fbpx
Таг: Бил Гејтс

таг: Бил Гејтс

Не прекинуваат теориите на заговор што го претставуваат Бил Гејтс како „вакцинален злосторник“

Во објавата Бил Гејтс е претставен како „злосторник против човештвото“, поради тоа што вакцинацијата ја промовира како придобивка. Иако, тоа е неспорен факт – вакцинацијата е најголема придобивка на медицината со која се искоренети многу смртоносни болести. Но, во објавата се изнесени куп невистини за тоа дека вакцините се шетни и дека целта е со нив да се изврши...

Логото со жаба на прехранбените производи нема врска ниту со Бил Гејтс, ниту со „златната милијарда“

Логото на Алијансата за дождовни шуми не е златна отровна жаба, туку црвеноока дрвенеста жаба. Жабата во логото има симболично значење како биоиндикатор за здрава животна средина и нема никаква врска со „златната милијарда“ – стара теорија на заговор, според која светската елита сака да ги приграби ресурсите и богатството само за себе, а останатите жители на планетата да бидат препуштени...

Нема докази за поврзаноста на атразинот со родовата дисфорија

Родова дисфорија е психолошка вознемиреност што е резултат на неусогласеност помеѓу полот на раѓање на една личност и родовиот идентитет. Хемикалијата навистина е тестирана само на животни и покажала други последици кои што не се поврзани со промените во родовиот идентитет, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава на социјалната мрежа Фејсбук заедно со колаж од...

Неточно се тврди дека Бил Гејтс заговара глобална пандемија, затворска држава и геноцид

Наспроти изнесеното во постот дека Гејтс заговара геноцид, тој во колумната на Њујорк Тајмс предупредува на тоа дека е потребна подготвеност од страна на државите за што повеќе луѓе да се спасат во иднина доколку повторно се случи пандемија. Тој во ниеден момент не кажува дека сака глобална пандемија и затворска држава, ниту, пак, зборува за мерки кои би...

Со говор на Бил Гејтс изваден од контекст погрешно се алудира дека тој заговара „панел на смртта”

Постот манипулира со фрагмент од интервју на Бил Гејтс од јули 2010 година, снимено на Аспен институтот – непрофитна организација во Колорадо. Никаде во видеото Гејтс не зборува дека во иднина ќе се бара панел на смртта, за да се скратат високите медицински трошоци. Иако ова го споменува во своето излагање, сепак, тој само објаснува зошто дискусиите за трошоците за крајот на...

Швајцарија не истакнала дека Гејтс, Шваб и Фаучи се барани „криминалци на големото ресетирање“

Не е точно дека Швајцарија ги истакнала проминентните личности како „барани лица“ за „големото ресетирање“.  Станува збор за граѓани кои во јули минатата година ги истакнале овие постери, како промоција на своите наративи полни со дезинформации за наводната одговорност на Бил Гејтс, Клаус Шваб и  Ентони Фаучи, истовремено повикувајќи на нивен линч, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Бил Гејтс: Започна ерата на вештачката интелигенција

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс смета дека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) е најважниот технолошки напредок во последните децении. На неговиот блог, Гејтс го нарече развојот на ВИ исто толку фундаментален како создавањето на микропроцесорот, персоналниот компјутер, интернетот и мобилниот телефон. „Тоа ќе го промени начинот на кој луѓето работат, учат, патуваат, добиваат здравствена заштита и комуницираат едни со други....

Лажно се прикажува дека Бил Гејтс ќе ја вакцинира храната со мРНК

Глобалната академија за агрикултура и безбедност во храната, која е злоупотребена во постот, се одржала во 2018 година, кога немаше ни ковид, ни вакцини. Не е точно дека Бил Гејтс во својот настап кажал дека ќе се вакцинираат животните со мРНК. Тој вели дека ќе им се помага на животните да преживеат или со вакцинација или со подобрување на...

Фиктивно сценарио за пандемија извадено од контекст

Во конкретниот случај се работи за монтажа на фиктивно сценарио за пандемија со вистински интервјуа од Бил Гејтс. Прикажан е видеоматеријал за симулација на пандемија во кој се презентира како би изгледало справувањето со пандемијата и како тоа би било објавувано на вестите, а во горниот десен агол од мониторот е испишано дека станува збор за фиктивно сценарио....

Говор на Бил Гејтс за намалување на емисиите на јаглероден диоксид изваден од контекст

Видеоматеријалот споделен во постот е изваден од контекст. Тука е злоупотребен настапот на Гејтс во 2010 година во „ТЕД Разговорите“ , каде тој зборува за чекорите неопходни за да се намали емисијата на јаглероден диоксид. Тој не кажува дека треба да се намали бројот на постоечки луѓе на планетата преку вакцинација, туку говори за неодржливото ниво на раст на...

Бил Гејтс не промовирал пиење вода од фекалии, туку нова машина од која има повеќе бенефити

Гејтс никаде не вели дека сите треба или мора да пијат вода добиена на ваков начин. Оваа машина има повеќе бенефити и добивањето на питка вода е само еден од нив. Таа машина може да произведе електрична енергија, да произведе пепел, кој потоа може да се користи во асфалт за градење патишта и може да произведе вода за пиење...

Системот за криптовалути на Мajкрософт нема никаква врска со вакцините

Постот го обвинува Бил Гејтс дека ќе копа криптовалути преку чиповите кои се вградени во луѓето што се вакцинираа. Вметнатите принтскринови во оваа објава, кои наводно го прикажуваат планот на Гејтс, се однесуваат на оригинален патент поднесен од Мајкрософт,  но овој патент не вклучува план за микрочипирање на поединци. Патентот всушност воопшто не спомнува чипови, системот за криптовалути развиен...

Бил Гејтс ќе се откаже од своето огромно богатство

Ко-основачот на Мајкрософт Бил Гејтс најави дека ќе се откаже од своето огромно богатство и дека на крајот ќе испадне од листата на најбогати луѓе во светот, пренесе Би-би-си. Тој претходно најави дека ќе донира 20 милијарди долари на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, велејќи дека има „обврска“ да го врати своето богатство во општеството. Гејтс претходно изјави дека сите пари ќе...

Вистиномер: Изјави на Бил Гејтс извадени од контекст манипулативно се користат во антиваксерска кампања

Не е првпат Бил Гејтс и неговите настапи да се вадат од контекст, да се монтираат и да се злоупотребуваат за ширење на познатата теорија на заговор дека вакцинацијата е план за депопулација на светското население. Овие заблуди, што подолго време се шират низ интернет просторот, потекнуваат од ТЕД говорот на Гејтс во 2010 година, a  темата на којашто...

Вистиномер: Со монтирана фотографија се дезинформира дека Бил Гејтс бил осуден во Гвантанамо

Фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук не е од Бил Гејтс, ниту пак, тој бил некогаш осуден во Гвантанамо. Оригиналната фотографија којашто е злоупотребена и фалсификувана во постот,  е извадена од еден видеоматеријал достапен на Јутјуб,  во којшто е претставена смрт со летална инјекција. Доколку проминентна личност како Бил Гејтс била навистина уапсена, тогаш ова би...

Вистиномер: Видео на Фејсбук манипулира со изјавите на Бил Гејтс

Не е вистина дека Бил Гејтс изјавил дека заедно со главниот американски виролог, Ентони Фаучи, убиваат милиони луѓе за да прават пари. Оваа реченица е дел од обраќањето на Гејтс на Минхенската безбедносна конференција во февруари годинава и не е кажана во контекст дека навистина го направиле тоа, туку тој, зборувајќи за дезинформациите поврзани со пандемијата на коронавирусот, ја...

Бил Гејтс објави дека има ковид-19, но со благи симптоми

Основачот на „Мајкрософт“, еден од најбогатите луѓе на планетава и филантроп, Бил Гејтс, кој и пред корона пандемијата беше посочуван во еден куп разноразни теории на заговор, што беа логично и успешно оспорени, објави дека направил тестирање и тоа покажало дека е позитивен на корона вирусот. Гејтс на Твитер објави дека има благи симптоми, но според советите на експертите, ќе...

Вистиномер: Пет најголеми теории на заговор во 2021 година

Годинава која изминува во медиумите и на социјалните мрежи се пласираа неколку теории на заговор. Дел од нив стари и познати, овојпат се поврзуваа со пандемијата на коронавирусот, сугерирајќи дека таа е лажна и планска со цел воспоставување на некаков нов светски поредок во кој ќе се контролираат луѓето преку чипови од вакцините. Во тој дух на социјалните мрежи...

Вистиномер: Бизарна дезинформација е дека на Ноќта на вештерките ќе се изврши најмасовното жртвување на деца

Објавата е полна со неточни, недокажани информации, податоци кои немаат ниту научна основа, ниту логика и претставува збир од паушални и сензационалистички нафрлени теории на заговор кои подолго време се шират на интернет просторот. Вакцините против ковид-19 беа предмет на бројни тестирања и постојано се проверуваат. Тие се сигурни, покажуваат високо ниво на ефикасност во борбата со ковид-19 и...

Вистиномер: Бил Гејтс не е уапсен

Веста за навдното апсење на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс најпрво ја објави портал за сатирични содржини. Во делот „за нас” на сајтот, се вели дека информациите објавени на него се информативни едукативни и за потребите на забавата. Овој сајт содржи хумор, пародии и сатира. Самиот портал додава дека го вклучува ова предупредување за своја заштита и за да...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...