fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Центарот за обука на пилоти стана дел од АРМ

Центарот за обука на пилоти, сместен на воениот дел на скопскиот аеродром, од денеска влегува во состав на АРМ. Центарот беше отворен во 2011 година по договор на Министерството за одбрана и израелската компанија „Елбит“, која до денеска управуваше со Центарот. „Со потпишување на финалниот записник за примопредавање од страна на одговорниот претставник на Армијата, директорот на Генералштабот, генерал-мајор Зоран...

Корисниците на природен гас од 1 јануари ќе добиваат пониски сметки за 6,16 проценти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на денешната седница донесе одлука со која се намалува тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16 проценти, информираат од таму. Одлуката стапува на сила од 1 јануари 2021 година. „На крајот од годината една добра вест а тоа е дека на денешната последна седница за 2020 година донесовме одлука за...

Наместо стимулирање на набавка нови возила и премин на плин на половните, државата презема спротивни мерки

Не постојат субвенции за граѓаните за набавка на електрични или хибридни возила во државниот буџет за 2021 година, средствата за субвенционирање за вградувањето на уреди за плин во старите возила се проектирани на само 210.000 евра за наредните 12 месеци, еколошките налепници за возилата не профункционираа ниту оваа зимска сезона, а не постои ниту рок кога би се вовеле...

Граѓаните се главни кредитори на македонската економија

Анализата на вкупната нето финансиска вредност на македонската економија покажува дека во периодот од 2013 до 2019 година таа има нето должничка позиција, како резултат на поголемиот раст на обврските во однос на средствата, што е вообичаено остварување и во останатите земји во транзиција, покажуваат податоците што прв пат ги објавува Народната банка. Оттаму информираат дека негативната финансиска вредност постојано...

Владата бара „чаре“ за имотот во Зимбабве добиен од сукцесијата на СФРЈ

Владата на 28 седница ја разгледа информацијата за предлог – активности за решавање на статусот на имотот во Хараре, главниот град на африканската држава Зимбабве, кој се наоѓа на адреса: „41 Argyle Drive, Highlands, Harare, Zimbabwe“, кој Република Северна Македонија го доби во процесот на сукцесија на дипломатско-конзуларниот имот на поранешната СФРЈ. Притоа, Владата го задолжила Министерството за надворешни работи...

Докторите ќе можат да оперираат и во јавни и во приватни болници низ целата земја, најави Филипче

Со нова предлог измена на Законот за здравствена заштита, докторите ќе може по потреба да патуваат во друг град во државата за да пружат одредена здравствена услуга. Ова за Мета.мк го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека оваа новина е најкрупната реформа во здравството која се планира да се случи во 2021 година. „Законски, на секој доктор...

Државата го откупи гасоводот, решен деценискиот спор меѓу Макпетрол и Владата

Собранието со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без воздражни го донесе Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол по пат на спогодба. Макпетрол и државата водеа спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот, повеќе од 12 години. Во ноември 2019 година, Макпетрол АД Скопје и македонската Влада побараа медијација во Центарот за решавање на спорови на...

Во Клиничкиот центар во Тетово секој ден е борба за живот (фоторепортажа)

Секој ден е борба за живот. Во Клиничкиот центар во Тетово, медицинскиот персонал го прави невозможното за пациентите кои лежат на оваа оделение да ја пребродат непредвидливата болест и повторно да ги видат своите блиски.    За да ја видиме состојбата на пациентите на ова одделение, бевме придружувани од пулмологот Ружди Реџепи.  Собите се преполни, додека персоналот се обидуваа да постигне...

Со Закон за стратешки инвестиции ќе се забрзуваат големите проекти во енергетиката

Министерство за економија подготвува Закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија, согласно обврските превземени со Договорот за основање на Енергетска заедница, како и обврските превземени со Договорот за стабилизација и асоцијација. Во најавата за подготовка на законот објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека со новата регулатива треба да се уредат правилата за стратешки...

Народната банка очекува пораст на цените на нафтата во 2021 година

За 2021 година е извршена нагорна ревизија на цената на нафтата, при што сега се очекува дека растот ќе биде малку поголем во споредба со октомври, соопшти Народната банка во новиот извештај за макроекономските показатели. „Нагорната ревизија во најголем дел е одраз на позитивните вести во однос на вакцината за Ковид-19 и очекувањата за поголема побарувачка, како и одлуката на...

Помалку NO2 и ПМ-2.5 честички се дишеле во Скопје во карантинот, потврдува истражувањето на ЦКП

Помалку азотен двооксид (NO2) и ПМ-2.5 честички сме дишеле во Скопје во периодот на карантин од 18 март до 26 мај во споредба со истиот период од 2019 година, покажува истражувањето за влијанието на сообраќајот врз загадувањето на воздухот во Скопје спроведено од експертскиот тим предводен проф. д-р Дејан Мираковски, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Центарот...

Добредојдовте во Визбегово: Населбата среде дива депонија од која се хранат нејзините жители (фоторепортажа)

На само три километри од центарот на Скопје, се наоѓа една од најзагадените населби во државата. Помеѓу општина Бутел и Шуто Оризари е населбата Визбегово која географски е позиционирана во депонија. Почнувајќи од почетокот на населбата па сè до крајот, речиси секоја куќа и секој агол е полн со ѓубре и кучиња скитници. Овде отпад фрлаат и самите жители, но...

Ќе се чисти депонијата Визбегово од 50.000 кубни метри различен отпад

Ќе се чисти депонијата Визбегово, децениски проблем на Скопје и еден од поголемите причинители на загадувањето на воздухот. Активностите денеска ги најавија министерот за животна средина Насер Нуредини, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалниците на Бутел и Шуто Оризари, Велимир Смилевски и Курто Дудуш, откако вчера Државниот инспекторат за животна средина на лице место откри како камиони и...

Вонредна инспекција во ОХИС: Во фабриката се складира опасен отпад од технолошките зони, што мора да се отстрани за најмногу три години

Државниот инспекторат за животна средина направи вонреден инспекциски надзор во кругот на ОХИС, каде што работат шест инсталации, од кои една за производство на масло од канабис, а останатите кои вршат складирање на опасен и неопасен отпад. Една од нив е компанијата „Еко-центар“, која работи на извезување на опасните хемикалии кои се историски отпад и остаток од работењето на...

Скопје вечерва завиено во густа магла и високо ниво на загаденост (галерија)

Вo густа магла и со околу 155 мг на метар кубен ПМ10 честички главниот град Скопје го дочека Божик според Грегоријанскиот календар, или попознат како католички Божик. Улиците низ центарот на градот се главно празни со ретки минувачи кои се чини дека брзат да се вратат во своите домови. Атмосферата во строгиот центар повеќе наликува на сцена од некој...

Депонијата во Визбегово и понатаму се полни и гори, инспекторите откриле камион со отпад од Шуто Оризари

Камиони од Шуто Оризари кои фрлале отпад во дивата депонија во Визбегово биле откриени од инспекторите на Државниот инспектопрат за животна средина кои вчера извршиле вонреден надзор. Депонијата во Визбегово е еден од најголемите еколошки проблеми на градот и голем загадувач на воздухот, со оглед на тоа што постојано гори. Инспекторите на лице место констатирале дека капијата, која мора...

Поради пандемијата, бројот на патници на македонските аеродроми годинава е намален за околу 70 отсто [инфографик]

Аеродромите во Скопје и Охрид од јануари до ноември годинава изгубиле над 1,7 милиони патници поради ковид-19 пандемијата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во текот на ноември 2020 година, со воздухоплови на македонските аеродроми биле превезени 45.001 патник, од кои 43.784 патници на Меѓународниот аеродром Скопје и 1.217 патници на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Статистичките податоци...

Физибилити студија ќе одлучи дали ТЕЦ „Неготино“ ќе се продава или ќе оди под јавно-приватно партнерство

На повидок е решавање на идната позиција на ТЕЦ „Неготино“ на енергетскиот пазар во земјава. На Електронскиот систем за јавни набавки вчера беше објавен јавниот повик кој ќе трае до 22 јануари следната година, до кога треба да се достават понудите од заинтересирани компании за изработка на физибилити студија за оправданоста за доделување на договор за јавно-приватно партнерство или...

На час по интегриран предмет нема да влегуваат сите професори, туку секој професор ќе го предава својот дел

Интегрираните предмети нема да бидат предавани само од еден професор, односно на тој час нема да влегуваат тројца наставници по историја, граѓанско образование и географија. Секој од професорите ќе треба да го предава својот дел, односно секој ја предава лекцијата што припаѓа на неговата дисциплина, меѓутоа ќе треба да се договораат меѓусебно како тематски да предаваат одредена тема, со...

Десет конзорциуми на меѓународни енергетски и градежни компании ја започнуваат трката за ХЕЦ „Чебрен“

Десет големи светски компании од областа на енергетиката и градежништвото поднеле понуди за ХЕЦ „Чебрен“ во фазата за претквалификација, односно понуди за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроцентрали на Црна Река, соопшти Владата. Посебна комисијата од Владата во наредниот период ќе врши евалуација на нивните апликации и ќе оцени дали компаниите ги исполнуваат...

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...