fbpx
Таг: башар ал асад

таг: башар ал асад

Хуманитарна катастрофа во Доума, поради голем број на бегалци и недостаток на храна

Сирискиот град Доума се соочува со хуманитарна катастрофа, откако стана единствено прибежиште за илјадници луѓе кои бегаат од владините сили кои се во офанзива на Источна Гута, регион кој го контролира опозицијата. Илјадници семејства бараат засолништа по улиците и парковите, имајќи предвид дека засолништата се преполни, а има и недостаток на храна. Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад напредуваат во...

Сириска опозиционерка и нејзината ќерка пронајдени мртви во Истанбул

Сириската опозициска активистика и нејзината ќерка - новинарка се пронајдени мртви во нивниот стан во источниот дел на Истанбул, јавија денеска турските медиуми. Телата на шеесетгодишната Тела Арубе Баракат и нејзината 22-годишна ќерка Хала Баракат биле пронајдени од полицијата, откако нивни роднини пријавиле дека не можат да стапат во контакт со нив. Според турските агенции, соседите во зградата изјавиле...

Сирија ќе добие банкнота со ликот на Башар ал Асад

Првпат во 17-годишното владеење на претседателот Башар ал Асад, Сирија в недела ќе ја добие првата банкнота со неговиот лик. Станува збор за нова банкнота од 2.000 сириски лири (вредност на 3,9 американски долари), соопшти Централната банка на Сирија. Потегот се образложува со оштетувањето на банкнотите што се во употреба. Досега сириските банкноти беа со слики на историски места или настани...

Асад: Трамп ја продолжи политиката на Обама на покорување луѓе

Американскиот ракетен напад на воената база во сириската провинција Хомс беше „безобѕирен“ и „неодговорен“, објави кабинетот на претседателот на Сирија, Башар ал Асад. Во соопштението се вели дека нападот е одраз на континуираната политиката на САД, без оглед на тоа кој претседател ја води администрацијата, која е базирана на бомбардирање и на „покорување луѓе“. Како што е наведено во соопштението, нападот на...

На сирискиот претседател треба да му се суди за воени злосторства, порача Еро

„Ќе дојде ден кога меѓународната правда ќе изнесе пресуда за сирискиот претседател Башар ал Асад, кој го масакрираше својот народ“, изјави шефот на француската дипломатија, Жан Марк Еро. - Овие злосторства не може да поминат неказнето. Во секој случај ќе има истрага, ќе има судење за воени злосторства – рече Еро за француската телевизија „Си-њуз“. Тој истакна дека Франција сè уште...

САД веќе не се фокусираат на заминување на Асад

САД повеќе не инсистираат на заминување на сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли. - Наш приоритет таму не е да бидеме фокусирани на заминување на Асад. Наш приоритет е вистински да проучиме како да дејствуваме и со кого да соработуваме за да направиме нешто за сирискиот народ. Не може по секоја цена да се...

Во Женева продолжуваат мировните преговори за Сирија

Мировните преговори на сириските власти и на опозицијата под покровителство на Обединетите нации, денеска ќе продолжат во Женева во обид да се стави крај на повеќегодишната војна во Сирија, во која настрадале повеќе од 310.000 лица. Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, изјави дека Русија од сириските власти побарала прекин на воздушните напади додека траат мировните преговори...

Турција го смени ставот за Асад, сега смета дека е дел од решението за Сирија

Анкара го смени својот став во врска со Башар ал Асад и сега смета дека е потребно сирискиот претседател да остане на власт за да има мир, пишува „Спутник“. Турција веќе не инсистира на резолуција за Сирија без претседателот Башар ал Асад, изјави турскиот заменик-премиер Мехмет Шимшек. - Турција веќе не може да инсистира на решение без Асад, тоа не е реално....

Сириската влада е подготвена да преговора за сè, вели Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад соопшти дека неговата влада е подготвена да преговара за сè во врска со предложените мировни разговори во Казахстан. Тој рече дека сè уште не е јасно кој на тие преговори ќе ја претставува опозицијата и оти сè уште не е закажан датум. Асад, исто така, рече дека улогата на сириската армија била да ја поврати областа...

Сириската војска ја презеде контролата врз Алепо

Сириската војска денеска соопшти дека ја презела целосната контрола над градот Алепо, по евакуацијата и на последната група цивили и бунтовници од градот, јавува „Би-би-си“. Претставник на Обединетите нации (ОН) претходно соопштил дека за една недела, односно од минатиот четврток до денеска повеќе од 34.000 лица биле евакуирани од градот. Евакуираните цивили и припадници на бунтовничките сили се однесени на територија...

Франција презема иницијатива во борбата против Асад

Франција ги обвини Сирија и нејзините сојузници дека ја искористиле политичката неизвесност во САД за да поведат сеопшта војна на териториите што се под контрола на бунтовниците и најави итен состанок со земјите кои се противат на претседателот Башар ал Асад. - Франција презема иницијатива да се спротивстави на стратегиите за сеопшта војна, која ја водат сириската влада и нејзините сојузници,...

Со Трамп за претседател, САД и Сирија може да бидат природни сојузници, смета Асад

Сирискиот претседател Баша ал Асад синоќа изјави дека Дамаск мора „да причека и да види“ дали новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, ќе ја смени политиката на Вашингтон кон Сирија, но оти е подготвен да соработува со него во борбата против исламистите. Во своите први коментари по победата на Трамп, Асад рече дека републиканскиот лидер дал ветувачки изјави за потребата за...

Меј и Меркел: ЕУ е подготвена за санкции кон Русија и кон Асад поради Алепо

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека Европската Унија мора да ги разгледа сите опции за да изврши притисок врз Русија и врз сирискиот претседател Башар ал Асад да ги запрат нападите на сирискиот град Алепо. - Бевме многу јасни во поглед на улогата на Русија. ЕУ треба јасно да си каже што мисли. Доколку продолжат злоделата, ЕУ треба ги разгледа...

Асад: САД се виновни за прекинот на примирјето во Сирија

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека САД „немаат волја“ да ѝ се приклучат на Русија во борбата против милитантите во Сирија. Тој го обвини Вашингтон за прекин на примирјето и додаде дека за нападот на хуманитарниот конвој не се виновни ниту Русија, ниту Сирија.

Јилдирим: Турција ќе преземе поактивна улога во решавањето на судирите во Сирија

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека Турција ќе преземе поактивна улога во решавањето на судирите во Сирија, за да се спречи оваа земја во која се води војна да биде поделена етнички, јавуваат странските медиуми. - Крвопролевањето мора да престане. Не треба да гинат бебиња, деца или невини луѓе. Затоа, во наредните шест месеци Турција ќе биде поактивна во обидите...

Кери: Русија да се воздржува од офанзивни операции во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека официјален Вашингтон сè уште смета оти Москва треба да се воздржува од офанзивни операции во Сирија и да ја убеди сириската Влада да го стори истото. - Русија треба да го зајакне притисокот врз режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за да го увери во неопходноста од зачувување на примирјето и од...

Асад: Кој ќе го положи оружјето ќе биде амнестиран

Сирискиот претседател Башар ал Асад им понуди амнестија на бунтовниците кои во наредните три месеци ќе го положат оружјето и ќе се предадат на властите. Асад потпиша декрет и повика сите притвореници да бидат ослободени. Оваа понуда следува откако рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, објави дека владата на неговата земја и Сирија денеска ќе почнат голема хуманитарна акција во Алепо...

Асад: Западот нè критикува, но тајно преговaрa со нас

Сирискиот претседател Башар ал-Асад, во интервју за австралиската телевизија „Ес-би-ес“, изјави дека западните земји го критикуваат Дамаск, но истовремено испраќаат претставници на тајни преговори. - Западните земји политички ја напаѓаат Сирија, но испраќаат свои претставници, особено во областа на безбедноста, кои со нас водат задкулисни преговори, а притоа не сакаат да ги загрижуваат САД - вели Асад, додавајќи дека повеќето западни службеници...

Кери: Русија и Асад да го почитуваат примирјето во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека е неопходно да се направи сè за да се воспостави вистински прекин на непријателството во Сирија, да се овозможи достава на хуманитарна помош и да се обноват мировните преговори. Кери ги повика Русија и сирискиот претседател Башар ал Асад да го почитуваат примирјето, предупредувајќи дека трпението на Вашингтон е при крај. - За продолжувањето на...

Асад: Сириската војска е пред конечна победа во Алепо

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека не може да прифати ништо друго освен целосна победа нас бунтовниците во Алепо и во другите делови во земјата, јавија државните медиуми. Во телеграмата испратена до рускиот претседател Владимир Путин, во која Асад ѝ заблагодарува на Москва за воената поддршка, сирискиот претседател истакнува дека неговата војска ја „постигнува конечната победа“ и го „уништува агресорот“ со...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...