fbpx
Таг: бездомници

таг: бездомници

Герасимовски: Исчистена дивата депонија кај Паркот на новинарите, службите се погрижија за бездомниците

Општина Центар ја исчисти дивата депонијата во Паркот на новинарите спроти Министерството за образование, а надлежните служби се погрижија за групата бездомници која беше незаконски населена во Паркот, соопшти Општина Центар. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски се заложил Центарот за социјални работи да ги згрижи седумте деца на возраст од 1 до 7 години кои во паркот во импровизирано...

Волонтери на Црвен крст ќе бидат на терен за превенција и заштита на здравјето на граѓаните на град Скопје при топлотен бран

Во рамките на теренските активности, согласно најавите за екстремно високи температури кои ќе го зафатат градот Скопје и околината, 30 обучени волонтери со возила на Црвениот крст ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот (автобуски постојки, амбуланти, пазари) во работните денови во периодот од 21 до 28 јули, соопшти Црвениот крст на град Скопје. На...

Проблемот со младите бездомници во Македонија го надминува капацитетот на социјалните услуги

„Организација за домување и станари“ (ОДС) во соработка со Цивика Мобилитас неодамна изработи и промовираше ново истражување насловено како „Младите лица и домувањето“, во кое се анализира и темата за младите лица без живеалиште што живеат во Република Северна Македонија. Станува збор за испитувања што досега немаат добиено генерална видливост, односно се анализираат скриеното и потенцијалното кои покрај јавното, постојат...

Донирање храна за бездомници денеска на пет пункта во Скопје

На пет локации во Скопје, во 10 часот денеска почна голема хуманитарна акција „Нахрани 1.000“, во која се собира храна за бездомни лица. По повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата - 17 Октомври, акцијата ја организираат граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“, Црвен крст на Град Скопје, организацијата „Ајде Македонија“, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени...

Градот Скопје ќе ги донира парите од новогодишната прослава на пунктот за бездомници

Средствата планирани за новогодишната прослава во износ од 2 милиони денари Град Скопје ќе ги донира за проширување на капацитет на Прифатилиштето за бездомни лица лоциран на Момин Поток. - Имаме нов проект од Црвен крст за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица, односно за уште еден контејнер со 16 легла и повеќе туш-кабини и јас на следната седница...

Општина Центар и ПОЦ ќе ги згрижуваат бездомниците

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар од денеска почнуваат акција за згрижување на бездомните лица во општината. Директорот на ЈППОЦ, Саша Богдановиќ, и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, најавија дека преноќувалиштето за бездомници ќе функционира за да им се помогне на овие лица за време на деновите со екстремно ниската температура. „Преноќувалиштето ќе работи според стандардните процедури...

Полска: Шест лица починале од студ во последните 24 часа

Во последните 24 часа, во Полска од премрзнување починале шест лица, јавуваат светските агенции. Со ова вкупниот број на починати лица од студ, од ноември до сега, во земјата се искачил на 71 лице, соопштиле полциските власти. Полицијата упатила апел до граѓаните на земјата да им помогнат на најзагрозените, особено на бездомниците, имајќи ја предвид екстремно ниската температура во Полска, која е...

Графити: Кризата им годи само на атинските ѕидови

Атинските ѕидови се непресушен извор на идеи, политички пораки, мали филозофски дискусии и на дилеми. Секоја пора од градските ѕидови дише во бунтовен дух, прекриена со графити и со шаблони кои се занимаваат со политичките или социјалните прашања во државата. Речиси секој проблем, секоја вознемиреност може да се прочита на ѕидовите. Дали е преплашеноста за пребродување на месецот со скратените плати,...

Црвен Крст на Град Скопје ќе згрижува бездомници

Црвениот крст на Град Скопје ќе згрижува бездомници во Прифатилиштето за бездомници во Момин Поток. Тимови на Црвен крст ќе патролираат низ улиците на Скопје од 19 до 22 часот за да ги згрижуваат бездомниците. Доколку некој забележи бездомник, може да ја пријави локацијата на телефонските броеви 070/250-054 и 070/317-803. Бездомниците во прифатилиштето ќе добијат топол кревет, бања, облека, храна...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...