fbpx
Таг: бојкот

таг: бојкот

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да го бојкотираат законот за јазиците

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во име на партијата ги повика институциите на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат законот за јазиците и порача дека доколку одговорните во институциите поради тоа се соочат со проблеми или закани, правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ им стои на помош. - Овој закон...

Тетовските средношколци протестираа против загадувањето на воздухот

Група тетовски средношколци денеска го изразија незадоволството од состојбата со аерозагаувањето во градот со мирен протест на градскиот плоштад, од каде се упатија до Општина Тетово. Велат дека локалната власт не презема никакви мерки за подобрување на состојбата и ако продолжи така, ќе почнат со бојкот на наставата. -Надлежните за седум дена да преземат конкретни мерки или ќе почнеме со...

Хан: Не нови избори, туку градење двотретинско мнозинство во парламентот

Нови избори во Македонија ќе бидат одолговлекување на патот кон почетокот на преговорите со ЕУ, порачува комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан за австрискиот весник „Куриер“, велејќи дека го советувал македонскиот премери Зоран Заев да не свикува вонредни парламентарни избори, туку да изгради двотретинско мнозинство во Собранието кое би го поддржало Договорот со Грција. -Новите избори ќе бидат одолговлекување...

Мицкоски си поигрува со полускриен шовинизам и лажни бројки

Христијан Мицкоски, лидерот на главната опозициска партија кој пасивно повикуваше на бојкот, а на денот на гласањето и активно го промовираше, во својот триумфализам по објавувањето на резултатите од референдумот настапи со извртени вистини и со доза на прикриен шовинизам кој покажува дека Македонците не се тие кои што гласале на овој референдум „за“, пишува „Вистиномер“. Во обраќањето до јавноста...

Заев: Предвремени избори доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува одлуката на граѓаните

Референдумот е највисоката демократска алатка. Гласот даден на референдум е конечен, а волјата на граѓаните мора да биде почитувана од сите. Во демократија одлуките се носат со гласање. Им честитам на сите граѓани, имавме успех за европска Македонија. Ова го изјави премиерот Зоран Заев по затварањето на гласачките места на денешниот референдум на кои граѓаните требаше да се изјаснат, „Дали...

АВМУ: Прекршочни пријави за „1ТВ“ и ТВ „Сонце“ за недозволено референдумско рекламирање

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ќе покрене прекршочни постапки против „1ТВ“ и ТВ „Сонце“ за констатирани прекршувања на референдумското рекламирање во периодот од 15 до 20 септември годинава. „АВМУ констатираше дека по јавното укажување од 14 септември, два радиодифузери од оние кои се предмет на надзор за начинот на покривање на референдумот не го усогласија емитувањето на...

Иванов: Нема да излезам да гласам на референдумот на 30 септември

Претседателот Ѓорге Иванов нема да гласа на референдумот за промена на името. Тој пред Обединетата Македонска Дијаспора во Детроит рече дека пред 27 години гласал за независна држава со достоинство и дека нема да отстапи од ветувањето кое го дал пред граѓаните. – Што се однесува до мене, јас веќе гласав. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година....

Жителите на Иловица и Штука демантираат дека поставиле ултиматум за референдумот

Жителите на селата Иловица и Штука го демантираат соопштението на „Здрава Котлина“ дека поставиле ултиматум до премиерот Зоран Заев, да се изјасни за рудникот Иловица или нема да излезат на референдум. „Имено, единствено точна е информацијата дека се одржа средба на жителите на селата Иловица и Штука, но таа беше поврзана со претстојниот референдум на 30 септември 2018 година. Според нас,...

ВМРО-ДПМНЕ го пречекори рокот за да каже став за референдумот

Вчера помина рокот што на почетокот на минатиот месец Христијан Мицкоски го соопшти како датум кога ВМРО-ДПМНЕ ќе каже ставот за референдумот. Се очекува денеска да заседава Извршниот комитет на најголемата опозициска партија, по што можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе соопшти дали во целост го поддржува или го отфрла референдумот, или пак ќе остави нејзините членови и симпатизери да донесат самостојна одлука...

Еко-активисти предупредуваат: И власта и опозицијата одработуваат за концесионерите

Цијанидната коалиција СДСМ-ДПМНЕ, асистирана од ДУИ, уште еднаш потврди дека нивните кавги само ја замајуваат јавноста во вид на димни бомби, а всушност се работи за коњуктурно-лукративна групација со ротирачка методологија, огорчено реагираат еко-активистите од југоисточна Македонија по информациите дека Собранието не гласаше за измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини поради немање кворум за работа иако беа...

Заев: Ако референдумот не успее, веројатно со тоа завршуваме со политиките

Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители политички во државата вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на...

СДСМ ќе потроши до 400.000 евра за референдумот

СДСМ не планира да потроши повеќе од 300 до 400 илјади евра за кампањата за референдумот. Кампањата треба да помине во пријатна и привлечна атмосфера, по која граѓаните ќе гласаат „за“. Ова вчера од Крива Паланка го истакна премиерот Зоран Заев кој појасни не би требало да се потрошат повеќе пари бидејќи, какао што рече, самиот референдум не е како...

Милошоски ќе го бојкотира референдумот и побара пари за кампања

Пратеникот Антониjо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до Претседателот на Собранието, Талат Џафери извести дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум. „Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а...

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлучено дали ќе го бојкотира референдумот

Заев одлучи на сила да турка прашање кое е бесмислено и повеќезначно, само за да ја покрие капитулацијата во преговорите со Грција и прифаќањето на капитулантски договор со кој се исполнуваат грчките црвени линии и се прават отстапки какви што нема направено ниту еден политичар во историјата на Република Македонија, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на денешната...

ОМД: Бојкот е единствениот достоинствен одговор на референдумот

Ние сме против референдум за промена на уставното име и затоа ја поддржуваме и се приклучуваме кон кампањата на глобалното непартиско движење „Ние Сме Македонија" за бојкот на референдумот распишан за 30 септември, соопшти Обединетата македонска дијаспора. „Вчера, на незаконски начин претседателот на Собранието Талат Џафери распиша консултативен референдум со 68 гласови „за“ и без ниту еден глас „против“ или...

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални приведен за време на протест во Москва

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални денеска е приведен во Москва за време на протестите на неговите приврзаници кои повикуваат на бојкот на претседателските избори во март, јавуваат светските агенции. Навални ги повика своите приврзаници да продолжат со протестите и покрај неговото приведување. „Ме приведоа. Тоа не значи ништо, не излеговте поради мене, туку поради својата безбедност“, напиша Навални на „Твитер“. Инаку,...

ВМРО-ДПМНЕ привремено ќе се врати во Собранието за говорот на Столтенберг

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ в четврток ќе дојдат во Собранието за да го слушнат обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој утре и задутре доаѓа во посета на земјава. Сепак, засега враќањето на опозицијата во собрансиките клупи ќе биде само за оваа прилика, а за понатаму, како што велат од партијата, ќе информираат навремено. - Ние сме биле и остануваме...

ВМРО-ДПМНЕ одлучила да не се враќа во Собранието

Партискиот врв на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешиот координативен состанок донел одлука нивната пратеничка група денеска да не се вклучи во работата на Собранието, јавува државната новинска агенција МИА. Од партијата не кажуваат детали зошто е донесена таква одлука на координативниот состанок, кој завршил претпладнево околу 11 часот. Оттаму велат дека во 13 часот пред Собранието изјава за медиумите ќе даде претседателот...

Пратенички прашања во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бојкотира седницата

Во 11 часот денеска во Собранието, премиерот Зоран Заев и министрите од владината коалиција по втор пат ќе одговараат на прашања од пратениците. Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата поради како што рекоа, продолжувањето на притворот на шестмината пратеници за нивното учество во насилството во Собранието од 27 април годинава. Кривичниот суд вчера одлучи да им го продолжи...

Опозицијата и понатаму нема да учествува во работата на Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму нема да учествуваат во работата на Собранието, потврдил за телевизија „Телма“ привремениот координатор на пратеничката група, Влатко Ѓорчев. Опозицијата ќе продолжи да ја бојкотира работата на законодавниот дом, бидејќи била револтирана од денешната одлука на Кривичниот суд во Скопје со која им се продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...