fbpx
Таг: Бегалски камп

таг: Бегалски камп

Три лица загинале во пожар во бегалски камп во Либан

Голем пожар денеска избувнал во камп за сириски бегалци во Либан, во кој, според информациите на локалните медиуми, загинале три лица. Кампот се наоѓа во долината Бека, во близина на градот Каб Елиас, недалеку од Бејрут. На снимките што ги објавила либанската телевизија можела да се види најмалку една експлозија. Безбедносни извори изјавиле дека причините за пожарот се сè уште непознати. Во...

МТСП: Ниту се гради ниту, пак, ќе се гради бегалски камп во Демир Капија

На територијата на општина Демир Капија ниту се гради ниту, пак, ќе се гради бегалски камп или нешто слично, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика, кое како дезинформации ги отфрли шпекулациите за наводна изградба на бегалски камп. „Министерството за труд и социјална политика најодговорно потврдува дека се врши реконструкција на Специјалниот завод- Демир Капија, која се однесува...

Насилни судири во бегалски камп на Хиос

Насилни судири се случуваа ноќеска во бегалскиот камп Суда на островот Хиос во Грција. Според локалната информативна веб-страница „Политис Хиос“, група бегалци од Авганистан и од Алжир вчера вечерта се судриле физички, создавајќи нов хаос и немири за сите бегалци и мигранти во Суда. Инцидентите почнале кога група бегалци од Авганистан од друг камп на Хиос влегле во Суда и почнале да...

Тројца бегалци починале од студ во кампот Морија на Лезбос

Бегалец утринава е пронајден мртoв во кампот Морија на Лезбос. Станува збор за момче на возраст меѓу 18 и 20 години, најверојатно од Пакистан, кое починало од премрзнување. Момчето е трета жртва од студот во бегалскиот камп Морија во Грција. Викендов од студ почина и 46-годишен бегалец од Сирија, а на 24 јануари од премрзнување почина и 20-годишно момче од...

Нигериската војска „случајно“ бомбардирала бегалски камп, повеќе од 100 загинати

Авион на нигериската војска во акција против Боко харам „случајно“ бомбардирал бегалски камп, при што биле убиени повеќе од 100 бегалци, соопштија нигериските власти. Командант Лаки Ирабор потврди дека владин авион по грешка бомбардирал бегалски камп во североисточната област Ран, во близина на границата со Камерун. Во бомбардирањето се повредени повеќе бегалци и хуманитарни работници, меѓу кои и персонал на организацијата...

Снегот дополнително ги отежна условите за живот во бегалскиот камп Морија

Илјадниците бегалци во бегалскиот камп Морија на Лезбос викендов се соочуваат со уште потешки услови за живот поради поларната температура и снегот на островот. Тенките летни шатори во кои живеат повеќе од 8.000 бегалци на Лезбос викендов се прекриени со снег и нов предизвик за бегалците е како да се заштитат себеси и своите работи од студот и од...

Избоден бегалец од Сирија на островот Хиос

Нов инцидент се случи во бегалскиот камп Суда на островот Хиос, кога пет лица брутално нападнаа бегалец од Сирија. Момчето на 26-годишна возраст било прободено повеќепати во градниот кош и во раката. Повредениот бегалец сам успеал да дојде до болницата на островот и колабирал само што стигнал пред влезот. Извори од болницата за локалните медиуми на островот изјавиле дека бегалецот се...

Мигрант ранет со огнено оружје во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница

Непознато лице на 29 ноември пукало во група мигранти во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница. Во инцидентот еден од мигрантите биле ранет, потврдиле за телевизијата Н1 од српското министерство за внатрешни работи. Како што информирале оттаму, мигрантот бил ранет со куршум од мал калибар и кај него лекарите констатирале полесни повреди. Полицијата го истражува случајот, а било известено...

Борисов предупреди дека е можен терористички напад по немирите во бегалскиот камп

Состојбата во бегалскиот камп во Харманли на југот на Бугарија се нормализира по безредијата и немирите, кои избувнаа вчера и продолжија во текот на ноќта. Повеќе од 400 мигранти се задржани во притвор поради вандалско однесување, а во нередите се повредени 24 полицајци, од кои најтешко настраданиот има скршеница на раката. Од Министерството за внатрешни работи на Бугарија соопштија дека...

Бугарската полиција притвори 200 мигранти по немири во бегалски камп

Бугарската полиција притвори 200 мигранти по судирите во бегалски камп на југот на Бугарија, во кој биле повредени и 14 полицајци, соопштија бугарски официјални претставници. Според портпаролката на бугарската полиција, Нина Николова, во нередите учествувале околу 2.000 мигранти, кои скандирале, палеле гуми и фрлале камења кон полицијата. Тензиите, како што пренесуваат локалните медиумите, ескалирале вчера, поради што полицијата употребила водени топови...

Жена и дете загинаа во пожар во бегалски камп на Лезбос

Жена и малолетно дете изгореа живи во пожар што синоќа избувна во бегалскиот камп Морија на островот Лезбос. Починатите бегалци се 60-годишна жена и нејзиниот 5-годишен внук, двајцата Курди од Ирак, кои биле во Морија четири месеци. Трагедијата се случила ноќта, околу 23 часот, кога, според очевидци, експлодирала плинската боца на која жената готвела во нејзиниот шатор, а нејзиното внуче...

Нови инциденти во бегалскиот центар на Хиос

Тензична е ситуацијата на островот Хиос, каде два дена по ред има постојани напади и немири во бегалскиот центар во Суда. Кампот вчера вечерта беше мета на непознати напаѓачи, кои фрлаа молотови коктели и други предмети, предизвикувајќи пожар и уништувајќи неколку шатори на бегалците. Покрај нападот на бегалскиот камп, на Хиос биле нападнати и двајца активисти кои им помагаат на...

Бунт и пожар во бегалскиот центар на Лезбос

Бавната процедура за азил во Грција предизвика нови немири во бегалскиот камп Морија на Лезбос. Група од стотина бегалци, главно од Пакистан, подметнаа пожар во дел од кампот, во кој целосно се уништени осум од вкупно 12 контејнери на Европската служба за азил. Во кампот владее хаос и паника, пожарникарските служби се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а присутни се...

Двајца бегалци прегазени пред  бегалскиот камп Ореокастро во Солун

Нова бегалска трагедија се случи во бегалскиот центар Ореокастро во Солун. Една Сиријка и нејзиното малолетно дете загинаа во сообраќајна несреќа, кога возилото на грчки возач удри во нив на патот надвор од бегалскиот камп. Полицијата веднаш го приведе и го уапси 76-годишниот возач, а неколку моменти пред апсењето, човекот успеа за влакно да избегне линч од групата гневни...

Во неколку градови во Франција се одржaa протести поради мигрантите

Французите денеска во повеќе градови протестираа поради мигрантите од бегалскиот камп во Кале, кој владата планира да го затвори. Неколку стотини демонстранти протестираа во градот Пјерфе поради одлуката на владата да ги смести мигрантите во напуштен оддел на психијатриска болница, додека чекаат одговор на барањата за азил. Жителите на Пјерфе стравуваат дека тие би можеле да ја загрозат нивната безбедност и дека...

Жестоки судири меѓу бегалци на Лезбос

Бегалскиот камп Морија на островот Лезбос помина уште една пеколна ноќ. Ноќеска, околу полноќ, во кампот избија судири меѓу групи бегалци од Сирија, Авганистан и од Ирак. Во судирите има десетици повредени, а пет деца и двајца возрасни се пренесени на лекување во болницата во градот. Како што јавува грчката информативна агенција АПЕ, судирите избиле во делот каде престојуваат само...

Двајца Сиријци уапсени во Грција поради обид за силување на волонтерка од САД

Грчката полиција уапси двајца бегалци од Сирија под обвинение дека се обиделе да силуваат волонтерка од Соединетите Американски Држави. Дваесетгодишната Американка, волонтер во бегалскиот камп кај Синдос во Солун пријавила дека тројца бегалци од Сирија се обиделе да ја силуваат за време на екскурзијата организирана за бегалците во Пиерија. Уапсените бегалци се на возраст од 23 и 24 години,...

Музалас: Грција ќе биде ставена на голем тест ако пропадне договорот со Турција за бегалците

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, го демантира германскиот весник „Билд“ и коментира дека никогаш не изјавил дека  ЕУ мора да смисли план Б за бегалската криза. Во демантот, грчкиот министер истакнува дека изјавата што ја пренесе германскиот весник не е точна и дека тој во своите одговори за весникот во ниту еден момент не споменал идеја за план Б. Весникот вчера...

Бегалец загина во тепачка во бегалски камп во Атина

Бегалец од Авганистан го загуби животот во тепачка во бегалскиот камп Елинико, во јужните предградија на Атина. Човекот бил прободен со нож во гради и имал сериозни повреди на главата со кои се здобил во мешаница и физичка пресметка која почнала меѓу група бегалци од Авганистан во привремениот бегалски камп на просторот на стариот атински аеродром. Бегалецот им подлегнал на...

Јордан: Автомобил-бомба експлодира кај сириски бегалски камп

Припадник на јорданската армија загина откако автомобил-бомба денеска експлодира во близина на сирискиот бегалски камп Рукбан во Јордан. Како што јавуваат локалните медиуми, во експлозијата се повредени голем број граничари. Бегалскиот камп Рукбан се наоѓа на осум километри од границата на Јордан со Ирак и со Сирија.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...