fbpx
Таг: барок

таг: барок

Уставен суд постави пречка Владата да прогласува објекти од посебен интерес

Уставниот суд вчера го укина членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и од барок „ги спаси“, меѓу другите, Градскиот трговски центар, Универзитетската библиотека и Македонската опера и балет. На вчерашната седница мнозинството судии гласале за укинување на членот 50 од Законот за урбанизам и просторно планирање, кој на Владата ѝ даваше можност да прогласи објекти од посебен...

СДСМ: Музеј на Македонија најдобро говори за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите

„Состојбата со Музејот на Македонија, објект од историско и културно значење за граѓаните на Македонија, кој е целосно запуштен и руиниран, со урнати плафони и со мувлосани ѕидови, најдобро говори за тоа во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ ги остави институциите и државата и како се однесуваше кон културното и историското наследство“, велат од СДСМ. Во соопштението на владејачката партија се додава дека додека преку...

СДСМ: Со новиот предлог-ребаланс на буџетот за владата барокот е пред граѓаните

Наместо владата експресно да им излезе во пресрет на граѓаните обезбедувајќи ги потребните 33 милиони евра преку стопирање на крајно непотребната изградба на панорамското тркало и „Рајската градина“, како и пренамена на средствата во висина од 20 милиони евра веќе обезбедени од четвртата еврообврзница издадена кон крајот на 2015 година, таа скроила план за нови криминали тешки 232 милиони...

Министерство за култура: На националните установи нема да им се менува фасадата

Министерството за култура најостро ги демантира информациите дека постојните фасади на националните установи Македонска опера и балет и Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје ќе добијат барокен изглед. Од Министерството за култура овие информации ги оценуваат како паушални и невистинити и велат дека станува збор за национални установи чии објекти се изградени според конкретни идејни решенија во...

„Го сакам ГТЦ“ повика на протест в среда заедно со „Шарена револуција“

„Оваа влада е целосно исклучена од реалноста. Дента кога ЕУ ги блокираше ИПА-фондовите и блокираше големи инфраструктурни проекти, како автопатот кај Демир Капија и пругата кон Бугарија, тие ѝ ги одзедоа надлежностите на Општина Центар за да потрошат нови десетици милиони евра на уништување на културно наследство. Со оваа влада нема разбирање, а „Скопје 2014“ може да се спречи...

ВМРО-ДПМНЕ: Безидејноста и деструкцијата на СДСМ не поминуваат кај народот

„СДСМ единствено што знае и умее е да ја спроведува политиката на деструкција по наредба на аболираниот криминалец Зоран Заев. СДСМ - Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на жичарница на Водно. СДСМ - Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на арената „Филип Втори“, најавувајќи дека таа ќе се урне“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ,...

Манчевски: По смената на власта средствата за барокни фасади ќе бидат пренаменети

Новата лудост на власта на Никола Груевски нема да успее, затоа што граѓаните нема да дозолат Градскиот трговски центар, МОБ и Универзитетската библиотека да ги сменат фасадите во барок, изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. Тој рече дека пред да има можност да се реализира ова безумие, ќе дојде до смена на власта на фер и демократски избори. - Новата...

Владата донесе одлука ГТЦ да добие барокна фасада

Владата донесе одлука Градскиот трговски центар (ГТЦ) да добие барокна фасада, јави телевизија „Телма“. Одлуката за продолжување на изградбата на проектот „Скопје 2014“, во чии што рамки е и измената на ликот на ГТЦ, е објавена во „Службен весник“. Општина Центар лани во април распиша референдум за изгледот на Градски трговски центар, но тој не успеа, бидејќи околу 40 отсто од 43.560 запишани гласачи...

„Скопје 2014“ продолжува со „Рајска градина“

Реплика на Милоска Венера, антички ликови, лавови и грифони ќе ја красат „Рајската градина“ во општина Аеродром. Зад идејното решение е фирмата „Архитектоника“ која заедно со главниот проектант, Жарко Чаушевски, стои зад повеќе „барокни“ зданија во Скопје, објави „Призма“. Декоративни елементи во стилот на неокласицизам, павилјон, летниковец, статуи и скулптури во фонтани се предвидени да го красат најавениот парк во...

Манчевски: Со парите за барокна Народна банка можеше да се рестартира РЕК Осломеј

„Нови повеќе од 35 милиони евра ќе се потрошат за раскошна и луксузна зграда, овојпат за Народна банка, покрај веќе потрошените 630 милиони евра, народни пари на „Скопје 2014“, пари со коишто можеа да се отворат стотици илјади нови работни места. Бараме веднаш да запре изградбата на луксузната зграда за Народна банка“, изјави потпретседатлот на СДСМ, Дамјан Манчевски. Според него, овие пари можат да се...

СДСМ: Со парите за нова зграда за Народна банка, можат да се отворат седум фабрики

„Барокното лудило на власта на Груевски продолжува преку гувернерот Богов со нови повеќе од 35 милиони евра пари на граѓаните! Со повеќе од 35 милиони евра за барокната зграда на НБРМ, можат да се отворат седум фабрики во вредност од 5 милиони евра и да се обезбедат најмалку 7.000 работни места“, се вели во реакцијата на СДСМ по најавите за изградба на нова...

Се подготвува теренот кај УКИМ за изградба на два факултети во барокен стил

Градежните екипи го подготвуваат теренот кај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) за изградба на Факултет за физичка култура и Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерстви (ФИНКИ) кои според планот за градба, предвидени се да бидат во барокен стил. За таа цел, исечени се дрвја, уништено е зеленилото и се поставува лимена ограда. Од „Студентски пленум“ велат дека одлуката за...

„Студентски пленум“: Бесплатниот превоз е злоупотреба за предизборни цели

Бесплатниот студентски превоз, кој пред неколку дена го најави премиерот Никола Груевски, е добредојдена мерка, но според моментот на најавување, сметаме дека е злоупотреба за предизборни цели, велат од „Студентски пленум“. - Мораме да кажеме дека оваа мерка е добредојдена, во место како Македонија каде што има 50 отсто младинска невработеност. Тоа е своевидно олеснување на животот на студентите. Меѓутоа, мораме...

Почнаа подготовките за спроведување на референдумот во Центар

Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар, денеска до Државната и Општинската изборна комисија (Центар) испрати барање за спроведување референдум за Градскиот трговски центар. Во барањето пишува дека ДИК и ОИК  треба да го подготват и спроведат референдумот во согласност со законската регулатива. Од Општината велат дека ќе ги обезбедат сите потребни технички, просторни и други услови за работа. Околу деталите за...

Предновогодишен собир „Го сакам ГТЦ“

Архитектите под мотото „Го сакам ГТЦ“, денеска, во 19 часот, организираат предновогодишен собир околу Градскиот трговски центар, против иницијативата за менување на изгледот на објектот. Предвидено е јавно говорење, настапи на повеќе музички ѕвезди и формирање жив ѕид од луѓе околу ГТЦ. - Ги повикуваме сите граѓани што сакаат Градскиот трговски центар да остане градски, достоинствено да застанат на „барикадата“ која...

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...