fbpx
Таг: Богданци

таг: Богданци

ЕСМ: Нема активен пожар близу ветерниците кај Богданци

Пожарот кој вчера избувна во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро, а се проширил кон Ветерниот Парк Богданци, е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дека во моментов нема активен пожар во непосредна близина на ветерниците, потврдија и во ЕСМ. „Пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Kавадарци и Штип, заедно со тимови од...

ЦУК: Пожарот во Богданци сè уште не е ставен под контрола

Пожарот кој пред неколку дена избувна во близина на Богданци сè уште не е ставен под контрола, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Во овој момент нема активно горење на пожарот кај Богданци, чад има на повеќе места и пожарот сè уште не е ставен под контрола. Пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од...

Студенти од Балканот ќе творат на 15-тата графичка работилница „Софија“ од Богданци

Во Богданци денеска започнува главната сесија на меѓународната графичка работилница „Софија“, која годинава се одржува по јубилеен 15-ти пат. Традиционалната работилница е единствена од ваков тип во регионот, бидејќи на едно место ги собира студентите од завршните години на додипломски и постдипломски студии на факултетите и академиите за ликовни уметности од Балканот и пошироко, информираат организаторите. „Селекцијата на учесници ја...

Уште е активен пожарот кај Фурка, во последните 24 часа се изгаснати 12 пожари во земјава

Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци и понатаму е активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“. Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово околу 5 часот на терен се...

Нов ветерен парк со моќност од 30 мегавати ќе се гради во Богданци, странска инвестиција од 40 милиони евра

Премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Богданци Блаже Шапов и директорот на словенечката компанија „Интеренерго“ Блаж Штерк денеска ја промовираа изградбата на новиот ветерен парк „Гевгелија“ со моќност од 30 мегавати. Станува збор за инвестиција од 40 милиони евра, која ќе се гради на локација меѓу селата Стојаково и Селемли во Општина Богданци, во близина на границата со Грција. Вториот по...

Ветерниот парк „Богданци“ со рекордно производство на струја до крајот на август

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ до крајот на август испорачал рекордни над 87 гигават-часови електрична енергија, што претставува натфрлање на планираното производство за тој период за 37,5 отсто. „Четири месеци пред крајот на годинава, овој производствен капацитет што го користи ветерот како погонска сила, веќе остварил над 91 проценти од годишниот производствен план, предвиден во енергетскиот биланс. Производството на ветерниот...

Распишан тендерот за проширување на паркот на ветерни електрани кај Богданци

Отпочнува реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на Парк на ветерни електрани кај Богданци. На 29 јануари беше објавен повикот за претквалификација за избор на компании за набавка и изведба на ветерните турбини и за изградба на пристапните патишта и кабловската мрежа, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Во втората фаза од овој проект ќе се изврши...

Тевдовски: Намалување на каматната стапка и проектите ќе ја раздвижат економијата

Намалувањето на основната каматна стапка од страна на Народната банка заедно со забрзување на проектите од страна на државата ќе придонесе кон развдижување на економијата и остварување на проектираните стапки на раст, оцени министерот за финансии, Драган Тевдовски. -НБРМ е независна институција, но она што е наш приоритет е да се зајакнат можностите за приватниoт сектор да се развива, односно...

Владата го раскина договорот за „Казандол“

На денешната 61. седница, Владата донела одлука за едностран раскин на договорот за рудникот „Казандол“, информираше премиерот Зоран Заев на прес-конференција попладнево. Тој, напоменувајќи дека Владата е посветена на економскиот раст, но посебно на заштита на здравјето на граѓаните од општините Валандово, Богданци и Дојран, рече дека е донесена одлука еднострано да се раскине договорот за концесија со компанијата „Сардич...

Девет земјотреси почувствувани на југоистокот, најсилниот со 5,1 степени

Серија од девет земјотреси ноќеска и утрово ги исплашија жителите на југоистокот на Македонија. Земјотресите имаа епицентри на територијата на Грција, но во непосредна близина на Дојран и Гевгелија. Како што известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот потрес бил вчера во 23.13 часот а последниот во 7.50 часот. Најсилниот, од 5 степени, се случил утрово во 5.24 часот на длабочина од 10...

По речиси 40 дена, Собранието денеска ќе одржи пленарна седница

Собранието на Република Македонија денеска, по речиси 40 дена, ќе одржи пленарна седница. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 23 септември ја прекина 15. седница, на која се расправаше за законот употреба на јазиците. Паузата беше поради локалните избори, а пратениците на денешната, 18. седница, ќе расправаат за испраќање припадник на АРМ во меѓународните мировни сили во Либан (УНИФИЛ), но и за...

Референдумот во Богданци е успешен, гласале 61 отсто од запишаните гласачи

Излезноста на референдумот во Општина Богданци е 61 процент, велат од Општинската изборна комисија. Неофицијално, најголемиот број од гласачите гласале против отворање на рудници на територијата на општината и за стопирање на изградбата на рудникот за бакар Казандол. Право на глас имаа околу 7.000 жители, кои гласаа на 12 избирачки места. На референдум за рудникот Казандол ќе излезат и жителите на Дојран на...

Валандовци не успеаја, богданчани на референдум ќе го затвораат рудникот Казандол

Советниците на Општина Богданци вчера решија на 11 јуни да се организира референдум за или против работењето на рудникот за бакар Казандол. Петмина советници од ВМРО-ДПМНЕ, исто толку од СДСМ и еден од ВМРО-НП едногласно решија да се прифати иницијативата на граѓанското здружение „Спас за Богданци“, кое вчера со почеток 18 часот одржа протест во градскиот парк на кој присуствуваа...

Три жртви во сообраќајка на патот Гевгелија – Богданци

Во сообраќајна несреќа која се случила денеска, околу 14.30 часот, на патот Гевгелија - Богданци, животите ги загубија тројца млади жители на Богданци, а еден е повреден, дознаваме од одделот за односи со јавноста на МВР и од Општа болница - Гевгелија. Се судриле автомобили „ауди-3“, управуван од 20-годишниот Б.Џ. од Богданци, и „форд фиеста“, управуван од 40-годишниот Љ.П. од...

Жител на Богданци осомничен за насилство и за напад на полицајци

Четириесет и четиригодишен жител на Богданци е осомничен за насилство, откако нападнал сограѓанин и полициска екипа, која дошла да интервенира по инцидентот. Како што информираат од гевгелиската полиција, осомничениот Ѓ.Д., на почетокот на овој месец, во кафеаната „Парк“, без повод и причина нападнал сограѓанин, удирајќи го во главата. По инцидентот, тој излегол од кафеаната, но по извесно време, повторно се...

Се реконструира Домот на културата во Богданци

Реконструкцијата би требало да се одвива до април следната година
Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци се реконструира во рамки на проектот „Отворена врата за културна размена - Градење на заедничка европска иднина“, кој го спроведува Општина Богданци со пари од ИПА-програмата за прекугранична соработка на Европска Унија. Реконструкцијата би требало да се одвива до април следната година, а ќе се изврши замена на замена на подот и на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...