fbpx
Таг: бебиња

таг: бебиња

Вистиномер: Вакцините не се тивко зло, не одбивајте да ги заштитите децата од смртоносни болести

Не е точно дека вакцините се штетни, дека се тивко зло, како што тврди оваа објава на Фејсбук која повикува децата да не се вакцинираат. Напротив, вакцините спасувале и спасуваат милиони луѓе годишно. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни...

Бејби бумот во ЗОО Скопје продолжува, се родија три бебиња од загрозениот вид бели волци [Фото]

Во Зоолошката градина во Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos), информираат тие. Стари се три недели, а белата боја на крзното, како на нивните  родители, ќе ја добијат со текот на времето. „Волчињата се заедно своите родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште. Мајката ги роди во дувло коешто сама го...

УНИЦЕФ: Им треба помош на бебињата родени во конфликт, расте и заканата за животот на 7,5 милиони деца во Украина

Конфликтот во Украина претставува непосредна и растечка закана за животот и благосостојбата на 7,5 милиони деца во земјата. Хуманитарните потреби се множат од час во час додека борбите се интензивираат. Убиени се деца. Децата се ранети. Половина милион деца ја напуштија Украина во соседните земји, а бројот на бегалци продолжува да расте, аралмира УНИЦЕФ. Агенција на Обединетите Нации одговорна за...

МЗ: За пет години смртноста на предвреме родените бебиња намалена за 18 отсто

Смртноста на предвреме родените бебиња во периодот од 2016 до 2021 година е намалена од 26 отсто на само 8 отсто, со тенденција овој процент и понатаму да паѓа, информираат од Министерството за здравство. Тие велат дека ваквото намалување е резултат на континуираната обука и унапредување на персоналот и силните инвестиции во модерна апаратура на Клиниката за гинекологија и акушерство. „Во...

Вистиномер: Дезинформација е дека вакцините содржат ткива од убиени бебиња

Вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19. Иако за...

Заболе сестра од Неонaтологија од Штип, седум родилки со бебињата во изолација

Позитивна на ковид-19 е медицинска сестра од Неонaтолошкиот оддел на Гинеколошко – акушерското одделение до Клиничката болница во Штип, по што седум родилки од Источниот регион, со нивните бебиња, се ставени во изолација. Направена е дезинфекција на одделението. Ова пополаднето го потврди директорот на Клиничката болница од Штип, Ален Ѓеорѓијев. „Од Центарот за јавно здравје прават анкети и досега на...

Министерство за здравство преку комитет ќе се бори против смртноста на новороденчињата

Во Министерството за здравство вчера се одржала конститутивна седница на новиот состав на Комитетот за безбедно мајчинство, информираат од институцијата. Нов претседател на комитетот е доц. д-р Ана Данева Маркова од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Една од првите задачи на овој комитет ќе биде изготвување на анализа на актуелната ситуација во оваа област и подготовка на акционен план....

Министерство за здравство ќе презема итни мерки откако починаа 35 бебиња за три месеци

Министерството за здравство соопшти дека ќе се преземаат итни мерки, откако од почетокот на годината до крајот на минатиот месец починале 35 бебиња на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Во тој период на клиниката биле родени 1.155 бебиња, од кои 144 предвреме родени. Починатите 35 бебиња биле од последната група, а од министерството велат дека 80 отсто...

Филипче презентираше мерки за намалување на смртноста на доенчињата и родилките

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска презентираше мерки за намалување на смртноста на доенчињата и родилките. Мерките, како што кажа, се подготвени во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) и имаат за цел, да се подобри целокупната грижа за мајките и нивните бебиња додека се во болница. Тој потенцираше дека според Светската здравствена организација, смртноста на родилките е...

„Лакталис“ повлекува храна за бебиња поради салмонела

Француската компанија „Лакталис“ ќе го повлече млекото за бебиња произведено во фабриката во градот Краон, откако десетици бебиња заболеа од бактеријата салмонела. Досега се утврдени 35 вакви случаи во Франција, едно во Шпанија, а има еден сомнителен случај и во Грција, но допрва треба да се утврди дали бебето се разболело од млекото на „Лакталис“ произведено во Краон. Министерот за...

Обезбедени 40 инкубатори за интензивна нега за 12 здравствени установи

Владата на Република Македонија денеска на својата 34. седница одлучи да додели 40 инкубатори на 12 здравствени институции во земјата, соопшти владината прес-служба. „Владата ја усвоила одлуката за давање на трајно користење на осум инкубатори за интензивна нега на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје, како и одлуката за давање на трајно користење на уште шест инкубатори...

Пуштен во употреба реновираниот оддел за интензивна нега на Клиника за детски болести

Денеска е пуштен во употреба реновираниот оддел за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести. „Одделот за интензивна нега ќе работи со истиот капацитет како и досега, со можност да се зголеми со нови вработувања на медицински персонал, со што ќе се испочитуваат високите стандарди на згрижување на најтешко болните деца и ќе се гарантира безбедноста на пациентите“, се вели...

ВМРО-ДПМНЕ: На директорката на Санитарен инспекторат најважна ѝ е фризурата

На директорката Ирина Сотирова-Бухова очигледно, според снимките во медиумите, најважно ѝ беше како ѝ стои фризурата која неколкупати ја поправаше во текот на кратката и празна изјава, порача ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на директорката на Државниот санитарен инспекторат, Сотирова-Бухова, и на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска. Опозициската партија вели дека наодите на инспекторатот укажуваат дека...

Гинекологија има премалку кадар и лоши услови за ризичните новороденчиња

Покрив што протекува и влага сè до подрумот, валкана постелнина, недостиг од медицински кадар на сите нивоа, преголем број згрижени бебиња, зграда во која вентилацијата и системот за регулирање на температурата во просториите не функционираат или одвај функционираат уште од нејзиното пуштање во употреба, немање протечна вода, како и стари инкубатори и голема смртност од 127 новороденчиња од почетокот на 2017...

Четири бебиња во инкубатори починале за една ноќ на Гинекологија, докторка е суспендирана

Ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата седмица, четири бебиња во инкубатори починале на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, потврдија од Министерство за здравство, нагласувајќи дека дежурната докторка таа вечер е суспендирана, а била формирана и комисија за да го истражи случајот. Нејзиниот конечен заклучок се очекува денеска. Според соопштението, четирите новороденчиња биле или предвремено родени...

Германската полиција трага по маж кој става отров во храната во продавниците

Непознат маж ставал отровна супстанца во храна, вклучувајќи и храна за бебиња која се продава во супермаркетите во Германија, за да изнуди повеќе од еден милион евра, соопшти денеска германската полиција. Во соопштението се наведува дека, лицето испратило електронска пошта до полицијата откако ставило голема количина на отров во производи во супермаркетите на југот на Германија. Лицето се заканувало дека тоа ќе...

Тодоров ги довел во ризик и бебињата во возилата на итната помош, обвинува СДСМ

Набавените 69 возила на итната медицинска помош, до кои се сликаше Никола Тодоров, немаат приклучок за инкубатор за бебиња, па бебињата за кои е потребна итна интервенција се превезуваат со стари возила кои често се расипуваат, обвинија денеска од СДСМ. - Откако завршија два човечки животи во возило на итната медицинска помош, кое се расипа на патот од Крива Паланка...

Пакистан пресече синџир на продажба на новороденчиња

Пакистанските власти уапсиле неколку вработени во болница во Пешевар кои киднапирале и препродавале новороденчиња. Полицијата соопшти дека тие се осомничени дека заменувале новороденчиња со мртви бебиња, а потоа ги продавале. Бебињата достигнувале цена од 650 до 2.850 долари. Препродавачите на бебиња признале дека продале девет новороденчиња, соопшти полицијата. Безбедносните сили при апсењето спасиле едно киднапирано бебе.

ДОМ нуди хостелско сместување за мајки со бебиња од поплавените подрачја

ДОМ нуди интервентна помош за најранливите категории - мајки со бебиња и деца до три години. „За првите 20 лица што ќе се јават на телефонскиот број 076 311-601 ќе биде обезбеден престој во хостел со оброци за следните 10 дена. Ова е брза интервенција за дел од оние што немаат услови за живеење во нивните домови уништени од поплавите....

Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња

Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња, соопшти портпаролот на ирачкото Министерство за здравство, пренесуваат светските медиуми. Портпаролот Ахмед ал-Рудаини изјави дека пожарот избил ноќта меѓу вторникот и средата во породилиштето на болницата Јармук во западниот дел на Багдад. https://twitter.com/GDNonline/status/763278734245916672 Според неговите зборови, првата проценка е дека до пожарот дошло поради неисправна инсталација.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...