fbpx
Таг: бегалска криза

таг: бегалска криза

Во напад во Сирија загинаа 33 турски војници, НАТО свика итна седница

Во вчерашниот воздушен напад во северната сириска провинција Идлиб загинаа најмалку 33 турски војници, јавуваат светските медиуми. Станува збор за најголема загуба на воен персонал од почетокот на офанзивата на турската армија во Сирија. Постојните информации посочуваат дека воздушниот напад го извршиле сириските воздушни сили, но весникот „Гардијан“ и дел од другите светски медиуми не ја отфрлаат можноста бомбардирањето...

Туск следната недела во Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, следната недела ќе ја посети Македонија, но засега нема официјална потврда за посетата. Како што дознава „Мета“, сè уште не е прецизирано кој ден точно ќе допатува Туск. Деталите за датумот и точната агенда ќе бидат познати најдоцна в петок. Повод за посетата на Македонија, како што соопштуваат дипломатските извори, се почестите предупредувања за можен...

По Курц, и Сијарто во двојна посета на Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, утринава беше во државничка посета на Македонија, на средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, а вечерва ќе биде гостин на предизборниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Сијарто, исто како и неговиот австриски колега, Себастијан Курц, кој неделава учествуваше на митинг на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа имаше билатерална средба со шефот на македонската дипломатија и...

„Стандард“: Настапот на Курц во Скопје е задоцнета и лоша исплата за бегалската криза

Настапот на шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, во неделата, е задоцнета и лоша исплата на долгот кон македонските власти за затворањето на македонско-грчката граница и за запирањето на протекот на мигранти кон Австрија и кон Западна Европа, пишува виенски „Стандард“. „Изминативе месеци, многумина се прашуваа што доби македонската влада со затворањето на границата...

Обама од Атина: Демократијата е најдобра опција и мора да ги издржи предизвиците

Силна и оптимистичка порака дека демократијата и демократските општества мора да издржат на бројните глобални предизвици, испрати американскиот претседател Барак Обама во својот говор во Атина. Кусо по симболичната посета на Акропол, како историски симбол на демократијата, Обама во својот говор се фокусираше на важноста и на вредноста на демократските општества, истакнувајќи дека иако демократијата е несовршена, комплицирана и некогаш...

Обама порача Грција да продолжи со спроведувањето на економските реформи

Јасна порака дека Грција мора да продолжи со реформите, а меѓународните кредитори да овозможат намалување на грчкиот долг за Грција да се движи кон економски развој, испрати американскиот претседател Барак Обама од Атина. Според информациите од владиниот кабинет, Ципрас и Обама не разговарале за спорот меѓу Македонија и Грција. Грчкиот долг и економијата биле главна тема на која се фокусирале...

Србија сè уште не одлучила, но подготвена е да ги затвори границите пред мигрантите

Србија сè уште нема донесено конечна одлука како понатаму ќе се однесува во соочувањето со мигрантската криза, но подготвена е и на затворање на границите за да ги заштити своите интереси, повторија денеска српските власти. Како што јавува дописникот на „Мета“ од Белград, министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за РТС рекол дека Србија подготвува мерки што ќе придонесат за заштита на...

Ѓорге Иванов и Бан Ки-мун разговараа за бегалската криза и за спорот со името

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на 71. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. - Чест и привилегија беше можноста да соработувам со Вас изминатите години, Вие сте еден од највидливите и најактивните лидери - истакна Бан за претседателот на Република Македонија, поздравувајќи го лидерството на Иванов...

Ципрас: Мора да го одржиме во живот договорот ЕУ-Турција за бегалците

Европската Унија и Турција мора да ги исполнат заемните обврски за да продолжи имплементирањето на договорот за бегалците, апелираше грчкиот премиер, Алексис Ципрас, по завршувањето на самитот за бегалската криза во Виена. Ципрас побара поголема солидарност и еднакво распределување на товарот и на одговорноста за бегалската криза кај сите европски држави, а не само кај земјите каде првично пристигнуваат бегалците. Тој...

Димитриев во Виена на самит за бегалската криза

Македонскиот премиерот Емил Димитриев денеска во Виена ќе учествува ќе учествува на Самитот за бегалската криза, насловен „Миграцијата долж балканската рута“. Покрај Димитиев, на самитот, по покана од австрискиот канцелар Кристијан Керн, ќе учествуваат и премиерите на деветте земјите што се наоѓаат на таканаречената балканска рута, односно премиерите Алексис Ципрас од Грција, Миро Церар од Словенија, Тихомир Орешковиќ од Хрватска, Еди...

ОН да најде сеопфатно решение за бегалската криза, порача македонската дипломатија

Република Македонија посветено работи на проблематиката за справување со мигрантската криза, притоа обезбедувајќи хуман третман, согласно националните закони и меѓународните конвенции за заштита на човековите права, стои во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи откако високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, вчера ги критикуваше властите на Македонија за систематската политика на протерување и...

Коѕиас – Попоски: Ако нема доверба меѓу партнерите, не може да има ниту брак

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Никос Коѕиас, денеска во Скопје разговараа за мерките за градење доверба и за нивното можно надградување и проширување, како и за железничка линија од Битола до Лерин и за градење гасовод од Солун до Македонија. Спорот за името, како што претходно најавија, не беше дел од разговорот меѓу...

ПССЕ: Мигрантската криза е проблем на Европа, а не на Грција

Бегалската и мигрантската криза во Источниот Медитеран треба целосно да се сфати како европски и глобален проблем, а не само како проблем на Грција, се наведува во Резолуцијата 2118, усвоена денеска по завршувањето на третиот дел од редовното годишно заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Јунскиот дел од заседанието во Стразбур ја обележа расправата за оваа криза. Во...

Јункер: Грција е на вистинскиот пат за излез од кризата

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска во Атина оцени дека Грција е на вистинскиот пат за излез од економската криза и оти мора да ја реализира програмата за реформи за која постигна согласност со своите кредитори. - Грција е на вистинскиот пат, резултатите се охрабрувачки - изјави Јункер на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас. На средбата, исто така, се разговарало...

Бан Ки-мун во Атина ги слушна грчките ставови за спорот за името

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, денеска во Атина разговараше со грчкиот државен врв за бегалската криза, спорот за името и за кипарското прашање. Бан Ки-мун утрово се сретна со премиерот Алексис Ципрас, со кој се фокусираше на бегалската криза, додека на пладневната средба со шефот на дипломатијата, Никос Коѕиас, генералниот секретар дискутираше за македонско-грчкиот спор. Никос Коѕиас пред Бан Ки-мун...

Грција подготвува акција за празнење на Идомени

Грчката влада подготвува план за итно празнење на Идомени и пренесување на бегалците од импровизираниот камп на македонско-грчката граница во бегалските центри. Акцијата се очекува да започне во вторник или среда. Грчките медиуми јавуваат дека повеќе од десет екипи на специјалните полициски сили добиле наредба од изутринава да заминат од Атина кон Идомени и да бидат на готовс да...

Почнува Светскиот хуманитарен самит во Истанбул

Во Истанбул денеска почнува првиот дводневен Светски хуманитарен самит, на кој учествуваат шефови на држави и влади, раководни лица на хуманитарни, меѓународни и цивилни организации, како и припадници од приватниот сектор на заедниците кои се зафатени со кризата. Самитот, кој е во организација на Обединетите нации, има за цел да инспирира и да ја оживее посветеноста на хуманоста и универзалните...

ОН: Бегалската криза е глобален проблем кој бара глобално решение

Бегалците и барателите на азил се глобален феномен кој бара одговор на глобално ниво, изјавил за „Би-би-си“ високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (ОН), Филипо Гранди. Гранди, кој должноста висок комесар за бегалци ја презеде во јануари годинава, вели дека повеќе земји треба да им помогнат на неколку држави кои го носат товарот од бегалската криза и дека „затвореноста...

Заниери: Жичените огради и затворените граници нема да ја решат бегалската криза

„Кревањето ѕидови и огради не е решение ниту за бегалскиот проблем ниту за кој било друг. На Европа и на Балканот им е потребна поголема соработка и заедничка развојна стратегија за подобро справување со бегалската криза“, порача генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниери, од Атина, говорејќи за безбедносните предизвици од бегалската криза на конференцијата „Миграција, бегалци и европска безбедност“, организирана...

Хан: Договорот од Пржино не е мртов и важно е да се одржат избори

Договорот од Пржино има иднина и тоа што е важно е да се одржат избори што ќе бидат прифатени од меѓународната заедница, вели еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Радио Слободна Европа“. - Има иднина. Имавме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени или малку подоцна. Затоа, финалната битка е...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...