fbpx
Таг: безвизен режим

таг: безвизен режим

Советот на ЕУ со „зелено светло“ за безвизен режим за Косово

Советот на ЕУ денеска даде поддршка за овозможување безвизен режим за државјаните на Косово, односно нивно патување без визи во ЕУ. Сега на потег е Европскиот парламент. Доколку биде донесена одлуката, Косовците ќе патуваат во ЕУ без визи или од мигот на стапувањето на сила на новиот режим European Travel Information and Authorisation System (ETIAS) или од 1 јануари...

Европскиот парламент со нова проценка за политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Косово и Србија

Европскиот парламент денеска ја презентираше својата проценка за политичката ситуација во три земји-пристапнички: Босна и Херцеговина, Косово и Србија. Босна и Херцеговина: Ставање крај на политичкиот ќорсокак и унапредување на реформите Европратениците ја потврдија својата поддршка за евроатлантската ориентација на Босна и Херцеговина. Сепак, тие силно ги осудуваат сите реторики на омраза и попречувачки дејствија, вклучително и повлекување и опструкција на...

Прв ден од посетата на претседателката на Грузија на земјава, потпишан договорот за безвизен режим

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, информираат од претседателскиот кабинет. Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржа пленарен состанок на официјалните делегации, беа потпишани Спогодба меѓу Република...

Украински „Виндроуз“ од 6 декември планира да почне да лета меѓу Скопје и Киев

Украинската авиокомпанија „Виндроуз“ од 6 декември планира да воведе нова авио линија меѓу Скопје и Киев, објави специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“. На веб-страната на оваа авиокомпанија веќе можат да се набават авионски билети за летовите што ќе се одвиваат секој четврток и недела, со полетување од Скопје во 12:50 часот. Летовите е планирано да се одржуваат со авиони ATR72-600...

„Србија Данас“ виде Голема Албанија и во средбата Заев – Рама

Практиката на некои српски веб-страници што претендираат да се нарекуваат медиуми да пласираат коментари во форма на вест, српската „Србија Данас“ вчера ја поттурна уште едно ниво надолу. Имено, пренесувајќи ја интегрално веста на српската државна новинска агенција „Танјуг“ за посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Тирана и за разговараното со неговиот албански колега Еди Рама, „Србија Данас“ одозгора...

Бугарија и Романија добија пристап до информацискиот систем на Шенген

Европскиот парламент го поддржа предлогот на Советот на ЕУ, на Бугарија и на Романија да им се овозможи делумен пристап до базата на податоци за визите од информацискиот систем за шенгенскиот режим, јавија бугарските медиуми. Кога ќе биде изгласана од Советот на ЕУ, одлуката ќе им дозволи на двете држави да проверуваат информации во визниот систем, без да можат...

Катар ги укина визите за Македонија – од денеска може да се престојува и до 30 дена

Катар денеска соопшти дека ги укинува визите за државјаните на 80 земји, меѓу кои и Македонија, за да ги стимулира туризмот и авиосообраќајот. Одлуката веднаш стапува на сила. Одлуката доаѓа неполн месец отако  македонскиот министер за транспорт и врски, Горан Сугаревски, соопшти дека Македонија е ставена на листата на земји со олеснат визен режим. Од денеска на граѓаните на Македонија, како...

Турција го продолжи безвизниот режим за Русите

Турција го продолжи максималниот престој на државјаните на Русија без виза од 60 на 90 дена, соопшти денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу. - Русите сега во Турција можат без виза 90 дена – рече Чавушоглу во Аланија. Русија го суспендираше безвизниот режим со Турција и воведе ембарго за голем број производи од земјата откако турски воен авион урна руски...

Американска амбасада во Софија: Бугарија сè уште не е подготвена за безвизен режим со САД

Бугарија сè уште не ги исполнува условите за безвизен режим со Соединетите Американски Држави. Бројот на одбиени барања за визи минатата година бил 15 отсто од вкупниот број на барања, а условот за добивање безвизен режим е одбиените барања да бидат под три отсто. Ова денеска го објасни генералната конзулка на САД во Бугарија, Кејт Мекгур, но увери дека...

Турција очекува позитивни резултати од разговорите со ЕУ за безвизниот режим

Турција во следните неколку дена очекува да има позитивни резултати од разговорите со Европската Унија за безвизен режим за турските граѓани, јавува агенцијата „Ројтерс“. Договорот за давање можност за безвизно патување во Европа, во замена за запирање на протекот на мигранти во ЕУ, е во ќор-сокак поради тоа што Европа смета дека турските антитерористички закони се премногу општо формулирани. Ибрахим Калин, портпаролот...

Шулц: Турција нема да добие безвизен режим до јули

Нема шанси до јули да се постигне договор за безвизни патувања на турските државјани во Европската Унија, оцени денеска претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. Според Шулц, Европскиот парламент нема да почне консултации сè додека Анкара не ги исполни условите за безвизен режим, поточно додека не се обезбеди заштита на податоци и не се измени антитерористичкиот закон на таа земја.

Ердоган го одби безвизниот режим на ЕУ

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја одби понудата на Европската Унија да воведе безвижен режим во замена за смена на турските закони за тероризам. - Ние ќе одиме по својот пат, а вие одете по вашиот – рече Ердоган, а пренесува „Би-би-си“. ЕУ побара од Турција да ги измени своите закони за тероризам во замена за воведување безвизен режим за...

Германците се против безвизниот режим за Турција

Повеќе од 60 отсто од Германците се против воведување безвизен режим меѓу Турција и ЕУ, покажа истражувањето на институтот „Инфратест“. Само 33 отсто од Германците го поддржуваат укинувањето на визите за Турците, а 62 отсто се против. Според новото истражување, 57 отсто од испитаниците се против спогодбата ЕУ - Турција за мигрантите, додека 39 отсто ја поддржуваат, објави медиумската мрежа АРД. Европската...

Три милијарди евра и безвизен режим со ЕУ ако Турција ги задржи мигрантите надвор од Европа

Турција ќе добие помош од три милијарди евра, безвисен режим за нејзините граѓани во шенген-зоната и рестартирање на закочените преговори со Европската унија доколку се справи со приливот на бегалци и успее да ги задржи мигрантите надвор од Европа. Ова се наведува во нацрт-заклучоците од акциониот план околу кој вечерва треба да се договорат Европската унија и Турција на...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...