fbpx
Таг: Барселона

таг: Барселона

Калво: Граѓаните на Барселона секоја вечер имаат најнови податоци за цените, загадувањето и за мобилноста на граѓаните

Мариа Хесус Калво веќе осма година работи на полето на отворените податоци, за граѓаните на Барселона, Шпанија, да можат да црпат најразлични информации, почнувајќи од ситуацијата со ковид кризата, економијата, вработувањата, загадувањето на воздухот, транспортот, итн. Таа е една од четириесетината луѓе кои работат во доменот на отворени податоци во Градскиот совет на Барселона, а во интервју за „Вистиномер“...

„Отворените податоци бараат отворени умови“, завршна дискусија на Конференцијата за отворени податоци

„Со развивање на сајтови за отворени податоци ги поттикнуваме граѓаните да бидат повклучени и поактивни, а само со активни граѓани можеме да градиме подобро општество. Бидејќи не се работи за тоа дали институцијата прави нешто за институцијата туку се работи за граѓаните, како да го направиме градот подобар, дали градот ќе е доволно зелен или многу топол, што се...

„Визер”: Летови до Барселона, Ваксјо и Лондон само во летната сезона

Авиокомпанијата „Визер“ попладнево соопшти дека авиолиниите од Скопје до Ваксјо и Барселона и од Охрид до Лондон се оптимизирани според барањата на пазарот и ќе бидат функционални само во летната сезона. „Наскоро, авиокомпанијата ќе го објави летниот распоред за 2019 година и патниците ќе можат веќе да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите карти на Wizz рутите...

Пучдемон и министрите се предале на белгиската полиција

Според медиумите во Белгија, сменетиот претседател на каталонската влада, Карлес Пучдемон, ѝ се предал на полицијата. Освен Пучдемон, уапсени се и четворицата министри со кои тој пребега во Белгија, откако шпанските власти наредија апсење на неговиот кабинет. Обвинителството во Брисел за денеска најави дополнителни информации за ектрадицијата на Пучдемон и на министрите во Шпанија. По поранешниот каталонски лидер, властите во Мадрид...

Шпанскиот премиер ја распушти каталонската влада

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, вечерва соопшти дека ја распушта владата на регионот Каталонија, откако регионалниот парламент прогласи „Каталонска Република“, односно независност од Шпанија, јавија светските медиуми. Парламентот на Каталонија исто така е распуштен, според гласањето на Сенатот на Шпанија, кој изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја укина автономијата и им ги...

Светот глув на прогласувањето независност на Каталонија

Србија, САД, Германија и Франција денеска соопштија дека ја поддржуваат владата на Шпанија и не го поддржуваат прогласувањето независност на Каталонија. Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека за Србија објавувањето на независноста на Каталонија нема правен легитимитет. - Србија го поддржува шпанскиот територијален интегритет и оваа акција не е во согласност со шпанскиот устав - рече тој. Министерот за...

Сенатот на Шпанија ја укина автономијата на Каталонија

Кратко откако попладнево парламентот на Каталонија прогласи независност, Сенатот на Шпанија изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја укина автономијата и им ги одзеде овластувањата на сепаратистичките водачи на Каталонија. С0 214 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот за Шпанија се повика на членот 155 од Уставот на Шпанија и му даде вонредни...

Масовен протест во Барселона против отцепувањето на Каталонија од Шпанија

Стотици илјади лица денеска излегоа на улиците на Барселона за да протестираат против плановите на регионалната каталонска влада да се отцепи од Шпанија. Ова е најмасовниот протест против отцепувањето на просперитетниот регион од Шпанија, што ја доведе оваа европска земја на раб на национална криза. Барселонската полиција соопшти дека на протестот учествувале околу 350.000 луѓе, додека организаторите на протестот, „Каталонското цивилно...

Дури 460 луѓе биле повредени од полицијата, тврди каталонската влада

Во акцијата на шпанската полиција во Каталонија да го спречи референдумот за независност на оваа покраина, се користеше и директно физичко насилство и пендреци и гумени куршуми, јавуваат медиумите. Во пресметката што се случуваше кога на гласачките места полицијата интервенираше за да го одземе гласачкиот материјал, а граѓани се спротивставуваа, се повредени најмалку 460 цивили и 11 полицајци. Полицијата дејствуваше по...

МНР: Нема повредени македонски државјани во инцидентите во Каталонија

Македонското министерство за надворешни работи (МНР) до попладнево нема информации за повредени граѓани во судирите во Каталонија, каде се одржува референдум за независност, кој шпанската влада го прогласи за нелегален. Како што соопшти МНР преку својот твитер-профил, досега ниту еден македонски државјанин не побарал помош од македонската амбасада во Шпанија. МНР е во редовен контакт со амбасадата, а сите македонски...

Во акцијата на полицијата во Каталонија најмалку 38 лица се повредени

Досега се регистрирани 38 повредени лица, најголемиот дел од нив со помали повреди, сооштија здравствените органи во Каталонија, додека во оваа шпанска покраина се случува масовна полициска акција со брутално насилство за да се спречи референдумот за осамостојување на Каталонија од Шпанија. Каталонскиот водач Карлес Пуџдемон го осуди, како што рече, „неоправдливото насилство“ од шпанската држава. Гласачкото ливче за референдумот има...

Полицијата пука со гумени куршуми по граѓаните во Барселона

Крвави судири се случуваат во Барселона помеѓу шпанската полиција и поборниците за независност на покраината Каталонија, откако полицијата изврши неколку брутални упади на избирачки мести и почна да се пресметува со граѓаните на улиците, а почна и да пука со гумени куршуми по луѓето. Според извештаите на светските медиуми, веќе има десетици ранети луѓе. Демонстранти низ улиците на Барселона извикуваат...

Гласањето за независност на Каталонија почна со силна полициска интервенција

Референдумот за независност во Каталонија утрово почна хаотично кога полицијата се обиде да ги затвори гласачките кутии, по наредба од шпанската влада. Полицијата ги спречува граѓаните да се доближат до местата за гласање и одзема материјали подготвени за гласање. Во Џирона, полицијата насилно влезе во гласачко место каде требаше да гласа лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон. Шпанската цивилна гарда влета на...

Каталонците чекаат во редици за гласањето за независност

Илјадници граѓани на Каталонија од рано утрово чекаат во редици пред изборните места за да гласаат на референдумот за независност на оваа богата шпанска покраина, во чие срце е Барселона, без разлика што шпанската власт го прогласи референдумот незаконски и презеде низа мерки за да го спречи. Дел од граѓаните утрово блокирале врати на изборни места во случај полицијата да...

Шпанската полиција ден пред гласањето за независност на Каталонија затвора училишта

Националната гарда на Шпанија денеска затвори 1.300 од 2.315 училишта во Каталонија, во кои според плановите треба да се гласа на референдумот за независност на оваа покраина, кој е закажан за утре. Полицијата исто така го држи под контрола и регионалниот центар за телекомуникации на подрачјето на Каталонија. Како што известуваат шпанските медиуми, полицијата има наредба да ги исчисти сите...

Терористите од Барселона подготвувале уште поголем напад

Еден од уапсените и осомничените за терористичкиот напад во Барселона, признал дека бил планиран „многу поголем напад“, јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на судски извори. Четворица уапсени мажи, за кои се сомнева дека се дел од терористичка ќелија се појавиле пред судот во Мадрид под сомнение дека се вмешани во планирањето или изведувањето на двата напада во Каталонија, во кои...

Седумгодишното момче кое се водеше за исчезнато во нападот во Барселона починало

Седумгодишното момче од Австралија, Џулијан Кадмен кое се водеше за исчезнато за време на терористичкиот напад во Барселона, денеска починало во болницата каде што се лекувало, јавуваат светските медиуми. Дедото на Џулијан, Тони Кадмен од Сиднеј на неговиот фејсбук-профил напиша дека неговиот внук Џулијан исчезнал, а неговата мајка е во болница во тешка, но стабилна состојба. Каталонската полиција од друга страна...

Појасите со експлозиви на петтемина терористи од Камбрилс биле лажни

Појасите, што ги носеа петтемина ликвидирани терористи во Камбрилс биле лажни, изјави каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон за локалното радио. Синоќа пет лица со автомобил ауди прегазија луѓе во летувалиштето Камбрилс во обид да го повторат нападот од Барселона од вчера попладне. Полицијата ги ликвидира терористите во Камбрилс, кои повредија петмина граѓани и еден полицаец.

Владата го осуди нападот во Барселона и сочувствува со семејствата на жртвите

Владата на Република Македонија го осуди терористичкиот напад во Барселона и изрази жалење до семејствата на жртвите како и до државите од кои доаѓаат, информираат од влада. Од владата се надеваат дека, граѓаните на Барселона и туриститите веќе се безбедни. „Длабоко и искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од синоќешниот терористички напад во Барселона. Нашата порака до Шпанија и цела Европа...

Вардар е новиот европски ракометен шампион

Екипата на Вардар е новиот европски ракомет шампион, откако со резултат 24:23 го совлада тимот на Пари Сен Жермен во финалето од Лигата на шампионите, што се одржа во Келн, Германија. Во драматична завршница, победничкиот погодок во последната секунда од мечот го постигна Иван Чупиќ и на Вардар му ја донесе првата титула европски шампион. Најефикасен во тимот на Вардар беше...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...