fbpx
Таг: Биро за јавна безбедност

таг: Биро за јавна безбедност

МВР: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ

Полицијата информира дека до нив пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака, наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски, во вид на лажни покани за на суд. Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да не ги отвораат пораките и да не враќаат на истите, бидејќи целта на измамниците е да дојдат...

МВР ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за директорот на Бирото за јавна безбедност

Министерството за внатрешни работи (МВР) остро ги отфрли неодамнешните тврдења на опозициската партија, ВМРО ДПМНЕ, означувајќи ги како класични дезинформации. Демантот се однесува на објавите дека директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) отворил компанија за тргување со компјутерска технологија регистрирана на адресата на неговиот дом. Министерството соопшти дека целта на наводите е дискредитација на поединци и самата институција....

Кривична пријава за тројца македонски државјани, се приклучиле на ИСИС

Во рамките на глобалната борба против тероризмот полицијата приведе тројца македонски државјани, на кои им е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "служба во непријателска војска", соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Тие, како што кажаа од МВР, се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава (ИСИС) на територијата на Сирија во текот на 2014 година и...

Седум девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле дека биле злоупотребени во „Јавна соба“

Седум девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле во Бирото за јавна безбедност дека нивни фотографии се злоупотребени во групата „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“, вели за „Мета“ Славјанка Петровска, заменик министерка за внатрешни работи повикувајќи ги притоа сите кои биле злоупотребени да пријават во најблиската полициска станица. - Се работи на обезбедување на податоците за сторителите на...

Владата денеска ќе одлучува за разрешувањето на Велковски

На денешната седница Владата треба да решава за предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за разрешување на Лазо Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Спасовски го поднесе предлогот за разрешување пред една седмица, откако Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот „ренџ ровер дискавери спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ бил пратен во Грција...

Спасовски предложи разрешување на шефот на БЈБ, Велковски, поради скандалот со џипот

Министерството за внатрешни работи соопшти дека министерот Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Лазо Велковски, поради скандалот со службениот џип. Велковски потпишал налог за патување, но немало решение за службено патување, велат од МВР. Како што велат од МВР, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот...

Утрово приведени Чавков, Мукоски и актерот Јовановски

По налог на јавен обвинител, рано утрово приведен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, дознава „Мета“ од извори на истрагата. Приведувањето е во рамките на истрагата за насилствата од 27 април годинава во Собранието. Во тој момент, Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите „За...

Александрова: СДСМ крши закони, назначува директори без потврда дека зборуваат англиски

Владејачката партија се однесува крајно неодговорно, ги промовира непрофесионалноста и некомпетентноста и полека ја партизира државата, вработувајќи кадри за кои нема докази дека ги имаат бараните квалификации, обвини на прес-конференција Емилија Александрова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи на назначувањето нови директори. - Новите директори на Управата за јавни приходи, на Бирото за јавна безбедност, на Агенцијата за храна и ветеринарство и...

СДСМ: Чавков ќе одговара за служењето на Груевски

СДСМ вечерва порача дека директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, ќе одговара што не ги вршел функциите, туку, како што велат од партијата, му служел на Груевски. „Митко Чавков како раководител на оперативен штаб во МВР бил достапен за Никола Груевски во моменитите на насилното крваво сценарио во Собранието, а не бил достапен за никој друг...

Чавков се правда: Никој не ми кажа дека ќе се избира претседател на Собранието

Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност, попладнево одржа прес-конференција на која даде свое видување на вчерашните настани во Собранието. Тој се пожали дека не бил известен дека ќе се прогласи нов претседател на Собранието и вели дека полицијата немала сознанија и најави за можни инциденти. Тој нагласи дека требало време да се процени зошто било избран моментот...

МВР: До 20.43 часот евакуиравме 30 пратеници

Министерството за внатрешни работи информира дека до 20:43 часот се евакуирани 30 пратеници, како и дека се преземаат мерки за средување на состојбата во Собранието. МВР со соопштение извести дека во седиштето функционира оперативен штаб, во кој се присутни министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и неговиот заменик, Бесир Деари, како и...

Чавков треба да нареди поголемо полициско обезбедување на протестите

На денешната прес-конференција на МВР не беше даден конкретен одговор дали на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе има зголемено полициско обезбедување, по вчерашниот инцидент во кој беше нападната новинарската екипа на порталот „А1он“. Инаку, според организациската поставеност во МВР, полициското присуство и обезбедувањето протести е под надлежност на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). За евентуално ангажирање на...

Чавков се пофали дека БЈБ запленило 108,5 килограми марихуана и уапсило 4 наркодилери

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, денеска соопшти дека во вторникот во организарана акција пресекле меѓународен канал за трогвија со дрога и заплениле 108,5 килограми марихуана. Дрогата, чија вредност на наркопазарот се проценува на околу 1 милион евра, како што информираше Чавков, била со потеколо од Албанија, а требало да заврши во Турција. Во акцијата биле уапсени...

Чавков на „Фејсбук“ објави „холивудизиран“ пропаганден видеозапис од вежба на „Тигрите“

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на својот  фејсбук-профил објави 15-минутен видеозапис во холивудски стил, од вежба на Единицата за специјални задачи „Тигри“. Атмосферата од вежбата, во која се користат снајперски пушки, ракетни фрлачи (РПГ) и „хермелини“, е засилена со драматична музика во заднината, а активностите на терен, според кадрите, се снимени со повеќе камери. Централна фигура во видеоснимката е...

Директорот на БЈБ, Савовски, се сретна со својот колега од ЕУЛЕКС на Косово

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, денеска се сретна со директорот на ЕУЛЕКС во Косово, Оливер Хофман. На средбата, како што соопштуваат од МВР, било разговарано за размена на информации за организирани криминални групи, кои функционираат од двете страни на границата, како и за подобрување и за продлабочување на соработката меѓу двете...

Македонскиот и грчкиот шеф на полицијата се сретнаа во Солун

Справувањето со бегалската криза беше главна тема на денешната средба меѓу македонскиот и грчкиот шеф на полицијата, Горанчо Савовски и Константинос Цувалас, во Солун. Ова е прва средба воопшто меѓу шефовите на македонската и на грчката полиција досега. Двајцата шефови на полициите разговараа за актуелни теми од заеднички интерес и за можноста да се продлабочи соработката околу бегалската криза. Цувалас и...

Во Солун за мигрантите разговараат директорите на македонската и на грчката полиција

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, денеска е на билатерален состанок во Солун со својот колега, директорот на грчката полиција, Константинос Сувалас, соопшти МВР. На средбата, која е на покана на шефот на грчката полиција, ќе се разговара за мигрантската криза и за подобрување на соработката меѓу двете полиции. Според МВР, состанокот е...

МВР појаснува: Мигрантите од Гевгелија до Австрија нема да се носат со директна линија

Транспортот на мигрантите од Гевгелија до Австрија нема да се врши со директна линија, туку секоја земја на западно-балканската мигрантска рута посебно ќе го организира превозот на мигрантите до нивната крајна дестинација, каде имаат намера да бараат азил, појаснуваат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Тоа што било договорено на денешниот состанок на директорите на полициите на петте земји од...

Падна договор: Мигрантите директно од Гевгелија ќе се носат до Австрија

Шефовите на полициите на петте земји од западно-балканската мигрантска рута, Австрија, Словенија, Македонија, Хрватска и Србија, денеска се договорија и потпишаа декларација, според која профилирањето и регистрирањето на мигрантите ќе се врши на грчко-македонската граница, а бегалците што ги исполнуваат условите, организирано ќе бидат транспортирани од Гевгелија до преминот Шентиљ на словенечко-австриската граница. На состанокот, кој се одржа во хотелот „Интернационал“...

Македонија, Австрија, Хрватска, Србија и Словенија утре ќе се договараат за мигрантите

Директорите на полициите на Австрија, Хрватска, Словенија и на Србија утре доаѓаат во земјава на состанок со директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Горанче Савовски, на кој главна тема ќе бидат актуелните состојби околу мигрантската криза. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР), на средбата ќе присуствува и државниот секретар за внатрешни работи, Анастасија Илиеска. По состанокот кој...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...