fbpx
Таг: Би-Би-Си

таг: Би-Би-Си

Би-би-си: Лажни видеа ги шират руските лаги до милиони гледачи на ТикТок

Руска пропагандна кампања која вклучува илјадници лажни кориснички сметки на ТикТок што шират дезинформации за војната во Украина, е откриена од страна на Би-би-си. Видеата рутински привлекуваат милиони прегледи и имаат очигледна цел да ја поткопаат поддршката на Западот, пишува Би-би-си. Корисниците во неколку европски земји биле подложени на лажни тврдења дека високи украински функционери и нивните роднини купиле луксузни автомобили...

Презентерка на Би-би-си покажа среден прст на вести во живо, па се извини

Презентерка на вести на Би-би-си, која случајно беше фатена како покажува среден прст на почетокот на програмата, се извини за, како што рече, „глупавата шега“ која била наменета за колегите, но не и за гледачите. Мерјам Мошири, една од главните водителки на Би-би-си, во средата беше фатена како на пладневното издание на вестите покажува среден прст и кренати веѓи, по...

Украина е подготвена да започне контраофанзива

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов изјави дека земјата е подготвена да ја започне долгоочекувана контраофанзива против руската армија. Tој во интервју за Би-би-си, без да прецизира датум рече дека нападот со цел враќање на окупираните територии може да започне „утре, задутре или за една недела“. Данилов додаде дека украинската влада „нема право на грешка“...

Би-Би-Си Верифај: Околу 60 новинари, истражувачи и експерти ќе се борат против дезинформациите

Британскиот сервис Би-Би-Си отвора ново поглавје во својата работа, во однос на проверката на факти и борбата со дезинформациите. Формиран е новиот бренд со име „Би-Би-Си Верифај“ (BBC Verify), каде што ќе работат форензички новинари и експерти од целиот британски сервис, меѓу кои и уредникот за анализа Рос Аткинс и дописникот за дезинформации Маријана Спринг, заедно со нивните тимови. BBC...

По интервјуто со Маск, Би-би-си според Твитер повеќе не е „медиум финансиран од владата“

Твитер ја промени ознаката на главниот профил на британскиот радиодифузер Би-би-си, овој пат означувајќи го како „јавно финансиран медиум“ (Publicly funded media), наместо „медиум финансиран од владата“ (Government funded media) – етикета која му ја додели во неделата за што радиодифузерот се спротивстави. Би-би-си на крајот од минатата седмица ја оспори доделената етикета од Твитер кој е во сопственост на...

Твитер го означи Би-Би-Си како „медиум финансиран од владата“

Британскиот радиодифузер Би-Би-Си реагира на етикетирањето што го доби на својот главен профил на Твитер, каде е опишан како „медиум финансиран од владата“. Корпорацијата стапила во контакт со гигантот за социјални мрежи за да го реши проблемот што поскоро. „Би-Би-Си е, и отсекогаш бил независен. Ние сме финансирани од британската јавност преку надоместокот за лиценца“, велат од Британската радиодифузна корпорација, Би-Би-Си. Илон...

Ковачевски за Би-Би-Си: Инфраструктура на Русија во земјава ширеше хистерија пред почетокот на преговорите со ЕУ

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „Hardtalk“ на Би-Би-Си вели дека третите земји, вклучително и Русија, отсекогаш имале свој интерес да имаат замрзнат конфликт на Балканот. Тој додава дека од временска перспектива, има земји каде што се врските и јавното мислење е посилно кон Русија на Балканот и има земји каде ова мислење и ова влијание се...

Би-би-си: Страшни докази укажуваат на воени злосторства на патиштата надвор од Киев

Снимките од руски војници како пукаат во човек со кренати раце на автопат надвор од Киев на почетокот на март го обиколија светот. Сега Русите се истиснати од областа и Џереми Боуен од Би-би-си беше да ги види мрачните последици од нивната краткотрајна окупација. Овој извештај содржи материјал што некои читатели ќе го сметаат за вознемирувачки Боуен изброи 13 тела на...

Лажни видеа од Путин и Зеленски шират дезинформации за руско-украинската војна

Повторно се појави т.н. „дипфејк“ видео споделено на Твитер, на кое се чини дека рускиот претседател Владимир Путин прогласува мир, објави британскиот јавен сервис Би-би-си. Во меѓувреме, оваа недела платформите на Мета и Јутјуб отстранија исто такво лажно видео од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кое тој зборува дека се предава. Неубедливиот фалсификат на претседателот Зеленски беше исмеан од многу...

„Би-би-си“ ја осуди одлуката на Русија да протера нивна дописничка

„Би-би-си“ ја осуди одлуката на Русија да не ја обнови визата на Сара Рејнсфорд, една од нивните дописници во земјата, опишувајќи го потегот како „директен напад врз слободата на медиумите“. Корпорацијата ги повика руските официјални претставници да го преиспитаат „протерувањето“ на репортерката која во моментов живее и работи во Москва. Руските државни медиуми објавија дека Рејнсфорд ќе мора да замине од...

Кина го забрани реемитувањето на Светскиот сервис на Би-би-си

Кина официјално забрани во земјата да се реемитува Светскиот сервис на британската јавна радиодифузна куќа Би-би-си. Според радиодифузните регулатори во најмногубројната земја во светот, причината за ваквата одлука се известувањето на Би-би-си за корона вирусот и за прогонот на Ујгурите, етничко малцинство во Кина. Од Британскиот јавен радио дифузен сервис, Би-би-си порачаа оти се разочарани од ваквата одлука. Одлуката уследи откако...

Српски таблоиди измислија пофалба од „БиБиСи“ за справувањето на Србија со корона вирусот

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

„Би-би-си“ со иницијатива за идентификување на изворите на дезинформации

Покрената е уште една иницијатива на големите меѓународни медиуми за битка против лажните вести преку заедничко воочување на изворите што ги користат овие загрозувачи на новинарската професија. Иницијатор е британскиот јавен сервис „Би-би-си“, заедно со агенцијата „Франс прес“, а им се придружува Европската унија на емитувачи (ЕБУ), весниците „Фајненшел тајмс“, индискиот гигант „Хинду“, дневниот весник „Волстрит џурнал“, канадското радио...

Сторијата на „Би-би-си“ за македонското малцинство уште бранува во Грција

Андреас Петридес, претседател на Унијата на Македонците е уште еден од низата Грци што влегоа во спор со британскиот јавен радиодифузен сервис „Би-би-си“, по репортажата за етничките Македонци во Грција, но притоа не успева да изнесе вистински аргументи, туку само повторува класични грчки флоскули. Претходно со остри критики врз „Би-би-си“ се нафрли и амбасадорот на Грција во Лондон. Како што...

Белата куќа забрани пристап за неколку медиуми

Белата куќа забрани новинарите од неколку медиуми да присуствуваат на неформални средби со претседателот Доналд Трамп, јавуваат светските медиуми. Администрацијата на американскиот претседател ги забранила брифинзите со новинарите на „Си-ен-ен“, „Би-би-си“,„Њујорк тајмс“, „ЛА тајмс“, „Њујорк дејли њуз“, „Дејли мејл“. Пристапот е дозволен на медиумите кои застапуваат десничарски ставови, како „Вашингтон тајмс“, „Уан америка њуз нетворк“, „Брајтбарт њуз“ и други. Главниот уредник на „Њујорк тајмс“,...

Во Турција пуштена од притвор новинарката на „Би-би-си“

Турските власти ја ослободија од притвор дописничката на „Би-би-си“ која известувала за немирите на североистокот од Турција. Таа во притвор помина еден ден без образложение. Новинарката Хатиџе Камар, која работи за турскиот сервис на „Би-би-си“, беше притворена вчера во провинцијата Сирт. Таа ноќта ја поминала во седиштето на полицијата во Сирт. Камар известувала од инцидентот во рудник во таа област, во кој...

„Би-би-си“: СЈО е камшик за политичката елита

Три жени станаа камшик за политичката елита и хероини на улични протести кои секојдневно се одржуваат во малата балканска земја Македонија, а некои ги нарекуваат Чарлиевите ангели на земјата, се вели во опширната анализа на британскиот „Би-би-си“ за политичката криза во Македонија. Според „Би-би-си“, Јанева сега, можеби, е најславната жена во земјата и е ставена на главната сцена во турбулентната...

„Би-би-си“ го провоцира Попоски: Влеговте во политиката за да фрлате солзавец врз деца?

„Вашата земја употреби солзавец на голем број луѓе, меѓу кои и многу деца. Се прашувам дали е тоа она заради кое вие влеговте во политиката“, провокативно го праша министерот за надворешни работи, Никола Попоски, новинарот што го водеше интервјуто за „Би-би-си њузнајт“. - Не е фер да се извади таков заклучок - одговори Попоски. Според шефот на македонската дипломатија, Македонија се обидува...

Гарет за медиумските реформи: На чело на „Би-Би-Си“ се луѓе што ги оставаат политичките ставови дома

Во „Би-Би-Си“ на чело се луѓе што се одбрани според вештините и стручноста и од нив бараме да ги остават политичките ставови дома, вели британскиот амбасадор Чарлс Гарет, како коментар на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонската радиотелевизија да има два уредника, еден од власта, еден од опозицијата. - Во британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ и во другите јавни институции поставуваме луѓе според...

„Би-Би-Си“: Местени тениски натпревари, дури и на „Вимблдон“

Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ денеска објави дека поседува документи кои докажуваат местење на најголемите тениски турнири, вклучувајќи го и „Вимблдон“. - Во последните 10 години за местење се осомничени 16 тенисери кои биле меѓу 50 најдобри во светот. Сите продолжија со тенисот, а некои од нив се и гренслем-шампиони. Документите што ги добивме покажуваат дека во Русија, Северна Италија и во Сицилија...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...