fbpx
Таг: бесплатни билети

таг: бесплатни билети

Скопските советници одлучија средношколците да се возат бесплатно и за време на летниот распуст

Овој летен распуст околу 23.000 средношколци ќе може да го користат јавниот превоз во Скопје бесплатно заради посетување дополнителна настава, часови по практична настава, како и за посета на културни, спортски или други активности, одлучи денеска Советот на Град Скопје на 13-та седница. „Изминатите години бесплатниот билет им важеше само за време на учебната година, а за месеците од летниот...

ЈСП: Ученичките бесплатни билети за јавен превоз важат до 10 јуни, а за средношколците до 20 јуни

Поради завршувањето на учебната година 2021/2022, од понеделник (13.06.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по летен возен ред, а ученичките бесплатни билети нема да важат за време на летниот распуст, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје. Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни. Основците/средношколците (не важи за средношколците кои...

Непродолжените студентски билети не важат во 2022 година, контролорите на ЈСП казнуваат

Студентите кои не ја продолжиле важноста на годишните студентски билети за бесплатно користење на јавен превоз во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје), од први јануари годинава немаат право да ги користат непродолжените билети. Оваа го соопштија од ЈСП Скопје на упатеното прашање од „Мета.мк“ откако до нас стигнаа реакции од студенти кои добиле казни од страна на...

Железница и догодина со идентичен возен ред, ќе нема возови за Белград и за Солун (инфографик)

Веќе трета година по ред нема промени во возниот ред на патничките возови во земјава. Железници на РСМ-Транспорт и во 2022 година ќе вози со идентичниот возен ред од годинава, така што нема да има возови кон Белград и Солун. Новиот возен ред којшто стапува на сила на 12 декември 2021 година веќе е објавен и предвидува сообраќање на...

Железница со 6,3 милиони евра од буџет во 2022 ќе покрива загуби, студентите ги чекаат бесплатните билети

Foto: Borče Popovski
Во Предлог-државниот буџет за 2022 година, којшто во моментов се наоѓа на комисиска расправа во Собранието на РСМ, се наменети 390 милиони денари (околу 6,3 милиони евра) како државни субвенции за надоместување на услугите од јавниот интерес во железничкиот превоз на патници. Со овие средства догодина ќе се покриваат загубите што ги прави државното претпријатие Железници на РСМ-Транспорт во сообраќањето...

Железничкиот транспорт за младите повторно да биде бесплатен, бараат студентските организации

Универзитетските студентски собранија (УСС) во земјава бараат Владата да го врати бесплатниот превоз со воз за студентите и младите во земјава, којшто беше укинат со почетокот на ковид-19 пандемијата во март 2020 година. Пред пандемијата, сите млади лица до 27 години имаа право на користење на бесплатни железнички билети за патување со патничките возови на било која дестинација, и тоа...

За 200.000 бесплатни картички за патарини за српските туристи ќе издвоиме 2,8 милиони евра

Како што вети македонската влада уште за време на пристигнувањето на донираните вакцини против ковид-19 од Србија, државјаните на оваа соседна земја летово ќе бидат ослободени од плаќање патарина на македонските автопати. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски за начинот на кој ќе...

Поради корона кризата, догодина ќе нема инвестиции во изградба на нови паркинзи во Скопје

Големите финансиски загуби на јавните претпријатија годинава ќе доведат до одложување на планираните капитални инвестиции во изградба на нови јавни паркинзи и монтажни гаражи за решавање на проблемот со паркирањето во Скопје. Големиот број проблеми со паркирањето во главниот град, за што „Мета.мк“ веќе подолго време пишува, и понатаму ќе се решава единствено со интервенции од помал обем. „ЈП Паркинзи...

ПОЦ со три нови паркиралишта во Центар, во Карпош сè уште се чека на зонско паркирање

Хроничниот проблем со недостиг на паркинг места во главниот град се решава на различен начин низ скопските општини. Двете јавни претпријатија кои управуваат со паркинзите во Скопје веќе подолг период регистрираат поголем број на издадени бесплатни дозволи за паркирање од бројот на паркинг места со коишто тие располагаат. Ситуацијата е најкритична во центарот на Скопје, каде што повластена паркинг...

Бесплатните дозволи за паркирање за 13 пати побројни од паркинг местата на „Градски паркинг“ (инфографик)

Хроничниот недостиг на места за паркирање во Скопје континуирано се зголемува низ годините. Податоците за 2019 година покажуваат дека бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станарите е за 13 пати поброен од бројот на паркинг места со кои располага ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, се наведува во Годишниот извештај за работењето на ова јавно претпријатие. Заклучно со декември...

Со креативност до бесплатен билет за Францускиот филмски фестивал

Францускиот институт во Скопје доделува билети за проекцијата на филмот „Џанго“ на 14 јуни во киното „Милениум“ во Скопје, со кој ќе се отвори јубилејното десетто издание на Францускиот филмски фестивал. Во натпреварот за бесплатен билет може да се вклучат сите млади на возраст помеѓу 15 и 25 години со креативен одговор на прашање „Што значи францускиот филм за вас?“. Одговорите...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...