fbpx
Таг: Беса

таг: Беса

Попоски: Тирана и Приштина да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска го оцени како непристојно и несоодветно мешањето на Албанија и на Косово во внатрешните работи на Македонија. - Не е пристојно, ниту соодветно кога премиер или претседател од соседна земја директно се меша во внатрешни работи, особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање влада. Се испраќаат погрешни сигнали во...

Бушати: Албанија не се меша во можните коалиции во Македонија

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, вчера изјави дека официјална Тирана немала никаква улога во однос на можните владини коалиции во Македонија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Бушати истакна дека Албанија не се меша во внатрешните работи на соседната земја, ниту, пак, вршела некакво влијание за можните коалиции и додаде дека ќе поддржат кој било процес што ќе осигура демократија...

Брисел не ја коментира платформата на албанските партии

Европската комисија засега не ја коментира содржината на заедничката платформа на албанските партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците. На новинарско прашање како ја коментираат платформата, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, изјави дека Брисел внимателно го следи развојот на настаните во земјата. - Тоа што во моментов можам да го кажам е дека одблизу ја следиме ситуацијата и,...

Бушати и Мета ја поздравија платформата на албанските партии во Македонија

Албанските власти ја поздравија заедничката платформа на албанските партии во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, оцени дека тоа е договор за посилна и подемократска Македонија, додека претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, смета дека договорот позитивно ќе влијае на меѓуетничките односи во земјата. Албанскиот премиер Еди Рама во саботата, по објавувањето на платформата,...

За да помине платформата на Албанците, треба двотретинско мнозинство во Собранието

Политичките партии од албанскиот блок, ДУИ, Движење Беса и Алијанса за Албанците, на 7 јануари соопштија дека усвоиле заедничка платформа која ќе биде нивна основа во преговите за формирањето на новата влада. Сепак, и во случај нивните барања опфатени во платформата да бидат прифатени од некоја од двете партии од македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, за нивно спроведување на...

НДМ: Албанија и Косово со сеалбанската платформа ѝ објавија војна на Македонија

Народно движење за Македонија денеска изрази длабока загриженост и силно ја осуди вклученоста на Албанија и на Косово во донесувањето на т.н. сеалбанска платформа која повикува на редефинирање на уставниот поредок на Македонија. „Ова особено добива сериозност ако се знае дека според правилата на општото меѓународно задолжително право, ваквиот атак на Албанија и на Косово спрема македонскиот суверенитет и интегритет...

Aлбанската политичка платформа е уцена и ја негира унитарноста на Македонија, смета ТМРО

Заедничката платформа на ДУИ, Беса и на Алијанса за Албанците претставува уцена, оцени денеска ТМРО и ги повика сите политички партии на Македонците да ја отфрлат платформата на албанските партии. „Таканаречената aлбанска политичка платформа за учество во сегашна или идна македонска влада, за ТМРО е уцена до македонскиот народ и до македонската држава со јасна провокативна божиќна порака - или двојазична...

Заедничката платформа на албанските партии е провокативнa и беспредметнa, оцени Левица

Во услови кога голем процент од населението во Македонија живее во сиромаштија, а Македонија е земја со највисоки класни разлики во Европа и земја речиси без социјални програми, заедничката платформа на ДУИ, Беса и на Алијансата за Албанците е провокативнa и беспредметнa, стои во реакцијата на партијата Левица. Албанските партии во Македонија вчера ја објавија заедничката платформа која ќе биде...

Заедничката платформа на албанските партии во Македонија е историски чекор, оцени Рама

Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави и ја оцени како историска вчера објавената заедничка платформа на албанските партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците, за преговорите за формирање на македонска влада. „Историски чекор за изразување на волјата на Албанците во Македонија. За правата на Албанците, а не преговори за владини фотелји“, напиша Рама на својата страница на „Фејсбук“. Лидерите...

Беса: Албанците се подготвени да поддржат една заедничка кауза

Централното претседателство на Движењето Беса усвои декларацијата на албанските партии во Македонија за да покаже дека Албанците се подготвени да поддржат една заедничка кауза, соопштија денеска од Беса. „Оваа декларација, која е составена од страна на албанскиот фактор и е поддржана од страна на албанските партии во Македонија, а за која ниту една посебна албанска партија нема посебна заслуга туку сите се подеднакво...

Ахмети, Касами и Села усвоија заедничка платформа за учество во новата влада

Претставниците на албанските политички партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците денеска издадоа изјава со која ја промовираа „Заедничката платформа на албанските парламентарни партии во Македонија“. Платформата се состои од седум главни точки кои се однесуваат на рамноправноста која е предвидена со Охридскиот договор и Уставот, на рамноправен економски и регионален развој, на зајакнување на владеењето на правото, на...

Ахмети, Касами и Села на средби со косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска имал средби со лидерите на албански партии од Македонија - ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, кои обезбедија пратенички мандати во Собранието, на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Тачи, како што соопштуваат од неговиот кабинет, на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, и на лидерот на Алијансата на...

Заклучоците од Тирана не се црвени линии, туку начела за разговори за влада, вели Ахмети

Документот што ќе произлезе од вчерашната средба во Тирана на албанските партии од Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, со албанскиот премиер Еди Рама, ќе содржи заклучоци кои ѝ се познати на македонската јавност, како што се јазична рамноправност, судски реформи и други реформи значајни за Албанците во Македонија, соопшти денеска пред почетокот на конститутивната седница на Собранието, лидерот на ДУИ,...

Движењето Беса нема да присуствува на средбата со Ахмети

Централното претседателство на движењето Беса вечерва одлучило да не се појави на средбата што ја организира лидерот на ДУИ, Али Ахмети утре во 13 часот во хотелот „Александар палас“, соопштија од партијата. Во нивното соопштение се вели дека нема да се појават на средба која е организирана од луѓе кои се спомнуваат од Специјалното јавно обвинителство и од тие што се осомничени...

Касами – Пломп: Да се продолжи мандатот на СЈО и да се формира специјален суд

Основачот и претседателот на Беса, Билал Касами, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, со кој разговараше за условите за евентуално учество на Беса во конституирањето на новата влада. - Бараме да се продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство, да се најде можност за основање на специјален суд и да се врати Македонија на патот на евроатлантските...

Управниот суд ја уважи тужбата на ВМРО-ДПМНЕ и ја поништи одлуката на ДИК за Гостивар

Управниот суд едногласно, со пет гласа „за“, ја уважи тужбата на ВМРО-ДПМНЕ и го отфрли како неуреден приговорот на партијата Беса за гласањето на избирачкото место 0396/1, во Гостивар, кој претходно Државната изборна комисија го прифати и го поништи гласањето на ова гласачко место. Станува збор за приговорот на Беса, според кој на местото на гостиварката Фатиме Сулејмани се...

Кој го раководи и што е Управниот суд, кој ќе пресече за резултатот од изборите

Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера, пред истекот на рокот (ноќеска, на полноќ), соопштија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд за дел од одлучките на Државната изборна комисија по приговорите околу текот на гласањето на изборите на 11 декември. Управниот суд, пак, сега, според членот 150 од Изборниот законик, откако ќе ги прими тужбите, има рок од 48 часа...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба за одлуката на ДИК за прегласување во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ синоќа соопшти дека од партијата поднеле тужба до Управниот суд поради решението на Државната изборна комисија со кое се уважи приговорот на политичка партија Движење Беса и се поништија резултатите од гласањето на гласачко место во општина Гостивар, ИЕ6. „Ваквата незаконска одлука на Државната изборна комисија директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на Коалицијата за подобра Македонија...

СДСМ ќе поднесе четири тужби до Управниот суд

СДСМ до крајот на денот ќе поднесе четири тужби до Управниот суд што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6, соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите. ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на...

Беса нема да поднесе тужби, се сомнева во независноста на Управниот суд

Движењето Беса нема да поднесе тужби до Управниот суд по одлуките на Државната изборната комисија да се отфрлат седум од осумте приговори за изборниот процес. - Органите на партијата оценија да не поднесат тужби до Управниот суд бидејќи се сомневаат во неговата независност и однапред ја знаат неговата одлука - изјави за „Мета“ портпаролот на Беса, Орган Муртезани. Државната изборна комисија го...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...