fbpx
Таг: Бојко Борисов

таг: Бојко Борисов

ГЕРБ на Борисов изгуби важни градови на изборите, бугарската влада на стаклени нозе

Васил Терзиев од коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија е новиот градоначалник на Софија, откако на вчерашните избори ја победи Вања Григорова од Бугарската социјалистичка партија, јавува Бугарското национално радио. Врз основа на обработените 99,78 отсто од гласовите на изборната комисија, Терзиев води со 48,17 отсто добиени гласови, додека Григорова освоите 46,92 отсто од гласовите. На вчерашните локални избори партијата ГЕРБ...

Бугарската влада на стаклени нозе, Бојко Борисов се заканува пред вториот круг од изборите

Лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов пред вториот круг од локалните избори во Бугарија се заканува дека ќе стави крај на актуелната влада. За само неколку часа, тој се одлучи во Софија да го поддржи кандидатот на Бугарската социјалистичка партија Вања Григорова за вториот круг од локалните избори, а потоа изјави дека не е сигурен оти бугарскиот парламент ќе...

Коалициската влада во Бугарија во премрежје пред „уставниот испит“

Политичката сцена во Бугарија се вжештува, откако двата главни коалициски партнери во владата покажаа разногласие околу работата на владата, во очекување на смената на главните играчи во коалициската влада, која треба во март следната година да добие нов премиер. Како што пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg, Бојко Борисов, поранешниот премиер и прв човек на партијата ГЕРБ, која што е еден од...

ГЕРБ ја предложи еврокомесарката Марија Габриел за идна бугарска премиерка

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов официјално ја претстави пред бугарските пратеници еврокомесарката Марија Габриел за премиер на идната бугарска влада, јавува Медиапул.бг. Борисов од бугарскиот парламент соопшти дека Габриел ќе ги води разговорите со останатите партии за поддршка при гласањето избор на новата влада. Борисов додаде дека нејзините ресори како еврокомесар, кои ги вклучуваат иновациите, научните истражувања, културата, образованието и...

Конституирано бугарското собрание, Борисов бара пратениците да гласаат за техничка влада

Во Софија денеска беше конституирано 49-тото Народно собрание на Бугарија, на кое новоизбраните пратеници дадоа свечена заклетва. Пратениците денеска не можеа да се договорат околу изборот на собраниски спикер. Предложените кандидати на „ГЕРБ-СДС“, Росен Жељазков и на „Преродба“, Петар Петров не успеаја да соберат доволен број на пратеници за нивен избор на чело на парламентот, пишува Бугарското национално радио.  Од...

Бојко Борисов отворен за соработка со сите партии за новата бугарска влада

Лидерот на партијата ГЕРБ Бојко Борисов денеска изјави дека им ја пружа раката на сите партии кои се вклучени во бугарскиот парламент, вклучувајќи и на проруската партија „Преродба“ и на претседателот Румен Радев за формирање на нова бугарска влада, пренесува „Медиапул“. Борисов рече оти тој ќе остане пратеник во собранието, но и дека лично со своите колеги од партијата ќе...

Во Бугарија Борисов во блага предност, можна е широка коалиција

Според најновите информации за вчерашните парламентарни избори во Бугарија, петти по ред во последните две години, во блага предност е коалицијата ГЕРБ-СДС, на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Според 93,39 отсто од пребројаните гласови во реонските изборни комисии, коалицијата ГЕРБ-СДС води со малу повеќе од 2 проценти пред коалицијата Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија (ПП-ДБ),...

ГЕРБ со предност во промили пред коалицијата на поранешниот премиер Кирил Петков

Пет политички партии ќе влезат во идниот парламент на Бугарија, при што двете најсилни политички сили - Коалицијата ГЕРБ-СДС на некогашниот премиер Бојко Борисов и Продолжуваме со промената (ПП) - Демократска Бугарија (ДБ), која беше главниот фактор во последната коалициска влада на Бугарија, се речиси изедначени во изборните шанси. За крајниот резултат на парламентарните избори во недела решавачко ќе...

Бугарскиот главен обвинител Гешев: Го напаѓаат Обвинителството заради руски интереси

Обвинителството е цел на напади заради политички интереси што се совпаѓаат со оние на Русија, порача Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев во интервју за бугарски „Капитал“. Според Гешев, главната цел на нападите е преземање контрола врз државното обвинителство, но ваквото совпаѓање на интересите е загрижувачко, пренесува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. „Многу е интересно како се совпаѓаат некои евроатлантски-ориентирани партии со...

Објавени конечните резултати во Бугарија, победничката ГЕРБ речиси и нема шанси да формира влада

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во Бугарија што се спроведоа во неделата. Според нив најјаката парламентарна сила во 48-от парламент на Бугарија ќе биде „„Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) партијата на поранешниот долгогодишен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, со 67 пратеника, известува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. На второто место е...

Во Бугарија и БиХ денеска се одржуваат избори

Значајни избори денеска се одржуваат во Бугарија и Босна и Херцеговина, коишто ќе определат кој ќе раководи со овие две балкански земји. Бугарските граѓани гласаат на предвремени парламентарни избори, од кои се очекува во новиот бугарски парламент да влезат осум политички партии. Најмногу гласови се очекува да освои партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, но прогнозите на аналитичарите...

Партијата на Кирил Петков попладнево ќе го врати мандатот – не успеа да собере мнозинство

Премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков, очекува мандатот за составување влада да биде вратен, оти неговата партија „Продолжуваме со промената“ (ПП) не успеала да обезбеди поддршка од 121 пратеник за нова влада, јави mediapool.bg. Петков изјавата ја даде од Грција, каде учествува на церемонијата за завршувањето на изградбата на Меѓусистемската гасоводна врска Грција - Бугарија. „Бугарија не е пред гасна...

Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

Точно во 10:13 часот (9:13 часот по македонско време) претпладнево, оставката на владата на Кирил Петков е поднесена во Архивата на Народното собрание, јави Бугарското национално радио (БНР). Оставката не е доставена од премиерот Петков или од некој министер, туку била донесена од курир. Во меѓувреме, беше најавено дека уште една крупна политичка фигура ќе си замине , односно Бојко...

Петков инсистира „францускиот предлог“ да помине во парламентот па потоа да се одлучува за ветото

Бугарскиот премиер Кирил Петков не го прифати предлогот на поранешниот премиер Бојко Борисов, владата на Бугарија да го одобри „францускиот предлог“ за кревање на ветото за Северна Македонија пред да помине расправата во парламентот. Претходно, Борисов, кој пред околу две години го постави ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, денеска најави дека пратениците на ГЕРБ ќе...

Францускиот предлог за кревање на ветото за Северна Македонија попладнево ќе се разгледува во бугарскиот парламент

Во 15 часот по бугарско време (14 часот по македонско), треба да почне седницата на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент на која што ќе се разгледуваат протоколите договорени меѓу Бугарија и Северна Македонија, што е еден од последните чекори пред најавеното кревање на бугарското вето. Потоа на пленарна седница тие треба да се одобрат, односно ќе се направи...

ГЕРБ на Бојко Борисов ќе го поддржи кревањето на ветото за Северна Македонија

Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов денеска објави дека неговата партија ќе го поддржи кревањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ, откако претходно неговата партија заедно со другите опозициски партии не се појавија на продолжението на парламентарната седница, па немаше кворум, известува mediapool.bg. „Со овој став Борисов истовремено сака...

Анкети во Бугарија: ГЕРБ на Борисов води пред „Продолжуваме со промената“ на Петков

Според две анкети спроведени во Бугарија, чии резултати се објавени вчера и денеска, главната партија во актуелната владејчка коалиција, односно „Продолжуваме со промената“ го загуби приматот во довербата на гласачите пред ГЕРБ на Бојко Борисов, која долго владееше со Бугарија. Исто така, повеќе од половината Бугари не сметаат дека актуелната владејчка коалиција ќе го заврши докрај владиниот мандат. Според анкетата...

Борисов бил уапсен за изнуда врз контроверзниот бизнисмен Васил Бошков, тврди неговиот адвокат

Поранешниот бугарски премиер и претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, кој речиси една деценија владееше со Бугарија, e уапсен по примена пријава за изнуда врз контроверзниот бугарски бизнисмен поврзан со казина, Васил Бошков. Според Менко Менков, адвокатот на Борисов, кој зборуваше по средба со претставници на истрагата, јави бугарски „Медиапул“. Според Менков, истрагата почната вчера нема поврзаност со европското јавно обвинителство,...

Голема акција на европското обвинителство во Бугарија, уапсен екс-премиерот Бојко Борисов

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, вечерва бил задржан во својот дом додека траела двоиполчасовна операција на бугарското МВР, а во 22.30 часот по локално време, бил приведен во Генералната управа на Националната полиција во Софискиот округ Младост, јави „Медиапул.бг“. Веста за апсењето на Борисов ги собра пред неговата куќа речиси сите пратеници на ГЕРБ, како...

Борисов: Целата ЕУ е против нас, за Северна Македонија ќе нè притиснат со финансиските инструменти

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов гостувајќи во емисијата „Здраво Бугарија“ на бугарската телевизија Нова денеска порача дека целата ЕУ е против Бугарија поради нејзиното постапување кон Северна Македонија во последните седум месеци. Борисов го цитираше францускиот претседател Емануел Макрон, дека до декември Македонија треба да почне преговори, а тоа, вели поранешниот бугарски премиер, значи оти ЕУ ќе ја принуди Бугарија...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...