fbpx
Таг: Берт Кундерс

таг: Берт Кундерс

Димитров и Кундерс потпишаа декларација за соработка меѓу Македонија и Холандија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и неговиот холандски колега, Берт Кундерс, денеска во Хаг потпишаа Декларација за партнерство и за соработка меѓу Република Македонија и Кралството Холандија. - За кратко време покажавте големо лидерство во враќањето на Македонија на европскиот пат – изјавил Кундерс по потпишување на декларацијата. Декларацијата предвидува двете земји да продолжат со унапредувањето на заемната соработка за...

Димитров: Нашиот пат е премногу долг, но следува клучен период

Нашиот пат можеби е премногу долг, но следува клучен период. Следува период во кој во Македонија мора да завладее правото. Во Македонија мора да се зајакнат институциите. Македонија мора да ги исполни овие предуслови за конечно да стекнеме полноправно членство во ЕУ и НАТО. Оваа нова Влада на Република Македонија е одлучна да ги спроведе неопходните реформи. Со таква порака...

Бушати се сретна со Габриел и со Кундерс во Тирана

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, денеска се сретнал со министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, како и со министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. На заедничка прес-конференција Кундерс ја истакнал важноста од спроведување на реформи во судството. „Сметам дека е важно да се има дијалог, слобода, слободни и фер...

Чавушоглу е непожелен во Холандија

Холандската влада смета дека планираната посета на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, е „непожелна“, изјави шефот на холандска дипломатија, Берт Кундерс. Тој наведе дека холандската влада нема да пружи никаква помош доколку Чавушоглу в сабота, сепак, дојде во Холандија за да учествува на митинг за поддршка на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Кундерс рече дека „владата е...

Кундерс: Да се смират тензиите и вербалната агресија и да се почитува мнозинството

Министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, денеска повика на смирување на тензиите и на почитување на парламентарното мнозинство во Македонија, но и ЕУ да покаже единство, јавува „Дојче веле“. - Голема е загриженоста поради состојбата во Македонија. Сметам дека мора да постои почитување на парламентарното мнозинство и мора да се нагласи важноста на тоа нештата да се одвиваат...

Видеопорака на Кундерс: Македонија е на крстопат, излезете и гласајте за својата иднина

За да се доближат до Европа, македонските гласачи треба да се заложат за владеење на правото, за слободни медиуми и против корупцијата, вели во видеопорака министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс. Тој ги повика македонските гласачи на 11 декември да излезат на гласачките места и да донесат одлука за иднината на земјата. „Холандија е долгорочен пријател на македонската демократија....

Холандија изрази сочувство за жртвите од поплавите

Холандскиот mинистер за надворешни работи, Берт Кундерс вчера му прати писмо со сочувство на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски по повод разорните поплави во и околу Скопје и Тетово. „Во име на Холандија, би сакал да го искажам своето искрено сочувство до владата и народот на Република Македонија. Нашите мисли се со оние кои загубија роднини и пријатели, со...

Одложена расправата за Македонија во Брисел, Кундерс повика на консензус на сите партии

Советот за надворешни работи на Европската унија ја одложи расправата за состојбата во Македонија за 20 јуни, бидејќи министрите на Германија и Велика Британија, кои побараа да се дискутира ова прашање, не биле присутни на крајот на состанокот. Велика Британија и Германија претходно побараа ова прашање да се најде под точката „разно“ на денешниот состанок на министрите за надворешни работи...

Кундерс им пиша на лидерите: Не се исполнети минимални услови за кредибилни избори

Холандскиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, Берт Кундерс, упати писмо до лидерите на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, во кое се изразува сериозна загриженост за состојбата во Македонија и се бара итно наоѓање решение од политичката криза преку целосно спроведување на договореното. „Како претседавач со Советот на Европската Унија и долгорочен поддржувач на вашата...

Ципрас: Неопходен е заеднички одговор на бегалската криза

Ситуацијата со бегалската криза е тешка и бара соработка на европско ниво за да се реши причината за проблемите, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас. Грчкиот премиер, на средбата со холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, рече дека е неопходен заеднички одговор на бегалската криза и оти е потребно да се решат причините што довеле до неа, како што е војната во...

Кундерс: Македонија нема да биде жртва на бегалската криза

Кралството Холандија ќе ја поддржи Македонија во справувањето со кризата, изјави шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, при посетата на прифатниот транзитен центар во Гевгелија. Кундерс, исто така, рече дека земјите-членки на ЕУ, заедно со Македонија и со другите земји од регионот, треба најдат заедничко решение за бегалската криза и оти границите треба да останат отворени за мигрантите, но со...

Груевски: За ВМРО-ДПМНЕ е важно изборите на 24 април да бидат фер и демократски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс, со кој разговарал за актуелната политичка состојба, односите меѓу двете држави и за интеграциските процеси на Македонија. Како што соопштуваат од партијата, Груевски посочил дека претстојните избори на 24 април се неопходни поради излез од наметната политичка криза и добивањето стабилна влада,...

Кундерс: Договорот од Пржино целосно да се спроведе и да се поддржи работата на СЈО

Европа го поддржува Договорот од Пржино и тој мора целосно да се спроведе, изјави денеска во Скопје шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски. - Вие подобро од мене знаете колку е важно да се има фер и кредибилни избори, прoчистен список и еднаков пристап кон медиумите. Македонија има долга традиција и...

Шекеринска: Со уште едни криминални избори, кризата ќе се продлабочи

Делегација на СДСМ, предводена од заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска имаше работен појадок со шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс. На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, како и за мигрантската криза. - Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, почна политичката криза во Македонија. Со уште едни...

Иванов: Статус кво состојбата во евроатлантските интеграции не смее да продолжи

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс. На средбата било разговарано за билатералните односи, интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО, како и за актуелните состојби со мигрантската криза. - Република Македонија останува посветена на заложбата за почеток на пристапни преговори со ЕУ и за зачленување во НАТО, како...

Попоски – Кундерс: Потребна е соработка и заедничко решение за кризата

Потребно е заедничко решение и координирање на напорите за решавање на бегалската криза, заклучија вчера во Скопје министрите за надворешни работи на Македонија и на Кралството Холандија, Никола Попоски и Берт Кундерс. Попоски рече дека во интерес на Македонија е да соработува со земјите од соседството, но и со сите што на билатерално или на европско ниво ѝ даваат поддршка на...

Шефот на холандската дипломатија Кундерс во посета на Македонија

Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, денеска во Скопје ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Како што соопштија од МНР, главна тема на разговорите ќе биде справувањето со мигрантската криза, претседавањето на Холандија со Советот на ЕУ и евроинтеграциите на Македонија, како и билатералните односи помеѓу двете...

В недела шефот на холандската дипломатија, Кундерс, доаѓа во Скопје, на пат за Атина

Шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, в недела ќе ги посети Македонија и Грција, соопштија од холандската амбасада, чија земја претседава со ротирачкото претседателство на Европската унија. На средбите со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ќе стане збор за бегалската криза и за можностите за подобра соработка меѓу земјите од западнобалканската рута. Предвидена е и посета на македонско-грчката граница,...

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...