fbpx
Таг: блокада

таг: блокада

Мицкоски го одби францускиот предлог за симнување на бугарското вето, најави блокади на институции и патишта

Поистоветување на 8 септември 1991 година со денешниот опозициски протест, жестоко спротивставување на францускиот предлог за деблокада на почетокот на преговори со ЕУ на земјава и најави за блокади на институции и патишта по претстојново лето беа дел од пораките на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што ги испрати пред неколку илјади симпатизери на протестот што вечерва го организираше...

Пендаровски до Мишел: Лидерите на ЕУ да го исполнат ветеното

Со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската Унија, што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја-членка кон земја-кандидат за членство од билатерални причини, не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од Западен Балкан, туку може и целосно да ја компромитира политиката на проширување...

Вистиномер: Не е точно дека се најавувала блокада на половина Скопје поради безбедносна вежба

Предупредувањето што се споделува во оваа објава на Фејсбук: „утре не возете во Скопје ако не морате“, е неосновано и преувеличено. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски вели дека квалификацијата оти половина Скопје било блокирано во сообраќајот, не соодветствува на реалната слика за она што се случувало на терен. Наспроти изнесеното во постот, вежбата траела само неколку часови, а не цел...

ВМРО-ДПМНЕ со протест пред влада на 18 јуни, од СДСМ порачуваат да не се блокираат важни закони

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да организира антивладин протест на 18 јуни пред влада. Во наредниот период ќе продолжи активната блокада на опозицијата на Собранието на РСМ, а воедно од партијата ја оставаат отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вчера не обелодени на какви дополнителни чекори размислуваат. „Членовите констатираа дека...

Контраспин: Собранието е со драстичнo намалена ефикасност – спинуваат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Статистиката што ја употребува ВМРО-ДПМНЕ дека биле поефикасни од СДСМ, но и СДСМ кога говори да се врателе платите и дека 99,5 отсто пратениците од опозицијата блокирале, не смее да се употребува за дневно политички цели. Само еден површен поглед врз бројот на одржани и завршени седници од 2018 до 2021 покажува дека ефикасноста мерена според овој критериум драматично...

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „пресекоа“: Од утре ќе вршат блокада на Собранието

Најавуваните закани на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира Собранието ако не се одговори на нејзините барања за преговори за предвремени избори од утре ќе станат реалност. Како што соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, денеска на координативна средба, на која присуствувал и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, е договорено од утре да се...

Заев од Словенија: Чекорите што Радев ги презема во име на Бугарија се навреда за македонските граѓани

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, вчера од самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо, Словенија, во изјава за медимуте порача оти e јасно дека само една членка на ЕУ - Бугарија - се противи за почетокот на преговори за зачленување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ). Тој порача дека бугарските барања, најново изјавени преку настапот на...

(Галерија) Времено прекинат сообраќајот во строгиот центар на Скопје, се отвара предизборен штаб

Денеска полицијата го блокираше сообраќајот во строгиот центар на главниот град поради отворање на предизборен штаб на една политичка партија. Од МВР за сега нема информации во однос на времетраењето на прекинот на сообраќајот. Погледнете ја галеријата:

Твитер-профилот на Филипче бил блокиран поради погрешен код за верификација

Твитер профилот на министерот за здравство Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација, информираат од Министерство за здравство. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот,“ информираат од таму.

ВМРО-ДПМНЕ најавува собраниска блокада на законот за еколошка такса, власта се дообјаснува

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека во Собранието на РСМ ќе се спротивстави на донесувањето на новиот закон со којшто ќе се воведе еколошката такса за нафтените деривати. Пратеникот Тимчо Муцунски денеска рече дека за опозицијата еколошката такса е форма на кризен данок. „Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е цврст и јасен: Без двоумење ќе го блокираме овој Предлог закон, користејќи ги...

ВМРО-ДПМНЕ три дена ќе блокира три клучни сообраќајници во Скопје од 15 до 17 часот

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре, задутре и прекутре, во периодот од 15 до 17 часот, според најавите за протест од партијата ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат блокирани раскрсниците „Мавровка“, „Нова Македонија“ и кај Собрание. Од МВР најавија дека за сообраќај ќе бидат затворени: Крстосницата помеѓу булевар „Гоце Делчев“ и булевар „Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка); Крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“...

Џафери: Нема законска можност ВМРО-ДПМНЕ да формира повеќе пратенички групи

Спикерот на Собранието Талат Џафери оценува дека не постои законска можност за формирање на повеќе пратенички групи, како што најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според него, за такво нешто нема деловничка можност, иако порано имало таква практика. „Беше тоа период што е веќе зад нас, поминаа четири години и не би требало да се вратиме во тие правци“, рече Џафери, на денешната...

Опозициските партии почнаа да ги повлекуваат амандманите на блокираните закони во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ денеска се согласи да ги повлече амандманите од Законот за државјанство, коишто беа причините албанската коалиција Алијанса и Алтернатива да поднесат илјадници амандмани со кои ги блокираа законите од петтиот пакет на антикризни мерки. „Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој се наоѓа земјата, ќе ги повлечеме сите амандмани на...

Донесувањето на законите за заштита на животната средина страда од блокадата на Собранието

Заштитата на животната средина во земјава страда од опозициската блокада на Собранието на РСМ. Иако беше предвидено да бидат донесени од пратениците до крајот на март, пакетот од шест закони за управување со отпадот не се знае кога ќе бидат усвоени од законодавниот дом. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека во моментов не...

Партиите меѓусебно се препукуваат, Џафери ќе чека пратеник да излезе од изолација за да се одржи седница

Опозициските партии продолжуваат да ја блокираат нормалната работа на Собранието на РСМ, во услови кога двајца пратеници од владејачкото мнозинство се во изолација поради ковид-19 пандемијата. Алијансата на Албанците и Алтернатива поднесоа над 400 амандмани на одлуката за продолжување на кризната состојба во земјава, која истекува на 31 март. Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска изјави дека ќе почека до...

Алијанса за Албанците и Алтернатива со 19.500 амандмани дополнително го блокираа Собранието

Блокадата на работењето на македонскиот парламент продолжува. Албанската опозиција предводена од Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесе над 19.500 амандмани на 10 предлог-закони што се најдоа денеска на расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со ова, бројот на блокирани закони во Собранието порасна на 20, за што од албанската опозициска коалиција се поднесени 32.000 амандмани. Високиот број амандмани...

Кина го блокира доаѓањето на тим на СЗО во Вухан за да се истражи потеклото на корона вирусот

Кинеските власти го блокираа доаѓањето на тим на Светската здравствена организација (СЗО), која што требаше да го истражува потеклото на корона вирусот и да се откријат повеќе детали околу почетоците на глобалната пандемија против ковид-19 во кинескиот град Вухан, пренесува „Гардијан“. Визите на претставниците на тимот на СЗО што треба да работи во кинескиот град Вухан не се одобрени од...

Тутунарите од пелагонискиот регион два часа го блокираа патот Прилеп-Скопје, бараат поголема откупна цена

тутунари протест
Минимална откупна цена од 180 – 200 денари за килограм откупен тутун, укинување на 4-та класа и реална проценка на горните берби. Ова се главно барањата на тутунарите од пелагонискиот регион кои што денеска од 10 до 12 часот го блокираа излезот на Прилеп кон Скопје, кај месноста Заполшки мост. Стотици тутунари од сите пелагониски општини на овој начин...

Рот: Запирањето на напредокот на Северна Македонија кон ЕУ е тешка политичка грешка

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, утрово го оцени како тешка политичка грешка запирањето на напредокот на Северна Македонија кон ЕУ. Тој рече дека Бугарија е осамена во блокадата. Како што пренесе „Дојче Веле“ на македонски јазик, билатералните барања на една земја-членка кон кои другите 26 земји-членки не можеа да се приклучат, се причината што Северна Македонија не можеше да...

„Пржинскиот модел“ закочи 90 милиони евра одобрен кредит за борба со ковид-19, проблемот треба да го реши ДИК

Владата презема мерки за реализација на веќе одобрениот заем од Светска банка во висина од 90 милиони евра за борба со ковид-19, откако дополнителната заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска подолг период одбива да стави потпис на договорот за заем. На вчерашната седница владините министри одлучија да побараат мислење од Државната изборна комисија (ДИК) која, според Законот за Влада, во...

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...