fbpx
Таг: Барселона

таг: Барселона

Ракометарите на Вардар ја победија Барселона и ќе играат финале во Лигата на шампиони

Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа тимот на Барселона со резултат 26:25 (полувреме 13:12) и ќе играат за шампионската титула на завршниот финален турнир од Лигата на шампионите, што се одржува во Келн. Победата на Вардар му ја донесе Лука Циндриќ со гол во последните секунди во драматичната завршница од натпреварот. Најефикасни во победничкиот тим беа Алекс Душебаев и Иван Чупиќ со...

Во Барселона протест за поддршка на бегалците

Најмалку 160.000 луѓе учествуваа на протест во Барселона со барање Владата на Шпанија да одобри прифаќање на повеќе бегалци од земји каде што има војна. На големиот собир, демонстрантите со транспаренти „Доста изговори, примете ги сега“, и „Не на смртта, отворете ги границите“ протестираа во центарот на Барселона. Владата во Шпанија во септември 2015 година се обврза во рок од две...

Двајца мажи и една жена уапсени во Шпанија поради поврзаност со ИД

Шпанската полиција денеска, во организирана акција, уапсила три лица осомничени за поврзаност со Исламска држава (ИД), јавуваат светските медиуми. Според информациите, повеќе десетици полициски специјалци извршиле рација во стан во Барселона и уапсиле двајца мажи од мароканско потекло, а една жена била уапсена во градот Гранолерс. Тие се товарат дека преку социјалните мрежи ширеле џихадистичка пропаганда и дека поттикнувале лица да...

Барселона го освои трофејот во „Копа дел Реј“

Фудбалерите на Барселона го освоија трофејот во „Копа дел Реј“, совладувајќи го Атлетик Билбао со 3:1 во финалето одиграно синоќа на нивниот „Камп ноу“. Со овој триумф „Каталонците“ стигна до двојна титула, бидејќи претходно го освоија трофејот во Примера дивисион. Головите за Барселона ги постигнаа Лионел Меси – во 20. и во 74. минута и Нејмар во 36. минута. За Атлетик Билбао...

Луис Суарез подготвен за финалето „Копа дел Реј“

Луис Суарез закрепна од повредата на тетивата и подготвен го дочекува вечерашното финале од „Копа дел Реј“ против Атлетик Билбао. Ова го потврди трнерот на Барселона, Луис Енрике. - Суарез е добро. Тренира веќе цела недела и е подготвен како и секој друг играч од тимот - изјави Енрике на прес-конференцијата во пресрет на дуелот со Атлетик. Уругвајскиот репрезентативец повредата ја заработи...

Барселона се пласираше во финалето на Лига на шампиони

Барселона се пласираше во финалето на Лигата на шампиони, иако Баерн Минхен извојува победа од 3:2 на „Алијанц арена“. Триумфот од 3:0 на „Ноу камп“, во корист на Барселона, го однесе шпанскиот тим во финале. Предводникот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, изјави дека Барселона го заслужи пласманот во финалето.

Барселона постигна три гола над Баерн Минхен

Фудбалскиот клуб Барселона го победи Баерн Минхен со 3:0 во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите што синоќа се одигра на „Ноу Камп“. Двата гола за Барселона ги постигна Лионел Меси, а голот на Нејмар го заокружи финалниот резултат. Реваншот ќе се одигра на „Алијанц арената“ на 12 мај, каде Баерн Минхен ќе обиде да ја стигне негативата од...

Атлетик Билбао и Барселона во финалето на Кралскиот куп

Атлетик Билбао во финалето на Кралскиот куп ќе се сретне со Барселона на 30 мај, а местото на одигрувањето ќе биде дополнително одредено. Алтетик Билбао го совладаа Еспањол со 2:0 во полуфиналето на Кралскиот куп. Погодоците ги постигнаа Адурис во 13. минута и Ечерија во 42. минута. Барселона ја победи екипата на Виљареал со 3:1. Нејмар постигна два гола, Суарез еден,...

Боатенг одбил понуда од Барселона

Фудбалерот на Баерн од Минхен, Жером Боатенг, откри дека на почетокот на сезонава ја одбил понудата на Барселона. Каталонскиот клуб минатото лето сакаше да ја зајакне одбраната, а една од желбите на Барселона беше токму Боатенг. Сепак, тој одлучил да остане во Баерн. - Не знам детали, не знам колку Барселона понудила за мене, но вистина е дека сакаа да ме...

ФИФА ја ублажи казната за Барселона

И покрај казната што му е изречена на клубот, Светската фудбалска федерација (ФИФА) на Барселона ќе ѝ дозволи да реализира трансфери. ФИФА, во август 2014 година, ја казни Барселона поради нелегални трансфери на малолетни фудбалери со забрана за трансфери до јануара 2016 година и парично со 450.000 швајцарски франци. Барселона ја обжали одлуката на ФИФА во Судот за арбитража во спортот, но жалбата беше одбиена,...

Кире Лазаров останува во Барселона до 2017 година

Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров, останува да ги брани боите на Барселона, откако денеска потпишал нов двогодишен договор со каталонскиот клуб. Добрите игри и клучната улога во тимот, на Лазаров му донесоа понуда за продолжување на договорот со најуспешниот клуб во Шпанија и еден од најдобрите во Европа, каде настапува од 2013 година. Кире Лазаров во Шпанија игра...

Енрике: Не планираме иднина без Меси

Тренерот на Барселона, Луис Енрике, изјави дека Каталонците во ниту еден момент не планирале иднина без напаѓачот Лионел Меси. Меси, по изјавата дека не му паѓа напамет да замине од Барселона, на доделувањето на „Златна топка“, изјави дека не знае каде следната година ќе игра. Енрике нагласи дека верува оти Меси ќе игра за Барселона и во следните години. - Тоа го...

Челси сака да го купи Меси

Челси е спремен да плати 250 милиони евра за да ја покрие откупната клаузула од договорот на Лионел Меси, пишува „Дејли стар“. Иако мала е веројатноста да се случи трансферот, сепак таблоидот наведува дека „сините“ би можеле да го искористат незадоволството на Аргентинецот и очигледниот судир со тренерот Луис Енрике. Весникот наведува дека „сините“ се спремни да му понудат шестгодишен...

Пујол ја напушти Барселона

Карлес Пујол поднесе оставка на функцијата помошник-оперативец во фудбалскиот клуб Барселона, со што му се придружи на Андони Зубизарета, кој ја напушти функцијата спортски директор на клубот. - Сакам да соопштам дека решив да ставам крај на мојата поврзаност со Барселона. Во овие три и пол месеци видов како работи клубот од една друга страна. Научив доста и затоа сум...

Енрике: Не се каам за Меси

Тренерот на Барселона, Луси Енрике, по поразот од Реал сосиедад изјави дека не жали што го оставил Лионел Меси на клупа. Барселона на „Сан Себастијан“ беше поразена со 1:0, со автоголот на Џоџи Алба во втората минута, со што ја пропушти шансата да го престигне Реал Мадрид, кој изгуби од Валенсија (2:1). Меси го почна натпреварот на клупа, а влезе на почетокот од второто...

Барселона нема да може да купува фудбалери

Каталонскиот клуб дефинитивно нема да може да купува фудбалери во 2015 година откако судот за спортска арбитража ја одби жалбата на Барселона на казната на ФИФА, а останува и паричната казна од 450.000 швајцарски франци. „Судот за спортска арбитража ја одби жалбата на ФК Барселона вложена на 19 август 2014 година, која се однесува на Дисциплинската комисија на ФИФА. Поради оваа...

Мартин Монтоја ја напушта Барселона за Ливерпул?

Дефанзивецот на Барселонаа, Мартин Монтоја, најверојатно во зимскиот трансфер-период ќе премине во тим од Премиер-лигата на Англија. Дваесет и тригодишниот каталонски фудбалер не може да најде место во првиот тим на „сино-црвените“ и поради тоа, најверојатно ќе премине во Ливерпул. - Тој во јануари ќе си замине, но тоа треба да биде договорено со Барселона. Голем број клубови од Англија се...

Барселона и Манчестер сити во осминафиналето во ЛШ

ПСЖ ќе се сретне со Челси, а Барселона ќе игра со Манчестер сити во осминафиналето од Лигата на шампионите. Ова се најинтересните дуели извлечени денес на жребката во Нион за нокаут-фазата што ќе почне во февруари наредната година. Во останатите натпревари, Шалке ќе ги одмери силите со бранителот на трофеојт Реал Мадрид, Шахтјор со Баерн Минхен, Базел ќе се...

Меси се сели во ПСЖ?!

Лионел Меси во јуни 2015 година заминува од Барселона и најверојатно ќе се пресели во редовите на Париз Сен Жермен, откри во ексклузивно интервју славниот фудбалер и капитен на Барселона, Хулио Алберто. Алберто вели дека Меси останал во Барселона само затоа што тоа му го ветил на Тито Вилано додека тој бил на смртна постела.

Барселона вечерва без Андрес Иниеста

На вечерашниот меч против Валенсија, вицешампионот на Шпанија, Барселона, нема да може да смета на помошта од Андрес Иниеста. Стратегот Луис Енрике решил да не ризикува иако вчера од Шпанија соопштија дека главниот креатор на играта на „каталонците“ ќе игра барем 45 минути. Натпреварот меѓу Валенсија и Барселона се игра вечерва, од 21 часот.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...