fbpx
Таг: Бинали Јилдирим

таг: Бинали Јилдирим

Иванов – Јилдирим: Поканата за НАТО е важен поттик за реформите и безбедноста

Претседателот Ѓорге Иванов за време на неговата официјална посета на Република Турција денеска во Анкара се сретна со турскиот премиер, Бинали Јилдирим, и со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Исмаил Караман. Како што информираат од кабинетот на Иванов, на средбите биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Турција, при што било оценето...

Јилдирим: Грција не треба да го диктира официјалното име на друга земја

Турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес-конференцијата со својот македонски колега, Зоран Заев, во Анкара порача дека е погрешно Грција да го диктира официјалното име на Македонија, но додаде оти се надева дека двете соседни земји ќе го разрешат спорот во пријателски дух, јави „Асошијетед прес“. - Погрешно е друга земја да го одредува името на една земја - рече тој. Заев...

Заев – Јилдирим: Турција ја поддржува Македонија во НАТО интеграциите

На средбата со својот турски колега Бинали Јилдирим во Анкара, македонскиот премиер Зоран Заев побарал да продолжи поддршката од Турција за членството на Македонија во НАТО, а турскиот премиер порачал дека неговата земја и понатаму ја поддржува Македонија во оваа стратешка цел, соопшти Службата за односи со јавноста при македонската влада. На средбата, на која од македонската страна присуствувале и...

Заев: Парите од концесионерот „ТАВ“ ќе бидат вложени во значајни проекти

Премиерот Зоран Заев, во рамките на неговата дводневна посета на Турција, утрово се сретна со претставници на групацијата „ТАВ“, при шти биле утврдени приоритетите за инвестицијата од 45 милиони евра од концесионерот на аеродромот во Скопје. Парите, соопштуваат од Владата, ќе бидат вложени во значајни проекти за граѓаните. - Станува збор за инвестиции во градинки, училишта, одводни и канализациски мрежи и локални и регионални...

Заев на 12 февруари во официјална посета на Турција, средби со Ердоган и Јилдерим

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 12 февруари ќе престојува во официјална посета на Република Турција, информира владината прес-служба. За време на посетата премиерот Заев ќе има средби со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со турскиот премиер Бинали Јилдерим, како и со претседателот на турското Собранието, Исмаил Кахраман. По средбата со премиерот Јилдерим, двајцата премиери ќе имаат...

Економијата во Турција ќе ги надмине предвидувањата од 4,4 проценти пораст на БДП

Домашниот бруто-производ (БДП) во Турција во периодот април-јуни се зголемил за 5,1 отсто во однос на претходните месеци, покажуваат податоците на турскиот Институт за статистика. Пораст на економијата е евидентиран во сите клучни области, при што земјоделското производство се зголемило за 4,7 отсто, индустриското за 6,3 отсто, градежништвото за 6,8 отсто,  а трговските дејности за 5,7 отсто. За оваа година, владата...

Уапсен советникот на турскиот премиер поради наводна поврзаност со Ѓулен

Турските власти го уапсиле Бирол Ердем, главен советник на премиерот Бинали Јилдирим, поради негова наводна поврзаност со движењето на имамот Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го организирал минатогодишниот неуспешен воен удар, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Турските медиуми, на кои се повикува РСЕ, наведуваат дека Ердем бил приведен во Анкара заедно со неговата сопруга, Ѓулумсер Ердем. Медиумите, повикувајќи...

Јилдирим – Медведев: Турција и Русија имаат важна улога во борбата против тероризмот

Русија и Турција имаат важна улога во борбата против тероризмот, оценија денеска турскиот и рускиот премиер, Бинали Јилдирим и Дмитриј Медведев, на средбата во Москва. - Турција и Русија имаат големо значење не само во смисла на односите помеѓу двете земји, туку и во борбата против тероризмот и во гарантирањето на мирот – изјави Јилдирим при посетата на Русија. Медведев истакна дека...

Турција не ја интересираат „црвените линии“ на ЕУ

Турција не се занимава со европските „црвени линии“ кога станува збор за слобода на медиуми, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, откако претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, го осуди апсењето на уредникот на опозицискиот весник „Џумхуријет“. - Браќа, нас не нè интересира вашата црвена линија. Народот е тој кој ја повлекува црвената линија, а вашите линии немаат значење – рече Јилдирим...

Уставните промени за поголема власт на Ердоган одат во турскиот парламент

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска соопшти дека владејачката Партија на правдата и развојот завршила со работата на уставните предлог-промени со кои во државата треба да биде воведена извршна претседателска власт, јавуваат светските агенции. Јилдирим во говор на затворањето на дводневната партиска конференција во западната покраина Афјон рекол дека партијата е подготвена предлог-законите да ги поднесе во парламентот. Според критичарите, со новите...

Турската влада се залага на референдум да се одлучува за извршните претседателски овластувања

Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денеска соопшти дека неговата влада се залага за референдум за извршните претседателски овластувања, без разлика дали турскиот парламент ќе ги одобри или не контроверзните уставни амандмани, кои ги бара актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган. За измена на уставот на Турција потребна е поддршка од најмалку 367 од 550 пратеници во Парламентот, а владејачката Партија на...

Во напад на бомбаш самоубиец во Турција, 18 лица загинаа, а 26 се ранети

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави во Истанбул дека во експлозија на автомобил бомба на југоистокот на Турција загинале 18 лица, а 26 се ранети. Тој го осуди нападот и нагласи дека Турција ја продолжува борбата против тероризмот. https://twitter.com/StopTurkishGov/status/785078512604614656 - Нападот го изврши бомбаш самоубиец кој крена во воздух комби со пет тони експлозив во близина на воен пункт – изјавил Јилдирим. Во нападот...

Јилдирим: Турција ќе преземе поактивна улога во решавањето на судирите во Сирија

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека Турција ќе преземе поактивна улога во решавањето на судирите во Сирија, за да се спречи оваа земја во која се води војна да биде поделена етнички, јавуваат странските медиуми. - Крвопролевањето мора да престане. Не треба да гинат бебиња, деца или невини луѓе. Затоа, во наредните шест месеци Турција ќе биде поактивна во обидите...

Турскиот премиер ги повлече тужбите за навреда и за клевета

Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, синоќа соопшти дека во понеделникот повлекол вкупно 1.500 тужби за навреди и за клевети насочени кон него или кон неговата функција. Меѓу лицата за кои се поднесени тужби има опозиционери, новинари и писатели. - Ги повлекувам обвиненијата зошто сум решен соработката со опозицијата да продолжи и да се зајакнува. Проблемите можеме да ги решиме низ...

Турскиот премиер најави затворање на воена база и на касарните што ги користеа пучистите

Турција ќе ја затвори воздухопловната база во близина на Анкара, како и сите касарни што ги користеле одметнатите војници за време на неуспешниот обид за воен удар пред две недели, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим. - Ќе ги затвориме сите касарни од кои излегоа тенковите и полетаа хеликоптерите – рече Јилдирим, обраќајќи се во близина на воздухопловната база Акинџи, северно...

Турција доставила документ до САД за екстрадиција на Ѓулен

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска соопшти дека неговата влада испратила документи во САД, потребни за екстрадиција на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој во доброволен егзил живее во оваа земја, поради сомнение дека е поврзан со неуспешниот обид за државен удар во Турција. Премиерот рече дека Турција ќе го „искорени“ движењето на Ѓулен така што, како што рече, тој никогаш нема...

Илјадници луѓе на улиците на Турција за поддршка на Ердоган

Илјадници луѓе синоќа се собраа во истанбулскиот кварт Кисикли во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Собраната маса луѓе со турски знамиња се одзва на повикот на Ердоган да излезат на улиците. Ердоган има куќа во квартот Кисикли, кој се наоѓа на азиската страна на Истанбул. Светските медиуми јавуваат дека луѓе се собирале и во Анкара пред џамијата „Бестепе“...

Јилдирим: Во обидот за пуч загинаа 161 лице, 1.440 се повредени, 2.839 се уапсени

Турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес-конференција утринава во Анкара изјави дека во обидот за државен удар загинале 161 лице, а 1.440 се ранети. Тој истакна дека сепак овие бројки засега не се финални. Според неговите зборови, 2.839 припадници на војската се уапсени и ситуацијата сега е под целосна контрола на власта. Јилдирим соопшти дека командата ја презеле воени лица лојални на...

Преживеани патници за нападот на „Ататурк“: Расфрлани тела на сите страни

Преживеани патници кои сведочат за крвавиот напад на аеродромот „Ататурк“ во кој загинаа најмалку 36 лица, а повредени се повеќе од 147, велат дека на сите страни виделе безживотни тела на убиени луѓе. Пред да се случи експлозијата, еден од напаѓачите почнал да пука додека се приближувал кон терминалот, изјавил еден сведок за „Ројтерс“. „Пукаше на сè пред себе. Беше облечен...

Време е за промена на турскиот устав, порача новиот лидер на владејачката АКП

Бинали Јилдирим денеска, по неговиот избор за нов лидер на партијата на правдата и развојот (АКП), повика дека Турција треба да премине на претседателски систем на владеење, јавуваат медиумите. Обраќајќи се на конгресот на партијата, пред и офцијално да биде прогласен за лидер, Јилдирим рекол дека е потребен нов устав, додавајќи дека е време моменталната „де факто ситуација“ да стане...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...