fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

ЕУ ни го чисти ѓубрето од нелегалните депонии во општините во Источна Македонија

Најголемиот проект за чистење на нелегалните депонии во моментов се спроведува во македонските општини од Источниот и Североисточниот регион. Со финансиски средства од ЕУ, државата во моментов се занимава со чистење на создадениот отпад во неколку градови. Па така, во Пробиштип се затвораат 22 создадени ѓубришта, во Берово се затвораат 11 вакви локации, додека во Виница се затвораат 3...

Годинава ќе се бара концесионер за чистење на арсенот во Лојане

Државата во 2024 година ќе го распише јавниот повик за пронаоѓање концесионер што ќе го исчисти арсенот и другите отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце. Ако не се најде заинтересиран приватен инвеститор, алтернатива ќе биде пронаоѓањето на странски фондови со домашна контрибуција на принципот по кој во моментов се решава проблемот со линданот во ОХИС. Вакво објаснување дава државата...

Лани регистриран рекорден увоз на нови возила во земјава [инфографик]

Продажбата на возила во С.Македонија лани достигнала рекордни бројки во делот на новопроизведените автомобили, камиони и автобуси, а голем раст е забележан и кај увозот на половни возила, покажуваат податоците на Царинската управа на РСМ. Во 2023 година во земјава биле увезени вкупно 47.050 возила, при што 35.832 биле увезени на старо, додека 11.218 биле импортирани како нови возила. Споредено...

Скопјани во декември се изнадишаа позагаден воздух во споредба со 2022 [инфографик]

Скопје го одбележа екстремно загаден воздух на крајот на 2023 година, а податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека квалитетот на воздухот во декември 2023 бил полош во споредба со истиот месец од 2022 година. Како и во сиот изминат период, квалитетот на воздухот минатиот месец бил најзагрижувачки на мерната станица...

Српски приватни компании заинтересирани да возат по македонските пруги

Државното акционерско друштво Железници на РСМ-Транспорт од почетокот на годинава добива конкуренција. Неколку приватни оператори за товарен железнички сообраќај од Србија веќе пројавиле интерес и подготвеност за влегување на нашиот пазар на почетокот од 2024 година, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Интерес кај српските компании има за превоз на стоки на пругата Табановце-Гевгелија...

Колку јас лично придонесувам за климатските промени во светот?

Иако енергетскиот сектор, индустриските капацитети, шумските пожари и транспортот се убедливо најголемите предизвикувачи на климатските промени, личниот придонес на секој граѓанин во менувањето на секојдневните навики може многу да придонесе во намалувањето на емисиите на стакленички гасови. На Планетата живеат над 8 милијарди луѓе, а доколку секој од нив направи барем една климатска акција, тогаш финалниот исход може да...

Во скопски Аеродром втор ден по ред алармантно ниво на аерозагадување

Во скопската општина Аеродром, односно на мерната станица Лисиче, веќе втор ден по ред се регистрирани алармантни концентрации на ПМ-10 честички во воздухот. На 25 декември е измерено присуство на ПМ-10 од 211,2 микрограми на метар кубен, додека завчера на истата локација имало дневни концентрации од 175,4 микрограми на метар кубен од оваа загадувачка супстанца. Инаку, прагот на алармирање за...

Скопје се гуши во смог: Во Гази Баба, Лисиче и Центар измерени ПМ-10 честички и до четири пати над дозволеното

Концентрациите на загадувачки супстанци во воздухот во Скопје го вклучија алармот од високо аерозагадување. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на Министерството за животна средина информира дека е надминат прагот на информирање кај ПМ-10 честичките на мерните места во Скопје - Центар, Гази Баба, Ѓорче Петров, како и во Тетово, Прилеп и Кавадарци. Утрово стигна соопштение...

Скопје се разбуди во магла и со високо ниво на аерозагадување

Главниот град утрово се разбуди во магла, а граѓаните се соочени со високо ниво на аерозагадување. Најзагаден воздух утрово во Скопје се дише во центарот на градот, каде мерната станица во 10 часот утрово измерила многу високо ниво на загадување - концентрации на ПМ-10 честички од дури 189,51 микрограми на метар кубен. Инаку, дозволената концентрација во воздухот на овие...

Комитетот на Бернската конвенција и годинава бара да се откажеме од малите хидроцентрали

Веднаш да се откаже изградбата на малата хидроцентрала „Рибничка“ во Националниот парк „Маврово“, бара Комитетот на Бернската конвенција во препораките по последната 43. седница која се одржа на крајот на минатиот месец. Од државата се бара да се раскинат и сите концесии во Националниот парк (НП) „Шар Планина“, како и да се забрза репрогласувањето на НП „Маврово“ и да...

За Центар и Карпош есенва нема податоци за загадениот воздух со ПМ-2.5 честички [инфографик]

Есенва немаме податоци за присуството на опасните ПМ-2.5 честички за централните скопски општини Центар и Карпош. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање не дава целосни податоци за сите загадувачки супстанци за аерозагадувањето во Скопје, а кои го мерат инсталираните мерни станици. И покрај ова, достапните податоци покажуваат дека скопјани...

Шукова: До јануари ќе се распише тендер за изградба на регионалната депонија во Свети Николе

Најдоцна до јануари ќе биде распишан меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија и претоварните станици за Источен и Североисточен регион кај селото Мечкуевци, Општина Свети Николе. Ова денеска го најави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Министерката информираше дека во финална фаза е подготовката на тендерската документација за проектот во вредност...

Нема пари, чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС се пролонгира

Расчистувањето на четвртиот дел, од вкупно пет кои треба да се исчистат од малата депонија со линдан во историското жариште ОХИС во Скопје, ќе започне дури во февруари идната година. Иако третиот лот е исчистен уште летово, а и поголемиот дел од отпадот што се ископа е веќе извезен и уништен, сепак процедурата за конечно решавање на овој голем...

Трка со времето кој да го наплати данокот од јаглерод, ЕУ или Македонија

РЕК Битола фото: ЕСм
Дали Европската Унија или Македонија ќе ги собира парите од данокот на јаглерод? Дилемата сè уште е актуелна, а државата е во трка со времето, до 2026 година да обезбеди механизми давачката да се наплатува тука, за парите да завршат во домашниот, а не во европскиот буџет. Законот за климатска акција, што го пропишува данокот на јаглерод, давачка што...

Тендерот пропадна, Битола ќе почека за пречистителна станица за отпадни води

Пропадна тендерската постапка за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Битола, кој беше распишан пред една година и требаше да отпочне да се изведува годинава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека компаниите кои учествувале на тендерот доставиле понуди кои биле над проектираниот буџет. Инаку, проектот за изведба на битолската пречистителна станица е...

Потпишан договорот за изградба на автобуското метро во Скопје

Откако Градот Скопје деновиве излезе со информација дека ќе ја продолжи реализацијата на автобуското метро, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша договорот за имплементација на Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека проектот...

По две години пауза, Градот Скопје одлучи да го гради автобуското метро

Системот за брз автобуски превоз во Скопје (БРТ-Скопје) ќе се реализира. Градот Скопје денеска соопшти дека две години траело отстранувањето на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, додавајќи дека главниот град конечно ќе добие нов транспортен систем. „Системот за Брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери со што започнува неговата реализација во главниот град. Проектот подразбира...

Државната лабораторија не може да најде вработени за акредитација за мерење на аерозагадувањето

Државната лабораторија за животна средина планира идната година да се акредитира за три методи за следење на квалитетот на воздухот, но само доколку најдат кој да работи со инструментите. Како што информираат за Мета.мк од Министерството за животна средина, Централната лабораторија во предлог буџетот за 2024 година предвидува акредитација на нови методи за емисии од стационарни извори. Сепак, акредитацијата...

Укинатите патнички возови кон Битола ќе се вратат во функција, ама не се знае кога

Стружните служби во Железници на РСМ-Транспорт интензивно работат на редовно одржување на возните средства, за што побрзо да се вратат во функција укинатите возови од Скопје кон Битола, Кичево, Табановце и Кочани. Ова е одговорот што Мета.мк го доби од раководството на државната компанија откако на 25 октомври беа укинати по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје. И додека негативните...

Доаѓа сезоната на загаден воздух – државата и општините глуви за потребата од повеќе мерни станици

Деновите со енормно загадување на воздухот се пред нас, а нема нови мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот во македонските градови. Властите на национално и на локално ниво си ги префрлаат меѓусебно обврските за тоа кој треба да постави нови мерни станици низ населените места, а општ е впечатокот дека сите чекаат средства од странство за да...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...