fbpx
Таг: блокирани

таг: блокирани

Платежните картички најмногу се користат за повлекување пари од банкомат

Анализите за користењето на платежните картички покажуваат дека и покрај нивната зголемена употреба во последниот период, навиките на домашните потрошувачи отстапуваат од навиките на корисниците во ЕУ,  се вели во новата публикација, Информацијата за движењата во платниот промет во 2016 година на Народна банка. Платежните картички во Македонија сè уште најмногу се користат за повлекување готовина од банкоматите, за разлика од европските...

„Бомбите“ се вратија, „ОМД Нетворк“ и претходно блокирала видеа на СДСМ

„Бомбите“ на каналот на СДСМ на „Јутјуб“ се повторно достапни од попладнево. Од партијата за „Мета“ рекоа дека „ОМД Нетворк“ бил корисникот што ги блокираше и претходно видеозаписите на СДСМ, но тоа траело кратко. - Ова не е првпат ОМД да блокира наши видеоснимки, го правеле тоа и порано, само што сега првпат јавноста беше алармирана за тоа - вели неофицијален извор од...

Блокирани патишта и отсечени села во источна Македонија поради големи снежни наноси

Со интервенција на полицијата повремено се пропуштаат возила од двете страни на патот Штип – Кочани, каде сообраќајот неколку часа беше во целосен прекин поради големите снежни наноси. Силниот ветер што дуваше цела ноќ, а продолжи и утрово, создаде наноси високи и до два метри кај селото Крупиште, поради што привремено беше затворен патот Штип – Кочани. На барање...

Невреме во Албанија – исклучена струја, поплавени куќи, блокирани автопатишта

Лошото време и обилните врнежи од дожд што синоќа и утрово зафатија делови од Албанија предизвикале прекин на електричната енергија во поголем дел од главниот град на земјата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Од фирмата за дистрибуција на електрична енергија (ОШЕЕ) соопштиле дека некои од трансформаторите биле поплавени поради што морале да ја исклучат струјата за да можат да интервенираат...

СДСМ: Министерство за финансии должи 8.000 евра за струја

„Министерството за финансии натрупало долг кој надминува 510.000 денари за неплатени сметки за струја. Тоа е долг поголем од 8.000 евра“, се вели во соопштението на СДСМ. Од СДСМ бараат Ставрески да им одговори на граѓаните за што се потрошени нивните 8.000 евра собрани преку даноци, со коишто требало да се плати струјата во јавната установа Министерство за финансии. - Граѓаните седат во...

Туск: Европа треба да се врати кон политиката на отворени граници

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска по средбата со австрискиот канцелар, Вернер Фајман, рече дека Европа треба да се врати кон политиката на отворени граници. - Денеска отвораме нова страница во борбата со миграциската криза и таа се нарекува враќање на шенген-системот. Должни сме заедно да понесеме хуманитарни последици од нашата одлука - истакна Туск и апелираше да се поддржи Грција...

Ванхауте: Преговорите за медиумите во моментов се целосно блокирани

Очигледно нема договор, ситуацијата во моментов е целосно блокирана и сега спроведуваме билатерални консултации сo партиите на ниво на меѓународна заедница за да видиме како да продолжиме во наредните часови, изјави вечерва белгискиот посредник Питер Ванхауте, пренесува „Телма“. Според неговите очекувања, можно е околу 20 часот вечерва преговарачките групи на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино да одржат нов...

СДСМ: Криминалните политики ги блокираат сметките на фирмите во Македонија

„Според последните податоци на Народна банка, секоја година се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани и на фирми. Во 2015 година, бројот на блокирани сметки кај граѓаните се зголемил за 34.106, а кај фирмите за 3.154. Од страна на УЈП за радиодифузна такса беа блокирани 27.000 сметки во 2015 година“, се вели во соопштението на СДСМ. Оттаму се вели дека граѓаните...

Се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани и на правни лица

Бројот на блокирани сметки во ноември изнесувал 247.562, од кои 69.271 се на правни лица, а 178.231 се на граѓани. Од почетокот на 2015 година до ноември истата година бројот на блокирани сметки кај граѓаните се зголемил за околу 27.000, додека кај правните лица за 3.637 сметки, покажуваат податоците на НБРМ.

Се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани

Бројот на блокирани сметки по различни основи изнесува 234.727 и во оваа бројка влегуваат сметки на правни и на физички лица, покажуваат податоците на Народна банка. Од почетокот на годината, бројот на блокирани сметки се зголемил за 22.642. Притоа, се намалува бројот на блокирани сметки кај фирмите, но се зголемува кај граѓаните.

Во Куманово мирно, две улици сè уште се блокирани

Втор ден полицијата го држи затворен приодот кон полициската станица во Куманово, со блокирање на две улици кои кружно водат кон зградата на СВР Куманово, објави порталот „Кумановски муабети“. Со поставување полициски возила, полицијата во четвртокот, според неофицијални извори, поради превенција од можен напад, ги загради улиците 11 Октомври и Тодор Велков, што кај граѓаните на Куманово создаде извесена паника...

Во Турција блокирани социјалните мрежи поради снимки со убиениот обвинител

Во Турција, социјалните мрежи „Твитер“, „Фејсбук“ и „Јутјуб“ се блокирани од властите поради објавување снимки на обвинителот кој на 31 март беше киднапирани од терористи во Истанбул. Обвинителот Мехмет Сели Кираз беше киднапиран од двајца членови на левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување. При операцијата за ослободување, обивинителот Кираз беше повреден и наредниот ден почина во болница, а...

Учениците во Кичево на протест поради ладните училишта

Повеќе од 1.000 ученици од основните училиште „Кузман Jосифоски-Питу“ и „Д-р Владимир Полежиноњски“ во Кичево одбиваат да следат настава поради ладните простории. Според информациите, во училиштата нема пари за нафта за парното греење, а поради застарени долгови сметките се блокирани. Поради ова, советот на родители од основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ реши и денеска учениците да седат дома, а родителите најавија протест пред Општина...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...