fbpx
Таг: Берово

таг: Берово

Се заканувала зашто внукот ѝ го преместиле во друго одделение

Откако дознала дека наставничкиот совет во училиштето решил нејзиниот внук да го премести од едно во друго одделение, 51-годишна штипјанка се јавувала во училиштето и се заканувала на раководството, соопшти СВР Штип. За заканите упатени во вторникот, беровската полиција поднела кривична пријава против Д.Б., која ја товари за загрозување на сигурноста.

Градоначалникот на Берово ја нарече Такева „новинарска проститутка“

Новинарката од Делчево, дописничка на повеќе медиуми, Даниела Такева, доживеа крајно невкусна дискредитација од градоначалникот на Берово, Драги Наџински, кој на „Фејсбук“ ја нарече „новинарска проститутка“. Такева, пишувајќи репортажа за дрвото секвоја, што во Македонија расте единствено во Малешевијата, згрешила во редот на буквите и напишала „севкоја“. „Оваа e неписмена. Не знам каква награда добила, но знам кој ѝ ја доделил. Таа...

Апели на социјалните мрежи: Парите за Цеца, Северина и Чолиќ да се дадат на поплавените

Парите за Цеца, Северина и Здравко Чолиќ, кои треба да дојдат во Берово, Македонски Каменица и Штип, да се пренаменат за граѓаните од поплавените подрачја. Тоа ќе ја потврди општествената одговорност на општините, кои се организатори на манифестации, каде ќе настапат овие регионални ѕвезди. Ова се дел од ставовите и иницијативите, кои интензивно се вртат по социјалните мрежи. Општината Штип...

Берово: Пронашол пиштол и куршуми додека собирал печурки

Четириесет и четиригодишниот беровец Т.Б. на шумскиот пат кај местото Гајски преслап, во атарот на Берово, вчера околу 10.30 часот, додека собирал печурки, пронашол пиштол калибар 7,62 милиметри и една рамка со три куршуми. МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ребаланс на буџетот ќе го реши штрајкот на беровските комуналци

Преку ребаланс на општинскиот буџет, ќе се решаваат долговите на Јавното комунално претпријатие „Услуга“ од Берово, чии работници веќе четврти ден штрајкуваат, барајќи ги неисплатените четири плати. Ова е одлуката на синоќешната вонредна седница на Советот на Општина Берово. Зголемување на цените на водата и на другите комунални услуги, исто така, според претседателот на Советот, Јован Матеничарски, е едно од можните...

Спасовски: Фер и демократски избори се единствен излез од кризата

Голем е интересот да има фер и демократски избори што ќе се одржат во атмосфера во која ќе се елиминираат сите досегашни притисоци што ги има и граѓаните ќе можат да носат одлука самостојно, во согласност со сопственото убедување, рече министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, при денешната посета на Берово. Според Спасовски, единственото решение за...

Зел државни дрва за приватен огрев

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Г. (62) од Берово, раководител во подрачното одделение за заштита и спасување Берово, поради постоење основано сомневање дека сторил злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, во периодот од крајот на минатата до март годинава, повеќепати пријавениот, како раководител во подрачното одделение за заштита и спасување Берово, му наредил на возачот кој требало да...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...