fbpx
Таг: БашарАлАсад

таг: БашарАлАсад

Сирија: Асад го прифаќа примирјето, а опозицијата е внимателна

Сириското министерството за надворешни работи денеска соопшти дека претседателот Башар ал Асад го прифаќа примирјето што го договориле САД и Русија, но режимот ќе го смета за кршење на примирјето ако некои од вооружените сили го искористат прекинот на огнот за зацврстување на своите позиции. Умерените опозициски групи на состанокот во Ријад се внимателни во врска со примирјето. Високиот преговарачки комитет соопшти дека...

Обама: Само со политичко решение за Сирија може да се елиминира ИД

Исламска држава не може да биде елиминирана сè додека не се најде политичко решение за Сирија, изјави американскиот претседател, Барак Обама, на Самитот за азиско-пацифичка економска соработка во Манила. Американскиот претседател истакна дека граѓанската војна во Сирија нема да заврши сè додека на власт е претседателот Башар ал Асад. – Не можам да ја предвидам ситуацијата во која може да ја...

Русија ги повика челниците на Сирија на мировни консултации

Претставници на сириската влада и на поделената опозиција би можеле следната недела да се сретнат во Москва, додека Русија инсистира на постигнување политичко решение, соопшти денеска висок руски претставник. - Следната недела ќе повикаме претставници на опозицијата на консултации во Москва - соопшти за „Интерфакс“, заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Михаил Богданов, додавајќи дека на состанокот веројатно ќе учествуваат и...

Саудиска Арабија: Иран мора да го прифати заминувањето на Асад од власт

Саудска Арабија порача дека Иран мора да прифати оти заминувањето од власт на претседателот Башар ал-Асад е дел од решението за конфликтот во Сирија. Овие забелешки денеска ги соопштил саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, во пресрет на министерскиот состанок во Виена за наоѓање решение за граѓанската војна во Сирија. Џубеир за „Би-Би-Си“ вели дека „нема сомнежи дека Асад мора да си...

Белата куќа ја осуди посетата на Асад на Москва

Белата куќа ја осуди посетата на сирискиот претседател Башар ал Асад на Москва и ја критикуваше љубезноста што Русија му ја укажала на сирискиот лидер. Асад ја посети Москва три недели по почетокот на руските воздушни напади врз милитантите на Исламска држава и другите сили во Сирија. Тоа е прво негово патување во странство од почетокот на кризата во Сирија во 2011 година. -...

Асад во ненадејна посета на Русија

Сирискиот претседател Башар ал Асад се сретна со рускиот претседател Владимир Путин за време на својата ненајавена посета на Москва, јавува „Би-Би-Си“. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков, изјави дека синоќа „господин Асад дошол во работна посета на Москва“ и оти разговарал со Путин. Русија на крајот на минатиот месец почна воздушни напади врз екстремистичката организација Исламска држава и другите милитанти...

Саудиска Арабија: Асад нема иднина во Сирија

Официјален Ријад го нема променето ставот кон Сирија и понатаму смета дека сирискиот претседател Башар ал Асад нема иднина во Сирија, изјави шефот на саудиската дипломатија, Адел ал Џубери, на заедничката прес-конференција со францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус. Францускиот министер ја повика Русија да го искористи своето влијание и да го спречи Асад во користењето барел-бомби во судирите во...

Ал каеда нуди три милиони евра за главата на Асад

Сирискиот разгранок на терористичката организација Ал каеда нуди три милиони евра за главата на претседателот на Сирија, Башар ал Асад, како и два милиони за главата на лидерот на либанското движење Хезболах. Во објавената аудиоснимка за распишаната награда, лидерот на разгранокот, Абу Мохамед ал Голани, вели дека е време  Асад да се избрише од историјата.

НАТО: Русија ја продолжува војната во Сирија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска оцeни дека со поддршката што Русија му ја дава на сирискиот претседател Башар ал-Асад ја продолжува војната во Сирија и ја повика Москва да се придружи во борбата против терористичката организација Исламска држава. Столтенберг изјави дека нарушувањата на воздушниот простор на Турција и на НАТО се неприфатливи и дека Алијансата е загрижена заради воените...

Могерини: Сите релевантни фактори во Сирија да седнат на иста маса

За да се стави крај на војната во Сирија, треба сите политички фактори, вклучувајќи ги и претставниците на Асад, да седнат на иста маса, вели високата преставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. - Сите релевантни играчи треба да седнат и да разговараат – изјави Могерини пред утрешниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија...

Асад: Ако Русија не успее, регионот ќе биде уништен

Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека постои можност за уништување на Блискиот Исток во случај на неуспех на Русија во борбата против терористичките групи во Сирија. Во интервју за иранската телевизија „Хабар“, Асад рекол дека коалцијата на Русија со сирискиот режим, Иран и со Ирак против тероризмот треба да успее, затоа што во спротивно целиот регион ќе биде уништен, а...

Кери: Во Сирија ќе нема мир додека Асад е на власт

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД и Русија се договориле околу „некои основни принципи“ за Сирија. Кери истакна дека треба да се спротистават на милитантите на Исламска држава и оти на Сирија ѝ е неопходна политичка транзиција. - Москва мора да сфати дека нема мир во Сирија додека на власт е режимот на Башар ал Асад – рече Кери,...

Обама: Соработка со Русија е можна, но Асад мора да замине

Американскиот претседател Барак Обама, за време на својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, изјавил дека САД се подготвени да работат заедно со Русија и со Иран за надминување на кризата во Сирија. Тој повторил дека какво било решение не може да значи враќање во предвоеното статус кво, односно на власт да биде Башар ал-Асад. Обама во својот говор се...

Меркел: Асад треба да учествува во мировните преговори

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека сирискиот претседател Башар ал Асад треба да учествува во кој било вид мировни преговори околу завршувањето на конфликтот во таа земја. - Мораме да разговараме со многумина, а тоа го вклучува и Асад – рече Меркел на конференцијата за новинари во Брисел, по самитот на лидерите на ЕУ посветен на бегалската криза. Меркел истакна дека...

Кери ја критикуваше руската поддршка за Асад

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека руската воената поддршка на силите на Башар ал Асад може да го зголеми ризикот за судири со коалицијата за борба против Исламска држава. Кери, за италијанскиот весник „Стампа“, рече дека му порачал на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, оти САД се загрижени поради воената поддршка на Москва на Асад во сириската граѓанска војна,...

Сирискиот претседател останува убеден во поддршката на Москва и Техеран

Сирискиот претседател, Башар ал-Асад е убеден дека континуираната поддршка што ја добива од Иран и Русија ќе продолжи и во иднина. Новиот бран преговори, кои се во тек, за разрешување на конфликтот во Сирија, како што јавува „Би-Би-Си“, ги подгрева шпекулациите дека Асад би можел да биде притиснат околу постигнувањето на конечен договор. Од друга страна сирискиот претседател, во контекст на...

Асад ја обвини Турција дека намерно ги пропушта терористите во Сирија

Сирискиот претседател Башар ал-Асад ја обвини Турција дека „намерно ги игнорира терористите на Исламска држава“, додека тие се обидуваат да ја минат границата меѓу двете држави и да влезат во Сирија. Асад, во интервјуто за „Си-Би-Ес“, го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека не само што не го спречува преминувањето на терористите од Турција во Сирија, туку оти ѝ...

Давутоглу го спореди Асад со Хитлер и со Милошевиќ

Шефот на турската дипломатија, Ахмет Давутоглу, ја отфрли можноста за средба со сирискиот претседател Башар ал Асад, истакнувајќи дека тоа би било исто како да се ракува со Адолф Хитлер, Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ или со Садам Хусеин. Реакцијата на Давутоглу следува по изјавата на државниот секретар на САД, Џон Кери, дека Вашингтон ќе мора да преговара со Асад за да...

„Шпигел“: Асад гради таен нуклеарен комплекс

Германскиот неделник „Шпигел“ тврди дека сириските власти во тајност градат подземен комплекс во кој би можеле да произведуваат атомско оружје. Весникот, повикувајќи се на „ексклузивни документи, сателитски снимки и на прислушувани разговори од страна на тајните служби“, пишува дека објектот, чие тајно име е „Замзан“, се наоѓа во планински реон во западниот дел на Сирија, кој е тешко достапен. „Шпигел“ наведува...

Асад: Воздушните напади на САД не се ефикасни

Сирискиот претседател Башар ал-Асад смета дека воздушните напади на САД врз џихадистите на Исламска држава ниту се сериозни, ниту се ефикасни и оти не постигнале никакви мерливи резултати. Асад, исто така, ја обвини Турција дека продолжува директно да ги помага екстремистите. Тој, во интервјуто за магазинот „Пари мач“, истакна дека тероризмот не може да се сопре со воздушни напади. - Од...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...