!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ


Скопје, 23 јануари, 2017 - 13:00 (META) 

Цената на „еуросупер БС-95“ ќе се намали за еден денар и ќе изнесува 66 денари за еден литар, додека цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за половина денар и ќе изнесува 68,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на еден литар дизел-гориво ќе изнесува 52,5 денари.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесуваше 54,2 долари за еден барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 57,93 денари за еден долар.


Бензинот поскапува за половина денар


Скопје, 9 јануари, 2017 - 14:37 (META) 

Бензинот поскапува за половина денар од ноќеска на полноќ, додека дизел-горивото останува со непромената цена, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Во согласност со одлуката на комисијата, еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 67 денари, а „еуросупер БС-98“ за 69 денари за литар.

Цената на „еуродизел“ останува непроменета, односно 53,5 денари.

Од РКЕ велат дека зголемувањето на цените се должи на повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар за 1,6 отсто.


Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ


Скопје, 26 декември, 2016 - 13:05 (META) 

Бензинот и дизел-горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66,5 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 68,5 денари, а еден литар „еуродизел“ ќе чини 53,5 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,1 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.


Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ


Скопје, 12 декември, 2016 - 15:15 (META) 

Бензинот и екстралесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизел-горивото се зголемува за три денари, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Во согласност со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 64,50 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ за 66,50 денари, а еден литар екстралесно масло за домаќинство ќе чини 40 денари.

Новата цена на „еуродизелот“ ќе изнесува 51,50 денари за еден литар.

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека новите цени на горивата се поради повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар и понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.


Горивата поскапуваат за два денари по литар


Скопје, 28 ноември, 2016 - 14:21 (META) 
Од ноќеска на полноќ, бензинот поскапува за два денари по литар, а нафтата за денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
„Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 62 денари за еден литар, а литар „еуросупер БС-98“ ќе чини 64 денари.
 Малопродажната цена на „еуродизелот“ се зголемува за 1,5 денар за еден литар.

Горивата ќе поевтинат за три денари


Скопје, 14 ноември, 2016 - 12:35 (META) 

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“, на „еусросупер БС-98“ и на „еуродизел“ ќе се намалат за три денари по литар од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Со намалувањето, малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 60 денари за еден литар, „еусросупер БС-98“ ќе се продава по 62 денари за еден литар, а малопродажната цена на „еуродизел“ ќе изнесува 47 денари за еден литар.


Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ


Скопје, 17 октомври, 2016 - 16:40 (META) 

Бензинот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 1,5 денар, а дизелот и екстралесното масло за домаќинство за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 63 денари, а „еуросупер БС-98“ за 65 денари.

Новата цена на литар „еуродизел“ e 50 денари, а на екстралесното масло за домаќинство 38,5 денари.

РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената врз основа на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар и односот на курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.


Бензинот поевтинува за половина денар по литар


Скопје, 3 октомври, 2016 - 12:41 (META) 

Бензинот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на дизел-горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на еден литар „еуросупер БС-95“ изнесува 61,5 денари, а на „еуросупер БС-98“ – 63 денари. Цените на „еуродизел“ и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат, односно остануваат 48 и 36,5 денари за еден литар.

Како причина за намалување на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,832 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,148 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.


Минимално намалување на цената на „еуросупер БС-98“


Скопје, 19 септември, 2016 - 12:43 (META) 

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“ и на „еуродизел“ ќе останат на исто ниво, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

„Еуросупер БС-95“ ќе продолжува да се продава по цена од 62 денари за еден литар, додека малопродажната цена на „еуродизел“ изнесува 48 денари за литар.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ се намалува за 0,5 денари за еден литар и од вечерва тој ќе чини 63,5 денари.

 

 


Бензинот поскапува за половина денар


Скопје, 5 септември, 2016 - 13:26 (META) 

Малопродажната цена на бензинот од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, а цената на дизел-горивото останува непроменета, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 62 денари за еден литар, а литар „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 64 денари.

Малопродажната цена на „еуродизел“ не се менува и изнесува 48 денари за еден литар.