fbpx
Таг: БИХ

таг: БИХ

Вучиќ каменуван во Поточари

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска беше погоден со камен в лице за време на комеморацијата по повод 20 години од масакрот во Сребреница. Инцидентот се случил на влезот од гробиштата, каде денеска треба да бидат погребани посмртните останки на уште 136 жртви. Насобраните граѓани, во бес ја пробиле заштитната ограда и фрлајќи камења, шишиња и чевли, се упатиле кон Вучиќ...

Иванов на комеморација во Сребреница

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на комеморацијата по повод 20 години од масакрот во Сребреница, Босна и Херцеговина. На комеморацијата во меморијалниот центар во Поточари ќе се обратат претседателот на организацискиот одбор „11 Јули 1995“ и градоначалник на Сребреница, Ќамил Дураковиќ, а во рамки на одбележувањето на годишнината од стравичниот настан ќе биде отворена и изложбта...

Почна маршот од Сараево до Сребреница

Седумдесет учесниците на Маршот на мирот „Сараево-Низук-Сребреница“ утринава тргнале од Сараево на осумдневен пат, долг повеќе од 240 километри, во спомен на неколку илјади жители на Сребреница што во јули 1995 година минаа речиси 100 километри за да пронајдат спас во Тузла. За време на маршот, кој се одржува четврта година по ред, секодјневно ќе се пропешачуваат по дваесетина километри.

Папата Франциск: БИХ има особено значење за Европа и за светот

Сараево, баш како и Босна и Херцеговина, има особено значење за Европа и за целиот свет, изјави денеска папата Франциск по состанокот со членовите на Претседателството на БИХ. Папата денеска пристигна во еднодневна посета на Босна и Херцеговина, а државниот врв го пречека лидерот на Римокатоличката цркав со највисоки воени почести. Папата Франциск рече дека со векови на овие простори се присутни...

Советот на ЕУ ја одблокира спогодбата за стабилизација со БИХ

Советот на Европска унија ја одблокира Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Босна и Херцеговина. Активацијата на спогодбата значи деблокирање на европскиот пат за БИХ, што ќе зависи од напредокот во спроведувањето на реформите во наредните месеци, порачуваат од ЕУ. Како приоритет се издвојуваат реформите во здравството, образованието и реформите во социјалниот сектор, воспоставување функционална пазарна економија, воспоставување правна држава и...

Пожар во босанското МНР

Пожар изутринава изби во просториите на Министерството за надворешни работи на БИХ. Како што јавуваат босанските медиуми, нема повредени бидејќи пожарот избил пред почетокот на работното време на министерството. Според првичните информации, пожарот го предизвикал апарат за вода, а огнената стихија целосно уништила една канцеларија на министерството.

Четворица загинати во земјотрес во БИХ

Умерено силен земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погодил Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина, соопштил Сеизмолошкиот институт во Бања Лука. Во земјотресот има настрадани. Како што јавува „Дневни аваз“, поради лизгање на земјиштето животот го загубиле четири лица. Според првичните информации, тие нелегално ископувале јаглен на самата површина на рудникот Дубрава кај Тузла, кога...

БИХ: Уапсени шест лица осомничени за радикален исламизам

Шест лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомнеж дека се подготвувале да ѝ се придружат на терористичката организација Исламска држава и да учествуваат во војните што се водат на подрачјето на Сирија, потврди денеска обвинителството на БИХ. Во акцијата, која ја спроведоа припадници на Државната агенција за истрага и заштита, апсењата се спроведени на подрачјето на Унско-санската жупанија Маглај...

Падот на „кингерот“ не е диверзија, туку системски пропуст

Пред падот на авионот во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски немало експлозија, ниту пожар, а нема ниту траги кои би упатувале на диверзија или на терористички акт, е ставот на истражната комисија, наведен во извештајот, кој вчера бил предаден на обвинителството на Босна и Херцеговина и на министерството за сообраќај и комуникации на БИХ, јавува федералната телевизија на...

БИХ: Три лица уапсени за воени злосторства

Три лица се уапсени во БИХ под сомневање дека извршиле воени злосторства во текот на 1992 година. Како што соопшти државната агенција за истрага и заштита (СИПА), на подрачјето на Власинце уапсен е П.М. (роден 1968), поради сомневање дека извршил воено злосторство врз цивилното население во местото Цапарде, во општина Осмаци, во текот на 1992 година. На подрачјето на Приједор, уапсени се...

Уапсени 15 лица за масакрот во Штрпце

Полициските органи во Србија и во Босна и Херцеговина уапсија 15 лица кои се осомничени дека извршиле воени злосторства во Штрпце. Апсењето е спроведено на барање на обвинителите од двете земји, кои заедно работат на расветлување на масакрот од 1993 година, при кој од воз беа киднапирани и убиени 19 лица. Како што соопштуваат западните медиуми, во полициската акција е...

Русија се сомнева дека ЕУ извезува преку БиХ

Русија го истражува обидот за шверцување европско овошје и зеленчук преку Босна и Херцеговина со цел да го избегне ембаргото на Москва за увоз на храна од Европската унија, пренесува „Б92“, повикувајќи се новинската агенција „Франс прес“. Според документите на „Франс прес“, БиХ, на која не се однесува ембаргото, бележи цут на извозот на храна во август, кога стапија...

БИХ: Покренати три обвиненија за геноцид

Обвинителството на Босна и Херцеговина подигна обвинение против три лица кои се товарат за геноцид. Станува збор за обвинети кои за време на геноцидот во Сребреница, вршеле високи должности во полициските структури, соопшти портпаролот на обвинителството на БИХ, Борис Грубешиќ, притоа наведувајќи дека во текот на денот ќе се соопштат повеќе информации. Геноцидот во Сребреница се случи во јули 1995 година, кога...

Договорена коалиција за федерална власт во Босна и Херцеговина

Партијата на демократска акција, Демократски фронт и ХДЗ во БИХ вечерва треба да го потпишат договорот за формирање власт на федерално ниво, кој не е во спротивност со оној договор што веќе е потпишан меѓу  СДА, ДФ и Сојузот за промени на државно ниво. Договорот за идно дејствување на оваа коалиција е дефиниран во десет точки. Претседателот на ДФ, Жељко...

Битолската поп-дива Билјана Дамјановска стана почесен конзул на БИХ

Битолската дива Билјана Дамјановска-Јанчевска е именувана за почесен конзул на Босна и Херцеговина во Република Македонија. Додека конзулатите на Велика Британија, Словенија и Хрватска отидоа под клуч, Босна и Херцеговина, на изненадување на поголем дел од јавноста, отвори свое претставништво на Широк сокак. Целта на новоотвореното конзуларно преставништо е продлабочување на економската и на културната соработка меѓу двете земји,...

Поради неквалитет БИХ годишно губи 200 милиони КМ

Не воспоставува соодветен систем на инфраструктура за квалитетот според европските стандарди
Босна и Херцеговина годишно губи околу 200 милиони КМ бидејќи не воспоставува соодветен систем на инфраструктура за квалитетот според европските стандарди, за да може да пласира месо, млеко и млечни производи, јајца и мед, на пазарите во ЕУ, изјави директорот на Институтот за едукација на Надворешнотрговската комора на БИХ, Дуљко Хасиќ. - БИХ и по 15 месеци по влезот на Хрватска...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...