fbpx
Таг: БИА

таг: БИА

Опозиционерот Никола Сандуловиќ делумно парализиран по нападот од српската тајна служба

Семејството на опозицискиот лидер Никола Сандуловиќ, кој наводно бил претепан од српската тајна служба додека бил во притвор вели дека тој е делумно парализиран од нападот којшто се случил откако се извини за злосторствата извршени од Србите врз етничките Албанци во Косово, пишува Гардијан. Нападот врз опозиционерот Никола Сандуловиќ се случи на 3 јануари, кога тој бил одведен од неговиот...

Прорускиот политичар Александар Вулин даде оставка од директорската позиција во БИА

Еден од главните руски играчи во Србија, директорот на Безбедносната информативна агенција (БИА) Александар Вулин денеска поднесе оставка од функцијата, пренесува весникот Данас. Оставката доаѓа по речиси 11 месеци откако беше именуван на оваа функција од страна на актуелната српска власт. Во текот на неколкумесечното раководење со моќната БИА, во септември се случи вооружениот инцидент кај селото Бањска во северно...

Српски новинар приведен по протестот во Белград оти носел кукла „обесен Вучиќ“

Српскиот новинар Бошко Савковиќ е приведен бидејќи на протестот „Србија против насилството“ што се одржа во саботата носел „обесена кукла со ликот на претседателот на Србија Акендар Вучиќ“, јави телевизијата Н1. Информацијата за телевизијата ја потврдил адвокатот на Савковиќ. Премиерката на Србија Ана Брнабиќ сподели на Твитер фотографија од петтиот протест против насилството, на која се гледа транспарент од кој виси...

Српската влада го назначи прорускиот политичар Александар Вулин за директор на БИА

Прорускиот политичар Александар Вулин е избран за директор на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), одлучи вчера владата во Белград. Вулин во јавната реакција по назначувањето изјави дека неговиот избор е доказ дека Александар Вучиќ не попушта под притисоците на странците, пишува српскиот весник Данас. Вулин до изборот на новата српска влада ја вршеше функцијата министер за внатрешни работи и имаше исклучително...

Ќе биде ли Вулин нов директор на српската Безбедносно-информативна агенција?

Српските медиуми во изминативе денови во неколку наврати пишуваат за можноста досегашниот српски министер за внатрешни работи Александар Вулин да ја преземе директорската позиција во Безбедносно-информативната агенција (БИА). Овој српски политичар е еден од најжестоките руски играчи на политичката сцена во Србија, којшто во август годинава беше во посета на Москва и во неколку наврати изминативе месеци преку изјави...

Вистиномер: Српските власти ги шпионираат посетите на руските државјани по налог на Кремљ

Позадинската соработка и врските меѓу Србија и Русија доведоа до шпионирање на руските опозиционери на состанок во Белград. Откако шпионските снимки беа доставени до Кремљ, се случува апсење на рускиот опозициски лидер. Уште една приказна која покажува колку далеку се подготвени да одат недемократските режими за да останат на власт, целосно не почитувајќи ги правата на своите граѓани, пишува...

„Ало“ од мува прави слон и шири омраза кон Македонците и Албанците

Во напис „Шиптарите, Македонците и крвникот Ориќ ја сакаат главата на Вучиќ“ објавен на 29 декември минатата година, таблоидот „Ало“, познат како еден од најгласните поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ, ги обвини и Албанците на Балканот и Македонците дека по секоја цена сакаат да го урнат угледот на Вучиќ, претставувајќи го како нарачател на убиство. Пишувајќи за тврдењата на...

Живаљевиќ и неговиот шеф се скрасија во БИХ, во Сараево стравуваат од нивни „27 април“

Горан Живаљевиќ, српскиот разузнавач што се фотографираше во Собранието при бруталното насилство на 27 април 2017 година, од почетокот на ноември годинава е во Сараево, во амбасадата на Србија. Таму првата позиција - амбасадор - од мај годинава ја извршува неговиот шеф, поранешниот директор на српската безбедносна и разузнавачка агенција - БИА, Александар Ѓорѓевиќ, известува „Радио Сарајево“. Овој медиум изнесувајќи...

Српската опозиција прашува каква е улогата на Белград во бегството на Груевски

Опозициските Движење на слободни граѓани (ПСГ) и Граѓански блок 381 (ГБ381) денеска упатија прашање до власта во Србија каква е улогата на официјален Белград во бегството на Никола Груевски во Унгарија и дали е точно дека српскиот претседател Александар Вучиќ „незаконски наредил БИА тајно да го прифати Груевски и да го спроведе низ Србија“, мислејќи на српската агенција за...

Дачиќ: Зошто ви пречат српските, а не американските, германските и другите разузнавачи

Многу интересно е што, како што пишуваат некои медиуми, во македонското Собрание во текот на нередите имало и претставници на други странски служби, но Македонија не ги повика нивните амбасадори на разговор, рече шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. Тој нагласи дека амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ, имала коректен разговор во македонското Mинистерство за надворешни работи, каде беше...

За Вучиќ не е кривично дело што српскиот разузнавач бил во Собранието

Српскиот премиер Александар Вучиќ, по вчерашната неформална вечера на премиерите на земјите од Западен Балкан, на новинарско прашање за присуството на советник во српската амбасада во Скопје при насилствата во Собранието на 27 април, изјавил дека советникот не учествувал во кривично дело, ниту пак нешто организирал, јави агенцијата „Бета“. Телевизијата „Телма“ завчера објави дека Горан Живаљевиќ, офицер на српската разузнавачка...

Братислав Гашиќ е нов шеф на Безбедносно-информативната агенција во Србија

Поранешниот министер за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ ќе биде новиот шеф на Безбедносно-информативната агенција (БИА), потврдил денеска премиерот во заминување и избраниот претседател, Александар Вучиќ. „Гашиќ издржа една и пол година без ниту една функција, не беше присутен во јавноста и плати скапа цена поради еден инцидент“, одговори Вучиќ на прашање на новинарите. Гашиќ од местото на министер за одбрана беше...

Закани за претседателскиот кандидат Саша Јанковиќ

Саша Јанковиќ, кандидатот на граѓанската проевропска опозиција на претседателските избори во Србија, вели дека пријател од Безбедносно-информативната агенција (БИА) му рекол дека нема да биде безбедно за него да влезе во вториот круг на претседателските избори, оти може да се случи „сешто“. Во интервјуто објавено денеска на порталот „Инсајдер“, кандидатот на групата граѓани „За Србија без страв“ вели дека не...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...