fbpx
Таг: Бернска конвенција

таг: Бернска конвенција

Остануваат малите хидроцентрали во Маврово, Шар Планина и на Кожуф, бадијала препораките на Бернска конвенција

Малата хидроцентрала Рибничка во Националниот парк Маврово нема да се укине. Министерството за животна средина и покрај барањето на Бернската конвенција да не се гради овој енергетски капацитет, преговара со инвеститорот Рибничка да се дислоцира надвор од зоните на строга заштита и активно управување. Нема да се укинат ниту трите мали хидроцентрали во Националниот парк Шар Планина, Пена 84...

Комитетот на Бернската конвенција и годинава бара да се откажеме од малите хидроцентрали

Веднаш да се откаже изградбата на малата хидроцентрала „Рибничка“ во Националниот парк „Маврово“, бара Комитетот на Бернската конвенција во препораките по последната 43. седница која се одржа на крајот на минатиот месец. Од државата се бара да се раскинат и сите концесии во Националниот парк (НП) „Шар Планина“, како и да се забрза репрогласувањето на НП „Маврово“ и да...

Што се случува со светското наследство во Охрид ќе проверуваат експерти на Бернска и Рамсарска конвенција и на УНЕСКО

Претставници на Бернската конвенција заедно со експерти од Рамсарска конвенција и УНЕСКО во следните два дена ќе престојуваат во Охрид каде ќе посетат повеќе локации за да констатираат што се случува со светското културно и природно наследство на УНЕСКО и опасностите кои го демнат од неконтролираната урбанизација, легализацијата на дивоградби и планирањето нови инфраструктурни зафати. Мисијата е предводена од извршниот...

Охрид е на патот да постане загрозено наследство, а политичарите си дискутираат

Петмина експерти на УНЕСКО, Бернската и Рамсарската Конвенција, на крајот на април ќе дојдат во посета на Охридскиот Регион и ќе ги посетат сите „жешки точки“ на неконтролирана урбанизација и легализирани дивоградби кои го доведуваат во прашање статусот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО. Но, не само со урбанистичкото дивеење, Охрид долго време се бори и со...

Живиот свет во реките на кои има мали хидроцентрали е поважен од бизнис интересот на концесионерите

Да се укинат три планирани мали хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“ - Жировница 5 и 6 и Рибничка 7, но и да се преземат мерки за зачувување на реките каде што веќе се изградени вакви енергетски објекти, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Од организацијата неодамна упатија писмо до претседателот Стево Пендаровски и до...

Апел до Пендаровски и Ковачевски: Да не се дозволат нови мали хидроцентрали во Маврово

Граѓанските организации „Еко свест“ и „Фронт 21/42“ денеска побараа Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски да се заложат за раскинување на договорите за концесии за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“, Жировница 5 и 6 и Рибничка 7 и на тој начин да се испочитуваат меѓународните договори, коишто се обврска и за Македонија. Комитетот на Бернската Конвенција...

Меѓународни експерти напролет доаѓаат во Охрид да ја скенираат состојбата со заштитата на културното и природното богатство

Состојбите со природното и културното богатство на Охридскиот Регион ќе се истражуваат на почетокот на идната година. Земјава, по девет месеци задоцнување, одговорила на барањето на Бернската Конвенција меѓународни експерти да го посетат градот на УНЕСКО, заштитен како Светско културно и природно наследство, и на терен да ја констатираат состојбата. Постојниот Комитет на Бернската Конвенција на крајот од месецов...

Владата ги игнорира меѓународните експерти загрижени за состојбата со Охрид и Охридското Езеро

Бернската Конвенција по вторпат годинава ја опомена Владата дека не им испратила одговор кога ќе можат да ја реализираат посетата на Охрид и да утврдат во каква состојба се наоѓа градот заштитен од УНЕСКО како Светско културно и природно наследство. Земјава веќе еднаш доби ваква опомена во мај годинава, откако го пропушти рокот за одговор до Конвенцијата во февруари. Како...

Бернската конвенција бара Владата да им потврди термин за проценка на состојбите во Охрид

Бернската конвенција побарала македонските власти да прекинат со сите активности во Охрид, сè додека нивната мисија, на која ќе ѝ се приклучат и претставници на УНЕСКО и Рамсарската конвенција, не дојдат во планираната посета за да ја видат фактичката ситуација. Еколошката организација „Фронт 21/42“ денеска информира дека Бирото на Конвенцијата во последниот извештај ја опоменува Владата дека не само...

Бернската конвенција бара да нема нови мали хидроцентрали, за дадените концесии ќе се одлучува поединечно

Да се откажат сите одобрени и планирани хидроелектрани во заштитени подрачја во државата, но и оние надвор, кои можат да имаат влијание на заштитените зони, е една од серијата препораки кои пред крајот на минатата година до македонската влада ги испорача Комитетот на Бернската конвенција. Конкретно, препораката се однесува за сите енергетски објекти кои добиле концесии, но сѐ уште не...

Животната средина и во 2021 година на маргините: Mногу одлуки на хартија, слаба имплементација

Шар Планина стана национален парк, четвртиот во земјава и прв прогласен по осамостојувањето на земјата. Една од најголемите жешки точки во земјата, ОХИС се исчисти од многу хемикалии, а се решава и линданот од малата депонија. Состојбата со Охридското езеро и водите е толку алармантна, што Бернската конвенција отвори случај против земјата за заканите врз Емералд подрачјата Охридско Езеро...

Бернската конвенција отвори случај за закани врз Охридското Езеро и Галичица

Бернската конвенција отвори случај против Владата на Северна Македонија за заканите врз Емералд подрачјата Охридско Езеро и Галичица. Жалбата е поднесена уште од 2016 година од страна на граѓанска организација „Фронт 21/42“, а по последните алармантни случувања поврзани со дивоградбите и урбанизацијата во заштитеното подрачје, Конвенцијата одлучи да отвори случај против државата. Граѓанските активисти се согласни дека ова е голема...

„Еко свест“ бара закон за управување со Националниот парк „Маврово“ и стопирање на сите инфраструктурни активности

Итно стопирање на сите инфраструктурни активности во Националниот парк „Маврово“ сè додека не се спроведе анализа за кумулативните влијанија на сите проекти врз вредностите на паркот и донесување на закон за Маврово, бараат од невладината организација „Еко свест“. Од таму посочуваат дека и покрај тоа што големите хидропроекти Бошков Мост и Луково Поле се минато, во Маврово беа доделени...

Екологистите бараат од Бернската конвенција да ги заштити Охридското Езеро и Галичица

Екологистите од Македонија поднесоа жалба до Бернската конвенција барајќи Охрид и Охридското Езеро, заедно со националниот парк Галичица, да се спасат од мегаломанските проекти. Бернската конвенција е надлежна за заштита на европскиот див свет и ги разгледува случаите со уништувањето на природното богатство. Најавените мегаломанските проекти ќе бидат оспорени по слична постапка како со „Луково поле“ и „Бошков мост“, а Конвенцијата,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...