fbpx
Таг: бебе

таг: бебе

Алек Стефановски е името на првото родено бебе во 2024 година во земјава

Министерот за здравство Фатмир Меџити и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, го посетија првото родено бебе во земјава во 2024 година. „Станува збор за здраво машко дете, тешко 3.760 грама и долго 52 сантиметри. Му посакувам многу здравје, среќа и безгрижно детство...

Првото бебе во новата година е машко и родено на полноќ во ГАК

Првото бебе во земјава во новата 2024 година се родило точно на полноќ, на Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК) во Клинички центар во Скопје, објави Министерството за здравство. Станува збор за здраво машко дете, тешко 3.760 грама и долго 52 сантиметри.

Мајка го оставила бебето само во количка, минувачи пријавиле на полицијата

Полицијата во Скопје имала невообичаена интервенција вчера, откако минувачи пријавиле дека е откриена количка со бебе во неа, покрај која немало никој. Како што соопшти МВР, во 14:40 часот била примена пријава дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката. Набргу полициски службеници од...

Бебе почина од сепса на Детската клиника во Скопје

Бебе старо само десет дена, родено во болница во Прилеп, денеска починало на Детската клиника во Скопје. Случајот го обелоденила неговата мајка на социјалните мрежи. Таа вели дека бебето се родило здраво, а во Скопје било испратено на третмани против жолтица. Од Детската клиника информираат дека бебето при приемот било во тешка состојба и на кислородна поддршка. На клиниката се...

Човекот што дојде по бебето по масовното убиство во БиХ добива закани

Емир Џиновиќ, младиот сопственик на теретана во босанското гратче Градачац, за кого работел убиецот Нермин Сулејмановиќ (35), по објавата на Инстаграм дошол на местото на злосторот и го зел бебето на Невзета Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на убиецот. Сега спасителот на бебето добива закани по живот, пишува босанскиот весник „Ослобоѓење“. Џиновиќ нема објаснување зошто дошло до масакрот. „Бебето беше спуштено на подот...

Османи: Семејството со новорoденче од Харков е евакуирано во посебен безбедносен коридор

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100 километри од градот и е на пат да ја напушти Украина, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. „Тие се на безбедно и се во добра состојба. Очекувам во...

Османи: Околу 50 државјани чекаат на евакуација од Украина

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Притоа, од овие граѓани што чекаат евакуација не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме, информираше на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој рече дека од тие 50 државјани, 20 се...

Шест месечно бебе со вродена аномалија почина од ковид-19

Во денешниот извештај кој Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го достави до Министерството за здравство (МЗ) пријави починато бебе на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 03.01.2022. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна...

Едногодишно дете починало од ковид-19 на крајот од ноември, денеска шест починати лица

Едногодишно дете починало од ковид-19 на 29 ноември, информираа од Институтот за јавно здравје. Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојувало во дом за деца без родители во Битола и истото повеќекратно наназад било хоспитализирано поради компликации во склоп на основните заболувања: Остеохондродисплазија, Епилепсија, Хидроцефалус, Малнутриција и Дилатациона кардиомиопатија. „До денот на последната...

Новата сензација во Зоолошката во Скопје: Бебето мармозетче порасна доволно за да се слика и да прави фризури

Кога се роди на 26 септември, џуџестото мармозетче беше минијатурно како нокт. Тогаш вработените во Зоолошката градина Скопје рекоа дека е толку мало што дури не се гледа на камера. Сега порасна доволно за цврсто да се држи за неговите родители, да им прави фризури и да позира пред објективот на Мета.мк. „Во Скопје Зоо има два пара мармозети, од...

Двегодишно бебе со цревни малформации меѓу 29 нови починати од ковид-19

Во текот на вчерашниот ден од ковид-19 починале 29 лица, меѓу кои и 2 годишно бебе од Скопје, информира Министерството за здравство. Како што посочуваат од ресорот здравство, детето што почина било родено со конгенитални малформации, со дијагноза бактериска сепса. Тоа било хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од „конгенитални интестинални...

Вистиномер: Не постои „спасено шверцувано бебе“, ниту, пак, таква операција на спасување

Монтирана фотографија од наводно „спасено шверцувано бебе“ во тело на обработено мртво животно, наменето за продажба во месарниците, се користи за ширење дезинформации дека станува збор за спречена трговија на деца и тоа од симпатизерите на наводната армија на Q-аноните, т.е. на теориите на заговор и симпатизери на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, пишува Вистиномер.мк во својата нова...

Иницијативата на жените од Шуто Оризари побара решавање на случајот со починатата родилка на ГАК

Од Иницијативата на жените од Шуто Оризари повторно алармираат за немањето на матичен гинеколог во Шуто Оризари, како и за квалитетот на репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари. Нивната реакција доаѓа по последниот случај со починатата родилка и нејзиното бебе на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. „Ги повикуваме Државниот здравствен и санитарен инспекторат и надлежните институции...

На Детска клиника починало бебе од компликации од морбили

На Детската клиника вчера, по повеќе од две недели лекување на Интензивна нега, починало десет и пол месечно бебе, кои имало тешки компликации од морбили, соопштија од Институтот за јавно здравје. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано....

13-месечно бебе трета жртва од морбили

Синоќа 13-месечно бебе на Клиниката за детски болести починало од компликации предизвикани од морбили, соопшти Министерството за здравство. Детето, кое е од тетовскиот регион претходно не било вакцинирано. Вчера Министерството за здравство информираше дека починало едно дете од Свети Николе, а претходно битката со морбилите ја изгуби и шестмесечно бебе. Според информации од Детската клиника уште неколку деца се во критична ситуација. Од...

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина како резултат од компликации

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека бебето не било вакцинирано и починало како резултат на компликација на белите дробови. - Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите, за жал, не можеле да се справат со компликациите. Искрено...

Министерство за здравство: Нови шест случаи со морбили, вакцинирани вкупно 5.107 деца

Министерство за здравство информираше дека вчерашниот ден се регистрирани шест нови случаи на морбили. „На Kлиниката за инфективни болести е хоспитализирано едномесечно бебе со Даунов синдром од Куманово, кое е со потешка клиничка слика и претходно било лекувано на Клиниката за детски болести. Инаку, на Kлиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 20 пациенти со ова заболување. Амбулантски се...

Бебе почина откако се оттргнало од рацете на баба му и паднало

Женско бебе на на 14-месечна возраст вчера починало во приватна болница во Скопје, каде било пренесено откако паднало од височина од 2,5 метри. Бебето се оттргнало од рацете на бабата кога биле на меѓуспрат во влез и преку прозорец паднало надвор. Задобило скршеници на черепот и крварење во мозокот и покрај интервенцијата во болницата, починало вчера во 19.10 часот. Се работи...

Министерство за здравство демантира дека исчезнало бебе на Клиника за гинекологија

Министерството за здравство категорично ги отфла информациите пласирани во јавноста дека исчезнало бебе на Клиниката за гинекологија, информираат од таму. „Министерството ја информира јавноста дека бебето и мајката се на Клиниката за гинекологија и нивната здравствена состојба е добра. Истовремено, сакаме да информираме дека е поднесена пријава до МВР за насилно однесување против семејството на родилката“, се вели во соопштението...

ОЈО ја расветлува сообраќајката кај Кичево во која животот го загуби тримесечно бебе

Основното јавно обвинителство Кичево ја расветлува сообраќајната несреќа на магистралниот пат Кичево - Македонски Брод, во којa, животот го загуби тримесечно бебе, информираат од таму. „Според првичните информации, несреќата се случила кога возачот на патничко моторно возило марка „голф“ со охридски регистарски таблички што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за претекување на товарно возило – влекач...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...