fbpx
Таг: БДП

таг: БДП

Русија не е најсилна економија во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин даде изјава во која манипулативно тврди дека Русија е најсилната економија во светот. Она што ја прави изјавата на Путин манипулативна е недостатокот на целокупниот контекст, бидејќи јачината на една економија не се мери само преку бруто домашниот производ (БДП) според ППП (Паритет на куповна моќ). Тој параметар е само еден показател, односно еден начин...

АНАЛИЗА: Највисоки плати има во Скопскиот регион, најниски во Североисточниот

Големи разлики во стандардот, во платите, БДП по глава на жител. Новата новогодишна публикација „Регионите во РМ 2023“ на Заводот за статистика, ги обелоденува економските показатели за животот на граѓаните во осумте региони во земјава преку повеќе параметри, пишува Порталб.мк. Во четири региони, БДП по глава на жител е над државниот просек, но во четири други региони стандардот на...

Германската економија летово во рецесија, минусот ќе се надмине следната година

Германија и летово не успеа да фати економски залет и потона во рецесија, соопшти во понеделникот сојузниот завод за статистика, пренесува германската новинска агенција ДПА. Според податоците без сезонските и инфлаторните влијанија, бруто домашниот производ (БДП) од почетокот на јули до крајот на септември бил за 0,1 отсто помал отколку во третиот квартал од 2022 година. Економистите и владата сега очекуваат...

ММФ: Инфлацијата годинава 9,2 отсто, догодина ќе се намали на 3,5 отсто

Инфлацијата во Македонија започна да забавува, помогнато од пониските цени на енергијата и храната, но и како резултат на затегнувањето на монетарната политика од Народната банка - ова се заклучоците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) која престојува месецов во земјава. Според нивните очекувања, инфлацијата годинава ќе изнесува 9,2 отсто, а во 2024 година ќе се намали на 3,5...

Кога и дали Русија навистина се врати меѓу десетте најголеми економии во светот?

Дел од медиумите на македонски јазик во првиот дел од јуни јавија дека Русија за првпат по 2014 година се вратила во топ десет економии во светот. Во вестите што се нижеа на порталите ретко имаше извор. Но, по проверка на податоците Вистиномер може да заклучи дека македонската јавност, преку преземена вест од српски медиуми, за оваа новина е...

Ковачевски не рече „Сите што заминаа ќе се каат кога ќе земаме поголеми плати од странство“

Во објавата се тврди дека премиерот на С. Македонија изјавил дека граѓаните што заминале на работа во странство ќе се каат кога ќе дојде моментот во земјата да се земаат поголеми плати, што воопшто не е точно. Изјавата на премиерот беше поврзана со платите, но поради извадениот контекст не може да се разбере дека зборува за желбата во земјата...

Народна банка: Економскиот раст годинава 2,1 отсто, инфлацијата ќе се намали

Народната банка на РСМ (НБРСМ) проценува дека економскиот раст на Македонија годинава ќе изнесува 2,1 отсто, додека инфлацијата би се движела меѓу 8 и 9 отсто, до крајот на годинава. Проекциите за бруто-домашниот производ во наредните две години се непроменети, така што се очекува растот да изнесува 3,6 отсто во 2024 и 4 отсто во 2025 година. „Енергетската компонента во...

Руската агресија го намали украинскиот бруто домашен производ за 30,4 отсто во 2022 година

Воената агресија на Русија врз Украина минатата година доведе до намалување од дури 30,4 отсто на бруто домашниот производ (БДП) на Украина, пренесува весникот Гардијан. Станува збор за најголем пад на БДП-то на оваа земја во изминатиов тридецениски период на самостојност на Украина, изјави украинската министерка за економија Јулија Свидиренко. Министерката додава дека руската воена агресија предизвикала најголеми загуби за...

Русија влезе во рецесија

Руската економија влезе во рецесија, откако во третото тромесечие на годинава, бруто домашниот производ (БДП) падна за четири отсто, покажуваат податоците на Росстат националната агенција за статистика на Русија. Овој пад е всушност целосна реприза на падот од претходното тромесечје, што исто така изнесуваше четири отсто, среде санкциите против Русија од Западот поради руската инвазија на Украина, пренесува АФП. Новиот регистриран...

Порталб анализа: доаѓа кризен период – новите заеми мора домаќински да се трошат

Новите задолжувања неминовно ќе го зголемат јавниот долг но клучното прашање е за што ќе се трошат парите – за тековни буџетски функции или за капитални инвестиции, пишува Порталб.  Во најава е нов заем од ММФ во износ од околу 900 милиони евра - економистите предупредуваат дека Владата мора стратешки да ги троши парите. Јавниот долг ќе расте ... Следува период на длабока...

ДЗС: Бруто-домашниот производ лани пораснал за 4 отсто

Бруто-домашниот производ (БДП) во четвртиот квартал од минатата година пораснал за 2,3 отсто, со што земјава ја завршила 2021 година со зголемување на БДП-то за 4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемувањето на БДП-то минатата година е резултат првенствено на неговиот пораст во вториот квартал, кога статистичарите регистрираа негов раст за 13,4 отсто во однос на второто...

Анализа: Економијата во 2021 година – од економско заздравување до енергетска криза

Економијата излезе од зона на рецесија. Раст на увозот и извозот. Дел од инфраструктурните проекти останаа „заглавени“, но по две децении ветувања започна изградбата на автопатската делница Скопје-Блаце – стратешка за поврзување со Косово, нашиот значаен трговски пазар. Јавниот долг ги достигна највисоките вредности. Граѓаните се бореа со ценовен бран, Владата прогласи енергетска криза. „Порталб“ ги издвојува настаните и состојбите...

Виенски институт за меѓународни економски студии: Потребна е нова стратегија на ЕУ за Западен Балкан

На Европската унија и е потребна нова стратегија за Западен Балкан, оценуваат од Виенскиот институт за меѓународни економски студии и Фондацијата „Бертелсман“, пред почетокот на Самитот на лидерите на Западен Балкан во Словенија, во среда. „Ветениот економски пакет за Западен Балкан од Европската Унија, во износ од девет милијарди евра, што треба да генерира приватни инвестиции од околу 30 милијарди...

БДП се зголемил за 13,1 проценти во второто тримесечје

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто. Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје пораст е забележан во секторите...

Порталб.мк: (Не)достижно сценарио – за годишен раст од 4,1 отсто, секој квартал економијата ќе треба расте 6,1 отсто

И со ребалансираниот буџет, Владата за годинава проектираше оптимистичко сценарио за раст на економијата повисок од 4 проценти. Додека податоците за првиот квартал од годинава покажуваат дека економијата сè уште е во минус а бруто-инвестициите се во „слободен“ пад, Владата е уверена дека БДП ќе се зголемува, инвестициите ќе се рестартираат, невработеноста ќе се намалува, пишува „Порталб.мк“. Што велат економистите? Власта...

Буџетот за одбрана е за една третина повисок во однос на 2014 година [инфографик]

Македонскиот буџет за одбрана во 2020 година бил за 30 отсто повисок од оној во 2014 година, покажуваат споредбените податоци на НАТО. Скокот, всушност, се случил во 2019 година, кога буџетот за одбрана бил 130 милиони долари, за 29 милиони повеќе од претходната година. Во тој период, одбраната имала најнизок буџет во 2017 година, кога изнесувал околу 94 милиони долари...

ТИР-зоните остануваат носители на извозот со речиси 48 проценти удел

Трендот на зголемени економски активности во Технолошко-индустриските зони продолжува и во вториот месец од годинава, покажува најновата анализа на Дирекцијата за ТИРЗ. „Компаниите активни во зоните учествуваат со 48 проценти од вкупниот извоз во националната економија, што е за три процентни поени повеќе од декември, со тенденција за понатамошен пораст. Истовремено вкупниот извоз од зоните во февруари 2021 е за...

БДП во четвртото тримесечје од 2020 година опаднал за -0,7 отсто, објави ДЗС

Бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2020 година опаднал за -0,7 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). „Во четвртото тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите дејности во врска со недвижен имот од 2 проценти и финансиски дејности и дејности на осигурување од еден процент. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат...

Пад на БДП од 3,3 отсто во третото тримесечје од годинава

Бруто домашниот производ, БДП, во третото тримесечје од годинава отиде во минус од 3,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика, ДЗС. „Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2020 година, номинално опадна за 1,4 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66 отсто“, соопштија од...

Народна банка проектира пад на економијата од 4,9 проценти, наместо предвидениот од 3,5 во април

Народната банка на Северна Македонија за 2020 година проектира пад на економијата од 4,9 проценти, наспроти предвидениот пад од 3,5 проценти во април, покажуваат најновите редовни макроекономски проекции. Народна банка изврши надолна ревизија на проекциите за развој на економијата поради послабите остварувања во првата половина на годината и оценките за побавно закрепнување во втората половина, поради вториот бран на пандемијата. „Најголем...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...