредавање пари и...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...