fbpx
Таг: берза

таг: берза

Започна со работа првата берза за струја во земјава

Националниот оператор на пазар со електрична енергија „Мемо“, го воспостави првиот организиран пазар на електрична енергија во Северна Македонија. По тој повод, премиерот Димитар Ковачевски преку писмо го нагласи и значењето во процесот на поддршката на Секретаријатот на Енергетската Заедница и на УСАИД. „Ова е уште еден голем ден за економијата и за перспективите на граѓаните. Започнува со работа првата...

Акционери на Твитер ги тужат Илон Маск и Твитер

Elon Musk
Акционери на Твитер поднесоа тужби против Илон Маск и против Твитер поради „хаотичниот процес на преземање на компанијата“ што управува со истоимената социјална мрежа, во време кога преземањето на компанијата од страна на Маск не е завршен. Акционерите сметаат дека спроведувањето на овој процес довело до неочекувани и големи скокови на цената на акциите, известува „Си-ен-би-си“. Илон Маск, првиот човек...

Редит заедницата и платформата „Робинхуд“ во фокус на сослушувањето за случајот „Гејмстоп“

Берзанската сага што започна со луди промени во цената на акциите на „Гејмстоп“ минатиот месец дојде до ново поглавје – сослушување на Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом, кој ги испрашува најважните играчи вклучени во приказната. Претседателката на Комитетот, Максин Вотерс, сослушувањето го наслови „Играта запре (Game Stopped) – Кој победува и кој губи кога се судираат кратките продавачи,...

„Гејмстоп“: Продолжува војната помеѓу Волстрит и Реддит заедницата

Американската берза изминативе три недели доживеа потрес откако група корисници на мрежата „Реддит“ одлучија да им се спротивстават на големите инвеститори од Волстрит и да играат против нивните мултимилионски обложувања. Голем број корисници на Реддит во групата „wallstreetbets“ започнале со купување на акции во компанијата за видео игри и забава „Гејмстоп“, пркосејќи им на инвеститорите од Волстрит кои се обложиле...

Корона вирусот ја враќа Македонската берза во 2019 година

Рекорден пад на вредноста има кај македонскиот берзански индекс МБИ10 во изминативе десетина дена поради појавата на корона вирусот. Денеска индексот падна под границата од 3.800 индексни поени, а на 5 март изнесуваше 4.997 индексни поени. Податоците на берзата покажуваат дека последен пат вредноста на МБИ10 била под границата од 4.000 индексни поени во август, минатата година. Во спречување на континуираното...

На првиот ден на котација не се продаде ниту една државна обврзница

Незаинтересираност меѓу инвеститорите можеше да се забележи вчера на  Македонската берза на хартии од вредност каде започна тргувањето со 132 емисии на државни обврзници, со вкупна номинална вредност од 54.184.070.000 денари или 881 милион евра. Не берзата се тргуваше со акции во редовни и во блок трансакции, но ниту една трансакција со новите државни обврзници. Обврзниците се издадени во денари,...

Кои компании се најголеми добитници, а кои најголеми губитници на Македонската берза?

Од вкупно 101 компанија што котираат на Македонската берза заклучно со септември, годинава добивка оствариле 72, а загуба 29 компании. Овие 72 компании оствариле вкупна добивка од 213 милиони евра, што е зголемување во однос на истиот период минатата година кога добивка оствариле 75 компании, но таа изнесувала 151 милион евра. Загубата на 29-те компании во првите девет месеци од...

Повеќе од 80 лица се повредени при рушење на тераса во зградата на индонезиската берза

Повеќе од 80 лица се повредени при рушење на тераса во зградата на индонезиската берза. Во моментот на рушење на терасата, имало голем број на студенти кои биле во посета на берзата во Џакарта. Полицијата ги евакуирала луѓето и ги утврдува причините за несреќата. Според информациите од портпаролката на индонезиската берза, немало застој во работата на системот и берзата продолжила непречено да работи. https://www.youtube.com/watch?time_continue=44&v=QPZ-PrHzsXQ

Манчев: Струјата произведена на мазут би била поскапа од увезената

„Неуките експерти на СДСМ целосно промашуваат кога станува збор за вклучувањето на ТЕЦ Неготино. Вистината е дека според цената на мазутот, струјата произведена на мазут би била многу поскапа од увезената, која е купена на берза“, изјави на прес-конференција Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на изјавата на Митко Андреевски од СДСМ за цената на увезената струја. Според Манчев, „безобразно е...

Фудбалскиот клуб „Брегалница“ ќе се продава на берза

Општината Штип, преку основен пакет на акции во износ од 25.000 евра, на берза ќе го продава акционерското друштво „Брегалница 2008“. Оваа одлука ја официјализираше мнозинството на седницата на Советот на Општината Штип. Ова е обид прволигашот „Брегалница“ да стане вториот градски фудбалски клуб, по примерот на „Вардар“, кој ќе се продава на Македонската берза за хартии од вредност. Општината Штип...

Американските берзи рушат рекорди во тргувањето, а европските стагнираат

Акциите на американските берзи на почетокот на денешното тргување се вратија на рекордно високо ниво, бидејќи повисоките цени на нафтата ја зголемија вредноста на акциите на енергетските компании. Истовреме акциите на европските берзи главно стагнираат, при што лондонскиот и франкфуртскиот индекс оствариле само мало зголемување, додека парискиот индекс стагнирал. Цената на акциите на нафтените компании се зголемија, бидејќи Организацијата на земји...

Вредноста на акциите на Лондонската берза се зголеми, фунтата падна

Најновите мерки на Централната банка на Англија денеска ја подигнаа вредноста на акциите на Лондонската берза, но фунтата повторно падна. Индексите на европските берзи во Европа, САД и во Азија паднаа бидејќи трговците продолжија да ја следат кризата во италијанскиот банкарски сектор. Имено, Европската централна банка предупреди дека банката „Монте деи Паски де Сијена“, која е трета најголема италијанска банка, има...

Британска компанија сака да го преземе „Макпетрол“

Британската компанија „Балкан петролеум холдинг лимитед“ (Balkan Petroleum Holding Limited) сака да го преземе акционерското друштво „Макпетрол“ АД - Скопје по цена од 25.908 денари за една акција, се соопштува на Македонска берза. - Во согласност со член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги известуваме сите акционери на „Макпетрол“ АД - Скопје дека имаме намера да објавиме...

Пад на акциите на светските берзи поради неизвесноста од останувањето на Лондон во Унијата

Акциите на светските берзи денеска загубија од вредноста поради понатамошниот пад на цената на нафтата и како резултат на очекувањето на исходот од преговорите за спречување на излегување на Обединетото Кралство од Европската унија. Британскиот премиер Дејвид Камерон порача дека договор со европските лидери сè уште нема и дека нема да се откаже од британските барања за понатамошно членство во Унијата. Трговците на...

Продолжува падот на берзата во Атина

Главниот атински индекс утринава падна за четири отсто откако вчера, на првиот ден од тргувањето по пауза од пет недели, заврши со загуба од 16,2 отсто. Берзата во Атина е затворена на 29 јуни, кога должничката криза ја достигна кулминацијата и беше воведена контрола на капиталот за да се спречи колапс на банкарскиот систем. Банките во меѓувреме се отворени, но е...

Цената на нафтата на најниско ниво во последните шест месеци

Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска се спушти на најниска вредност во последните речиси шест месеци, откако падот на цената на кинеските акции го зголеми сомнежот во изгледите за побарувачка на сурова нафта од Кина, водечкиот светски потрошувач. Цената на барел сурова нафта во Лондон падна за 78 центи, на 52,69 американски долари, а кратко време изнесувала и 52,28...

Продолжува падот на кинеските берзи

Вредноста на акциите на кинеските компании денеска падна на најниско ниво во последните четири месеци и покрај мерките што властите ги презедоа за стабилизирање на пазарот. Речиси половина од кинеските компании го стопирале работењето на берзите за да се заштитат од колапс. Негативното влијание се прели и на пазарот во Хонг Конг, чијшто берзански индекс падна за повеќе од четири проценти. Губитокот го...

Во Кина има четири милиони милионери

Кина минатата година имала четири милиони милионери, што е најголем број во светот по САД и се должи, пред сè, на порастот на акциите на берзите што го поттикнале зајакнувањето на богатството во приватниот сектор, покажува анкетата на американската истражувачка фирма БЦГ. Од тој број, минатата година се евидентирани еден милион нови милионери, што претставува најголем пораст меѓу сите држави во светот. Во...

Пад на турската берза и на валутата по парламентарните избори

Истанбулската берза утринава, веднаш по отворањето, забележа пад од шест отсто, додека турската валута регистрирала благ пад по парламентарните избори во земјата, каде владејачката Партија на правда и развој (АКП) по 13 години владеење го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот. Индексот на берзата паднал за 6,1 отсто, половина час по отворањето, додека турската лира се продавала за 2,78 долари, што...

„Епл“ достигна рекордна вредност од 700 милијарди долари

Компанијата „Епл“ стана првата компанија во историјата чија пазарна вредност на акциите ја надмина цифрата од 700 милијарди долари. Акциите на „Епл“ вчера, по затворањето на пазарот, поскапеа за 1,92 отсто, а цената на поедничните акции изнесува 122,02 долари, што воедно е компаниски рекорд. Главени конкуренти на „Епл“ се „Гугл“, кој вреди 358 милијарди долари, и „Мајкрософт“, со вредност од 347...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...