fbpx
Таг: Беса

таг: Беса

Беса бара да се формира истражна комисија за насилствата во Собранието

Парламентарната група на Движењето Беса ќе поднесе барање до новоизбраниот претседател на Собранието на првата седница да формира парламентарна истражна комисија, која ќе ја открие целата вистина за тоа што се случи на 27 април и врз таа основа, да се преземаат неопходните мерки за сите што беа вклучени во овој случај. - Минатиот четврток, 27 април, ќе биде запаметен како...

Беса: Државата е и во безбедносна криза, во неа решаваат хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, на денешната прес-конференција порача дека вчерашното дивеење и крвничко тепање во Собранието е доказ дека земјата покрај во политичка, е и во безбедносна криза. Тој го осуди синоќешното насилство врз пратениците и врз новинарите и изрази загриженост што „за иднината на државата одлучуваат хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ“. - По синоќешните инциденти во Собранието, кога хулигани...

Беса: МВР им дозволи на хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ да го нападнат Собранието

Движењето Беса најостро ги осуди инцидентите и нападот во Собранието и ги повика државните органи што се надлежни за обезбедување на јавниот ред и мир да застанат во одбрана на државните институции и на безбедноста на граѓаните. „Констатираме дека тоа што Министерството за внатрешни работи им дозволи на хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ да ја нападнат највисоката законодавна институција, е знак дека Македонија...

Обвинувањата за „предавство“ го активираа СДСМ во Собранието

Дваесеттото продолжение на конститутивната седница на Собранието денеска донесе пресврт, кога по многуте обвинувања за Зоран Заев и за СДСМ, што беа кажувани и на сите досегашни продолженија на седницата, првин на говорницата со процедурална забелешка се обрати Заев, а потоа и Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски, Оливер Спасовски и Петре Шилегов, одговарајќи на обвинувањата за „предавство на македонските национални...

Гаши: Странците не доаѓаат со готови решенија, но сакаат да помогнат

Странските дипломати што доаѓаат во Македонија, не доаѓаат со готови решенија, туку сакаат да помогнат, изјави потпретседателот на движењето Беса, Африм Гаши, по средбата со поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билт. - Бараат начини како може да се помогне, како ние заеднички би можеле да се договориме за излез од кризата. Сите надворешни дипломати што се дојдени досега, барем...

Ахмети свика итен состанок во ДУИ за излез од блокадата во Собранието

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска свикал итен состанок на централното претседателство на кој ќе се бара излез од блокадата во Собранието, но ќе се расправа и за однесувањето на Беса. Шефот на кабинетот на Ахмети, пратеникот Артан Груби, вели дека на дневен ред ќе биде опозициската коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Беса. Груби открива дека Беса ги повлекла потписите што му ги...

Седницата за Комисијата за избори и за именувања продолжува утре во 11 часот

Конститутивната седница на Собранието на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и на заменици членови на Комисијата за избори и за именувања ќе продолжи утре. Претседавачот со седницатa, поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, најави дека утрешната, но и сите наредни продолженија на конститутивната седница, до нејзиното завршување, ќе почнуваат во 11 часот. По попладневната пауза која беше...

Беса: Не сме за вакви реформи кои почнуваат со ДУИ

Движењето Беса нема да ја поддржи кандидатурата на Талат Џафери за претседател на Собранието бидејќи смета дека е наметната. На прес-конференција во Собранието, од Беса изјавија дека тие имаат свој предлог-кандидат односно човек кој е со кредибилитет и не е поврзан со криминал и корупција, но дека нивниот кандидат не бил земен в предвид од СДСМ, ДУИ и Алијанса на...

Собрание: Извесно е само дека седницата ќе почне, сè друго е до волјата за излез од кризата

Парламентарните политички партии денеска, по три месеци пауза и преговори, ќе ја продолжат конститутивната седница на Собранието, која почна на 30 декември минатата година, а беше прекината затоа што немаше договорено парламентарно мнозинство и пратениците не можеа да изберат претседател на законодавниот дом. Според агендата на денешното продолжение на конститутивната седница, кое е закажано за 12 часот, единствени две точки...

Беса нема да го поддржи Џафери, ќе предложи свој кандидат за претседател на Собрание

Раководството на Движењето Беса нема да го поддржи кандидатот на ДУИ за претседател на Собранието, Талат Џафери, и одлучи да предложи свој кандидат за собраниски спикер, објави „Tелевизија 21“. Портпаролот на оваа партија, Орхан Муртезани, не открива имиња, но според неофицијални информации на партијата, станува збор за Африм Гаши или Фадил Зендели. - Движењето Беса не донесе одлука за поддршка на...

Беса и СДСМ разговарале за можни решенија за излез од кризата

Претставници на движењето Беса, предводени од претседателот Билал Касами, денеска се сретнале со преставници на СДСМ, соопштија од Беса. „Тема на дискусија беа последните политички случувања и настанатата ситуација во земјата, по одбивањето на претседателот на државата да го даде мандатот. Исто така, се разговараше и за можните решенија за излез од кризата со која се соочува земјата за функционализација...

Програмата на СДСМ е рамка за доградување, оцени Беса

Програмата што вчера ја претстави СДСМ е рамка што треба да се догради за да биде сеопфатна и за прашањата кои се однесуваат на Албанците како втор поголем народ во Македонија, соопшти денеска Движењето Беса. Oд Беса, сепак, не сакаат да ја коментираат програмата на СДСМ, бидејќи мандатот за формирање влада сè уште не е даден. „Сè уште е не е деблокирано...

По одлуката на Иванов, Беса бара интервенција од меѓународната заедница

Отако Ѓорге Иванов изјави дека нема да го даде мандатот, ова е вознемирувачки момент за државата, се вели во соопштението на Движењето Беса. - Всушност, Иванов е најголемиот прекршител на Уставот, и тогаш кога неуставно му го довери мандатот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш кога не му го довери мандатот на претседателот на СДСМ. Ова е алармантно, бидејќи тој ја претставува...

Беса: ДУИ не е достојна да свика средба на албанските партии

Бучавата што се прави за заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии е за некои албански партии во Македонија да придобијат политички поени во пресрет на локалните избори, велат од Движењето Беса. Ставот на Беса е дека не прифаќа состанок кој е инициран од претседателот на ДУИ во Скопје. „Тие што беа главни виновници што на Беса ѝ беа одземени два пратеника за да...

БЕСА: Не учествуваме на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација

Движењето Беса преку соопштение информираше дека не гледа никаква обврска да учествува на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација на албанските парти во Македонија. Од Беса велат дека средбата е само билатерален состанок помеѓу две албански партии во Македонија. „Движењето Беса стои на ставот дека и покрај тоа што некои политички експоненти – на инфантилен начин – ја...

Беса обвинува дека Заводот за статистика објавува неточни информации

Движењето Беса им сугерира на странските експерти да му постават неколку прашања на Државниот Завод за Статистика, затоа што, како што велат, институцијата давала неточни информации. „Како се случи за време кога имаше обид за попис на населението во 2011-та, од вкупно 39 групи на државни инструктори, ниту еден не беше предводен од Албанец? Како се случи, од осумте сектори, ниту...

БЕСА на средба во ЕВН за протестите во Тетово

Висока делегација на Движењето Беса денеска ќе ја посети компанијата за дистрибуција на електрична енергија ЕВН Македонија поради поплаките на граѓаните за високите сметки, соопштија од партијата. „Заинтересирана за доброто на сите граѓани во државата, БЕСА е длабоко загрижена за проблемите што ги изразуваат граѓаните во врска со снабдувањето и плаќањето на електричната енергија, особено за цената која граѓаните се...

Анкета: Граѓаните се против нови избори, сакаат широка коалиција

Доколку утре се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат речиси изедначени, покажува најновата анкета на агенцијата „М-проспект“ направена по нарачка на телевизија „Телма“. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,3 отсто од граѓаните, за СДСМ 23 отсто. Единствено промена би имало кај партиите на Албанците. Кога сега би се одржале избори Беса би била изедначена со ДУИ, односно би добила 3,5 отсто,...

Јавното обвинителство води предистажни постапки против невладините и Беса

Одделението за организиран криминал при Јавното обвинителство Скопје води предистражна постапка за незаконско финансирање на изборниот процес против повеќе невладини организации и политичката партија Беса, јавува „Нова ТВ“. Порталот како извор на информацијата посочува „многу високи извори во истрагата кои поради личната безбедност побарале да останат анонимни“. Според нив, станува збор за невладини организации кои се финансирале од странски донатори, како...

Беса ги прогласи Ибраими и Јакупи од ДИК за „херои на ВМРО“

Претставниците на младинскиот форум на Движењето Беса денеска пред Музејот на македонската борба, што го нарекоа „музеј на ВМРО Али Ахмети“, ги прогласија членовите на ДИК, Бедредин Ибраими и Субхи Јакупи, за „херои на ВМРО“. „Денеска сме тука пред музејот на ВМРО „Али Ахмети“, кој го именувавме така пред некое време, со тоа што на оваа културна институцијаа ѝ посветуваме уште...

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...