fbpx
Таг: БИХ

таг: БИХ

Ќе има ли последици за Србија по прославата на денот на Република Српска?

Прославата на денот на Република Српска и учеството на Србија во одбележувањето на овој неуставен празник за Босна и Херцеговина претставува сериозна провокација не само кон регионот, туку и кон меѓународната заедница која силно се залага за зачувување на босанскиот суверенитет и интегритет, пишува српскиот весник Данас. Весникот ги пренесува реакциите на меѓународната заедница по одбележувањето на денот на Република...

Путин му даде руско државјанство на воениот злосторник Ратко Самац

Рускиот претседател Владимир Путин неделава го потпиша указот за доделување руско државјанство на поранешниот војник на босанските Срби Ратко Самац, кој е обвинет за воени злосторства во 1990-те години, пишува Политико. Ратко Самац, поранешен офицер во Југословенската народна армија, се бара во Босна и Херцеговина под обвинение за воени злосторства поврзани со протерувањето на несрпските цивили од босанскиот град Кључ...

Додик се заканува со расцеп на Српска, САД му пратија воени авиони

Два американски воени авиони Ф-16 вчера прелетаа над небото на Босна и Херцеговина, на ден пред прославата на босанскиот ентитет Република Српска на 9 јануари како датум на нејзиното основање во 1992 година. Двата американски авиони на воздухопловството на САД вчера ја изведоа билатералната копнено-воздушна вежба заедно со вооружените сили на БиХ на подрачјето на Тузла и Брчко, пренесува...

Додик на 9 јануари ќе слави ден на Република Српска, регионот пред дестабилизација

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик на 9 јануари планира да организира прослава на, како што вели, денот на основање на Република Српска. Протести во Сараево, честитки од просрпски и проруски политичари од регионот и најави за нов распламтувачки говор на Додик се досегашните очекувања од настанот што задутре ќе се одржи во Босна и Херцеговина. Стотици граѓани...

Не се само од Босна, изборната измама во Белград направена и со гласачи од Црна Гора

Фото: Борче Поповски
Тврдењата на високиот функционер на СНС на Александар Вучиќ дека неговата партија доведувала гласачи од Белград за гласање на локалните избори во Никшиќ и Будва во Црна Гора фактички значи дека српскиот претседател поседува критична маса од најмалку 40.000 двојни гласачи, кои можат да влијаат на резултатите од локалните избори во Црна Гора, но и во Белград, каде опозицијата...

Данас: „Српскиот свет“ е чедо на Александар Вучиќ, со последните избори го покажа тоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ е творец на идиотската синтагма „Српски свет“. Со ваков наслов, белградскиот весник „Данас“ го критикува Вучиќ дека на последните избори со присуството во неговиот изборен штаб, ноќта на 17 декември за време на славењето на победата, биле присутни претседателот на ентитетот Република Српска Милорад Додик, министерот за безбедност на БиХ Ненад Нешиќ и претседателот на...

Се истражуваат тврдењата на босанскиот министер за одбрана дека има руски воени кампови во БиХ

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез во четврток изјави дека постојат руски воени кампови во подрачјето на градот Рогатица во источниот дел на државата, односно во Република Српска. Радио слбодна Европа (РСЕ) известуваат дека Хелез ќе треба да даде изјава и да приложи докази за Обвинителството на БиХ, кои ја истражуваат точноста на неговите изјави. „Не е...

Столтенберг: Загрижени сме поради реториката на поделби и руско влијание во Босна

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по состанокот со босанската власт во Сараево изјави дека е загрижен поради руското влијание и реториката на поделба во Босна и Херцеговина, јавува весникот Ослобоѓење. „Загрижени сме поради сецесионистичката и реториката на поделба, како надворешното влијание, особено на Русија. Тоа се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите. Сите лидери мора...

Фон дер Лајен од Сараево: Иднината на БиХ е во ЕУ како единствена, обединета и суверена земја

Иднината на Босна и Херцеговина (БиХ) е во ЕУ, гласи пораката што од Сараево ја упати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска е во посета на земјата. Фон дер Лајен се сретна со претседавачот на Советот на министри Борјана Кришто, а по средбата одржаа прес-конференција за медиумите, јавува klix.ba. „Мојата прва порака во основа е повторно да...

Во БиХ убиена жена во пекарница, убиецот потоа се самоубил

Во босанското гратче Завидовиќи, западно од Тузла, вчеравечер 46-годишен маж во пекарница убил 33-годишна вработена, јави босанскиот весник „Аваз“ на својот вебсајт. Полициската станица Завидовиќи добила дојава во 21:17 часот вчера дека се пукало во пекарницата „Централ“. При увидот, што траел повеќе од четири часа, во пекарницата биле пронајдени телата на 33-годишната вработена Аида Дендиќ и 46-годишниот Мерсуд Халиловиќ. Според првичните...

Човекот што дојде по бебето по масовното убиство во БиХ добива закани

Емир Џиновиќ, младиот сопственик на теретана во босанското гратче Градачац, за кого работел убиецот Нермин Сулејмановиќ (35), по објавата на Инстаграм дошол на местото на злосторот и го зел бебето на Невзета Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на убиецот. Сега спасителот на бебето добива закани по живот, пишува босанскиот весник „Ослобоѓење“. Џиновиќ нема објаснување зошто дошло до масакрот. „Бебето беше спуштено на подот...

Режимот на Додик под санкции и од Германија – прекината реализацијата на четири проекти

Германската амбасада во Босна и Херцеговина соопшти дека оваа земја ја прекинува реализацијата на четири проекти во Република Српска во вредност од 105 милиони евра. Опозицијата предупреди дека режимот на Милорад Додик ја носи Република Српска кон економски санкции, пишува белградскиот весник Данас. Претседателот на опозициската Партија за демократски напредок, Бранислав Бореновиќ предупреди дека властите во Бања Лука се движат...

Хрватското разузнавање: Концептот „Српски свет“ го загрозува суверенитетот на земјите од регионот

Србија продолжила во 2022 година да го шири концептот „Српски свет“ во земјите од регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, се наведува во годишниот извештај на Агенцијата за државна безбедност и разузнавање на Хрватска за 2022 година. Главната цел на овој концепт е ширењето на српското политичко, економско, културно-религиозно и друго влијание во соседните земји, каде што живее српско...

Додик повторно повикува на растурање на БиХ, се обиде да ги злоупотреби Хрватите

Претседателот на Република Српска (РС) и на партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик повторно се закани со отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, а притоа ги повика и хрватските претставници да ги напуштат централните институции. Сепак, нивната поддршка Додик нема да ја добие, пишува сараевскиот весник „Ослобоѓење“. Иако во Федерацијата БиХ (покрај РС, вториот конститутивен елемент...

Додик ќе штити семејни вредности со забрана за влез на ЛГБТИ-лица во школите

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави нов дискриминаторски закон, со кој планира во овој дел од Босна и Херцеговина да им забрани на припадниците на ЛГБТИ заедницата влез во училишта, градинки и други образовни институции, пренесува босанскиот весник Ослобоѓење. Ваквата изјава тој ја даде за локалната телевизија „К3“, при што спомена дека во наредните месеци во Република Српска ќе...

Република Српска: Претседател на избирачки одбор на телевизија призна дека крадел гласови

Скандалозно пребројување на гласови на изборите во Република Српска е откриено само неколку часа по објавувањето на првичните изборни резултати од Централната изборна комисија, пренесува весникот Данас. Босанската телевизија БН била во посета на селото Крајишник, родното место на мајката на опозициската кандидатка за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ. Во ова населено место Тривиќ освоила 0 гласови на неделните...

Избори во БиХ: И Додик и Тривиќ тврдат дека водат во Република Српска, Изетбеговиќ призна пораз во Федерацијата

И Милорад Додик и неговата опозициска опонентка Јелена Тривиќ тврдат дека водат на вчерашното гласање за избор на нов претседател на Република Српска. Тривиќ уште синоќа ја објави победата на изборите, а на улиците во Бања Лука нејзините приврзаници славеа. Конечните резултати од претседателските избори во Република Српска ќе бидат соопштени денеска од страна на Централната изборна комисија. Опозициската кандидатка...

Македонци, Црногорци, Срби, Босанци и Хрвати ќе лансираат сателит во вселената

Пет партнерски организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Хрватска до крајот на годината планираат да го лансираат првиот заеднички сателит од овој регион испратен во вселената, пишува босанскиот јавен радиодифузен сервис БХ Тв. Сето ова е благодарение на основањето на Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа, а планирано е Индија да ѝ подари сателит на Асоцијацијата...

По САД, и Британија денеска воведе санкции против Милорад Додик

Британија денеска објави дека ги санкционирала членот на Претседателството на Босна и Херцеговина од Република Српска (РС) Милорад Додик и претседателката на тој ентитет Жељкa Цвијановиќ, поради обидите да го нарушат легитимитетот и функционалноста на државата БиХ, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Британските санкции вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотот на Додик и Цвијановиќ, при што...

Сараево одбележа 30 години од почетокот на опсадата во која животот го загубија 11.541 лице [галерија]

Босанскиот главен град вчера одбележа 30 години од најмрачниот момент во својата историја - почетокот на српската опсада на Сараево на 5 април 1992 година. Опколувањето на градот и постојаното гранатирање од страна на српските сили траеше 1.425 дена до 29 февруари 1996 година, а во текот на опсадата животот го загубија 11.541 жител на Сараево. Дојче Веле ги пренесува...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...