fbpx
Таг: Беса

таг: Беса

ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ, а за последниот ќе одлучува утре

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно го отфрли приговорот на СДСМ кој се однесуваше на постапката за утврдување на резултатите од гласањето на избирачкото место 2016, a последниот приговор на СДСМ, како што соопшти претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, ќе биде разгледуван утре, на седница закажана за 11 часот. - Ви соопштувам дека ДИК вечерва ќе работи на изготвување на...

ДИК ќе консултира графолог на МВР за автентичноста на потпис на гласач

Државната изборна комисија вечерва расправаше и по осмиот приговор на Беса, во кој се тврди дека во општина Гостивар на избирачкото место 0396/1 во името на Фатиме Сулејмани гласал некој друг. Пред членовите на Државната изборна комисија сведочеа членовите на Општинска изборна комисија (ОИК) во Гостивар од избирачко место 0396/1, но и самата Сулејмани. Според исказите на членовите на ОИК Гостивар,...

ДИК одби седум приговори на Беса, за осмиот ќе одлучува дополнително

Државната изборна комисија одби седум, а дополнително ќе одлучува по осмиот приговор од Движењето Беса за текот на гласањето и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември, по што членовите на комисијата заминаа на пауза за ручек од еден час. Во последниот приговор, Беса тврди дека во општина...

Во тензична атмосфера, членовите на ДИК отфрлија два приговори од Беса

Државната изборна комисија во тензична атмосфера и со постојани препирки меѓу членовите, одбија два од осумте приговори поднесени од Движењето Беса. Првиот приговор за избирачко место во општина Арачиново беше одбиен затоа што од Беса не доставиле докази пред истекот на рокот. Да не го прифатат приговорот, членовите на ДИК одлучија со седум гласа „против“ и со два гласа „за“. - Ако ги...

ДИК денеска ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи јавната седница на која Комисијата ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. „Државната изборна комисија ве известува дека во големата сала на ДИК (централа во Скопје, 4 кат), ќе се...

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не влегува во сценарија за постизборен инженеринг

„ВМРО-ДПМНЕ внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следи работата на Државната изборна комисија и најновото одложување на одлучувањето по апсурдните приговори од страна на СДСМ и на Беса“, се вели во соопштението од партијата, чиј извршен комитет денеска одржал седница на која било разговарано за „актуелната политичка состојба и постојаното одолговлекување на официјализирањето на изборните резултати“. Од...

ДИК утре ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса

Државната изборна комисија (ДИК) за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Во ДИК сè уште го немаат утврдено времето кога ќе се одржи седницата и велат дека за тоа дополнително ќе информираат. „Државната изборна комисија известува дека седницата...

Ахмети, Тачи, Касами и Села на постизборна средба со албанскиот премиер Рама

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со лидерите на албанските партии во Македонија, односно со претседателите на Движењето Беса и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијдин Села, а за денеска се закажани средби и со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Средбите на Рама со лидерите на четирите партии следуваат два дена по...

Партиите до ДИК доставиле 16 приговори, СДСМ и Беса по осум

До државната изборна комисија поднесени се 16 приговори кои се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември, но и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите. - СДСМ и партијата Беса поднесоа по осум приговори. Приговорите на Беса се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, а приговорите на СДСМ во...

Македонија еднаш засекогаш да се врати на патот на евроинтеграциите, порача Касами по гласањето

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами, откако гласаше, изјави дека ова е значаен ден и за Албанците, но и за Македонците. - Денеска е голем ден за Албанците и за сите граѓани во Македонија и затоа ги повикувам сите граѓани да излезат, да гласаат и со нивниот глас да одлучат за својата иднина. Се надевам на масовна излезност на сите граѓани...

Победата на Беса е победа на Албанците, порача Касами

Беса сигурно ќе победи на овие избори, но тоа нема да биде победа на политички субјект, тоа ќе биде победа на Албанците во Македонија, победа над ДУИ која 10 години ѝ слугува на ВМРО-ДПМНЕ, изјави вечерва лидерот на Беса, Биљал Касами, на митингот што неговата партија го одржа во Тетово. - ДУИ веќе нема подршка од народот, гледате самите дека на...

Искршени изложните стакла на штабот на Беса во Слатино, Тетовско

Партискиот штаб на Беса во селото Слатино, Тетовско, утринава бил цел на вандалски напад. Искршени се изложните стакли на објектот каде е сместен штабот, а од Беса за овој инцидент ги обвинија партиите на власт. - Очигледно е дека партиите на власт, соочени со поразот што ги очекува на 11 декември, прават сè за да ја спречат победата на Беса на овие...

Беса од Кичево порача: Албанците ќе ја казнат ДУИ со нивниот глас

Движењето Беса вечерва ја промовираше предизборната програма и кандидатите за пратеници на предизборен собир во Кичево. Пред насобраните симпатизери и членови, се обрати кандидатот за пратеник од Кичево во петтата изборна единица, Арбен Лабеништи, кој порача дека е време е за промени. - Ќе дојдат нови сили кои ќе знаат да ги бранат интересите на Албанците. Албанците ќе ја казнат ДУИ со...

Лидерот на Беса побара од граѓаните да гласаат за нови и некорумпирани политичари

Коалицијата Преродба со Беса на митингот одржан во Неготино, Полошко, побара од граѓаните да го дадат својот глас за нивната коалиција, во која, како што истакнаа од партијата, нема корумпирани политичари и која ќе се залага за редефинирање на државата, со што ќе се гарантира еднаквост на сите граѓани во сите сегменти од општественото живеење. Претседателот на Беса, Биљал Касами,...

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кочани, СДСМ во Берово, ДУИ во Врапчиште, а ДПА во Тетово

Политичките партии денеска, на десеттиот ден од изборната кампања за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, ќе одржат митинзи и средби со граѓаните во повеќе градови во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе одржат митинзи во Виница и во Кочани, додека СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија денеска ќе бидат во Пехчево и во Берово. Демократската...

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 4,8 отсто, покажа анкетата на „Телма“

Разликата меѓу најголемите македонски политички партии изнесува 4,8 отсто, покажа анкетата што ја нарача телевизија „Телма“, а ја спроведоа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и МЦМС. Доколку утре се одржат избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,7 отсто од гласачите, за СДСМ - 18,9 отсто, за ДУИ - 6,2 отсто, за ДПА - 3,3 отсто, за Беса - 1,2 отсто, додека за други партии...

Пет члена на Беса преминуваат во Движењето за реформи на ДПА

Движењето за реформи на ДПА на прес-конференција во партиското седиште во Тетово, соопшти дека неколку членови од движењето Беса, преминале во нивната партија. - Се работи за четири потпретседатели на подразграноци на Општина Тетово и за еден член на претседателството на разгранокот на Тетово - изјави Агон Ферати, потпретседател на Движењето за реформи на ДПА. Ферати се надева дека пред изборите...

ДУИ и Беса во водство кај гласачите Албанци, покажуваат анкетите

На изборите на 11 декември, 13,4 отсто од граѓаните Албанци ќе гласаат за Демократската унија за интеграција (ДУИ), а 10,2 својата доверба ќе ѝ ја дадат на Беса, покажале резултатите од истражувањето на Институтот за креирање политики и добро владеење, пренесува „Телма“. Според анкетата, Демократската партија на Албаниците (ДПА) се наоѓа на третото место со 6,3 отсто од гласовите на...

„Беса“: Уставниот суд да ја испита одлуката на ДИК за бришењето на 40.000 гласачи

Движењето „Беса“ денеска оцени дека објавената листа, на наводни фантомски гласачи, е флагрантно прекршување на Уставот на Република Македонија и го повика Уставниот суд итно да се изјасни за одлуката на Државната изборна комисија за бришењето на 40.000 гласачи. Тие исто така го повикаа и народниот правобранител да реагира на, како што рекоа, дискриминација што се врши кон граѓаните...

Опозицискиот совет на Албанците на протест побара правда, демократија и достоинство

Со паролите „Али предавник“, „Демократија“, „Смрт за фашизмот“, „Долу ДУИ со Груевски“, „Правда“, неколку илјади граѓани од албанска етичка припадност го почнаа протестот „Ден Д – правда, демократија, достоинство“ во паркот во Чаир. Опозицискиот совет на Албанците го организираше протестот заради поголеми права, почит и достоинство на албанското население, како и за запирање на политички монтираните случаи. Демонстрантите дадоа поддршка на...

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...